Се убија од фалење со 30% попуст на Плеј Комфорт.
Реклама на секој канал, билборд на секој чекор, sponsored ads на ФБ, флаери по улица....
Се решаваш договор да продолжиш и одиш во
Т-Мобиле салон да си избереш уред, и ниеден телефон немаат на залиха од тие што ги сакаш. Демек голем интерес имало...како па да не.
Кога се распродадоа бе жити се? Уште првиот ден во 9 часот наутро отидов да земам Самсунг С6 уред и немаше на залиха....
После залудниот обид да купам Самсунг телефон (пошто секако немаат воопшто ниеден Самсунг телефон од листата на залиха), се обидов да земам некој друг подобар уред. Арно ама, Лумиа 930 нема, Лумиа 640 нема, Ајфон 6 нема, Aлкател Идол 3 нема. Сублимирано, немаат ништо што е подобар и поквалитетен телефон.
И кога ги прашав зошто се рекламираат толку многу кога немаат ништо на лагер, одговорот беше:
"Немаме ништо затоа што има преголем интерес, но вие секако можете да си потпишете договор и да одберете некој од останативе модели кои ги имаме на залиха“ (т.е, ми беа понудени сите модели на Huawei и фушерајскине телефони што ни старите луѓе више нејќат да ги користат).
Кој безобразлук и која мизерија ЕЈ!
Башка тоа што кога ќе ми спомнат Huawei, ми се гади.
Не знам што им станало со таа глупава промоција на Huawei. Разбрав нешто опрема користеле од Huawei моментално....
Не е затоа што ги потценувам или нешто како марка, туку ми се гади поради маркетингот кој им го прават и обидот да ме „поебат“ мене да земам некој тапа производ.
Па чекајте малце бе, не пијам јас нафта. Знам што е квалитетно и знам дека сакате да ме зезнете да потпишам договор, па после да ме условувате...
90% од корисниците не сакаат да слушнат за тие глупи модели на телефони кои ги нудат, а они се обидуваат упорно и упорно да ти ги наметнат и да те направат удрен, и сето тоа со цел да ставиш потпис на договор. Па сакаат уште да те заробат со тоа што ќе потпишеш нов договор и ќе ти тупнат некоја тапанерија од телефон која ем ќе ја плаќаш на рати, ем нема да можеш да ја користиш пошто е тапа, ем нема да можеш да ја продадеш по асална цена.
И што е работава со мрежава? Не сум од приградска зона, не сум во дупка, има репетитор во моја близина и пак од време на време низ разговориве така ужасно сецка линијата додека разговараш, што другата страна не може да те слушне и обратно, па мора да се прејавувам за да се оправи линијата.
Јас мислев дека е до мене и уредот кој го користам, но сменив 3 телефони од тогаш (сите над медиум ранг уреди), живеам во градска населба и исходот е ист. Гледам и други познати пријатели и роднини кои ги имам страдаат од истиот проблем.
Корисник сум со години (од времето на Мобимак) и ваков проблем не сум имал никогаш.
Ако за ништо друго, барем за постпејд и мрежа ги биваше...
Затоа Мобеликс / Ледиком и телефонче во кеш без мака, па за договор и ќе се размислам дали ќе потпишам.
Кај и да отидеш, све лопови!!!