T-Mobile - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Од понудата Магента испадна дека не се истите мобилни што ги рекламираат (сто услови има), за дрес Вардар не ни чуле дека се дава. Им викаме нели ви е срам да давате лажни реклами. Се потрошиле, не знам што, па тргни ја рекламата тогаш, ебате тоа ебате...
 
Ако очекуваш да има мобилни, подароци и услови исто како на рекламата...
Стари финти се ова. Пуштаат реклама подарок оригинален дрес, а уствари они или воопшто не добиле никакви дресови или вработените си ги лапнале. Од излог ги кријат мобилните од 1 денар, а ги оставаат оние кои се со еден куп услови. Изговор се "потрошиле", а ги изложуваат кога ќе заврши понудата.

Не само подарок дрес, има многу промоции во кои со секој купен мобилен ти следуваат капи, шалови и слушалки.
Догодина ако има подарок дрес, ќе и пише некој што оваа година склучил договор, а нема земено и ќе му вратат "Подарок дрес следува, само на корисниците кои ќе склучат нов договор од хх.хх.хххх" :icon_lol:

Шо не лупнат 2гб на таа од 500 претплата коа веќе ставиле 6 на таа од 800...гниди скржави :pos:
Па знаат дека на поголем процент од корисниците и одговара таа претплата, па ај дај и смешни 100мб. :D
И ако ги прашаш зошто 100мб и одговорот ќе биде "Доколку имаш потреба од повеќе интернет активирај си некој пакет." :icon_lol:
 
Со 100МБ, не можеш ни јутјуб видео да пуштиш :icon_mrgr:

Едно клучно прашање, за кое веројатно го знам одговорот, ама сакам само потврда :icon_mrgr:
Во магента С, на претплатата од 500-че, пораките не се бесплатни.
Да речеме, ако пратиш 102 пораки тоа се 510 денари.
Дали овие 510 денари се додаваат на 500-те од претплатата и си плаќаш 1010 денари или си плаќаш 500 претплата + 10 денари од тоа што си надминал, односно 510 денари? :icon_mrgr:
Мајка ми беше на некоја тарифа Доверба 24 со претплата од 270 денари и додека не ги надминеше тие 270 денари, не и се додаваа останатите пари. На пример да пратела 20 пораки, немаше да и стигне сметка од 370, туку ќе си беше основицата од 270, бидејќи не ја надминала.

За овде мислам дека не е така и дека си се додава на претплатата, ама сепак да прашам ако знае некој да потврди? :icon_mrgr:
 
Па знаат дека на поголем процент од корисниците и одговара таа претплата, па ај дај и смешни 100мб. :D
И ако ги прашаш зошто 100мб и одговорот ќе биде "Доколку имаш потреба од повеќе интернет активирај си некој пакет." :icon_lol:
100мб се исто ко да немаш ништо, затоа ја си седам у релакс тарифата и супер ми е :pos:
 
Здраво
дали има некој друг број за поплаки,освен 122 и меилот контакт центар?
ја промовираат он лине продажбата,а воопшто не се коректни,
платив во кеш телефон ,ми пристигна после 15 дена ,после напишани многу меили,
порачав бел ми испратија сосем друга боја,нудеја подарок ,при он лине порачка,не ми испратија ништо,
биле во ограничени количини,сега сеуште нудат друг подарок,
ама сега немало кој да ја потврди анрачката за да ми испратат друг.
то од алиекспрес пристигнува побрзо нарачката,при полака,продавачот испрака нешто друго,дури и при гаранција ги превзема трошоците за враќање.
 
Дечки ај ако може некој да ми слика гаранција од мобилен, телефонот ми е на сервис и вработената ми вика треба да чекам од 15 до 45 работни дена, што мислам дека е премногу.
Јас заборавив што пишуваше во гаранцијата, дали до 30 работни дена или најмногу 30 дена без разлика дали се работни.
Фала.

Sent from my Xperia SP using Tapatalk
 
Кога ќе излезеш од држава и ќе влезеш на друга мрежа тоа поракине што се Добродојдовте на мрежата ХХХХХХХ ги наплаќаат ли и тие пораки?

xjLBbyI.jpg


Првпат ми се дешава да ми наплаќаат за рекламни пораки... WTF?!?

Да одам в Понеделник да се бунам или?

и немам добиено олку пораки колку што ми имаат тарифирано... :mad:
 
Ме интересира дали некој знае дали може сам да си искомбинираш кај Magenta 1, како на пример:
Мобилен и телевизија од Magenta 1 M, интернет од Magenta 1 L.
 
Ме интересира дали некој знае дали може сам да си искомбинираш кај Magenta 1, како на пример:
Мобилен и телевизија од Magenta 1 M, интернет од Magenta 1 L.
Да, може, како сакаш комбинираш. Два/три мобилни различна тарифа исто така, ќе ти се формира цена соодветна на избраните пакети.
 
Да, може, како сакаш комбинираш. Два/три мобилни различна тарифа исто така, ќе ти се формира цена соодветна на избраните пакети.
И на тоа даваат 20% ако потпишеш договор на 2 години?
 
Aбе овие не ти го исклучуваат интернетот кога ќе ти заврши договорот ?
 
Се убија од фалење со 30% попуст на Плеј Комфорт.
Реклама на секој канал, билборд на секој чекор, sponsored ads на ФБ, флаери по улица....
Се решаваш договор да продолжиш и одиш во
Т-Мобиле салон да си избереш уред, и ниеден телефон немаат на залиха од тие што ги сакаш. Демек голем интерес имало...како па да не.
Кога се распродадоа бе жити се? Уште првиот ден во 9 часот наутро отидов да земам Самсунг С6 уред и немаше на залиха....

После залудниот обид да купам Самсунг телефон (пошто секако немаат воопшто ниеден Самсунг телефон од листата на залиха), се обидов да земам некој друг подобар уред. Арно ама, Лумиа 930 нема, Лумиа 640 нема, Ајфон 6 нема, Aлкател Идол 3 нема. Сублимирано, немаат ништо што е подобар и поквалитетен телефон.
И кога ги прашав зошто се рекламираат толку многу кога немаат ништо на лагер, одговорот беше:

"Немаме ништо затоа што има преголем интерес, но вие секако можете да си потпишете договор и да одберете некој од останативе модели кои ги имаме на залиха“ (т.е, ми беа понудени сите модели на Huawei и фушерајскине телефони што ни старите луѓе више нејќат да ги користат).
Кој безобразлук и која мизерија ЕЈ!

Башка тоа што кога ќе ми спомнат Huawei, ми се гади.
Не знам што им станало со таа глупава промоција на Huawei. Разбрав нешто опрема користеле од Huawei моментално....
Не е затоа што ги потценувам или нешто како марка, туку ми се гади поради маркетингот кој им го прават и обидот да ме „поебат“ мене да земам некој тапа производ.
Па чекајте малце бе, не пијам јас нафта. Знам што е квалитетно и знам дека сакате да ме зезнете да потпишам договор, па после да ме условувате...
90% од корисниците не сакаат да слушнат за тие глупи модели на телефони кои ги нудат, а они се обидуваат упорно и упорно да ти ги наметнат и да те направат удрен, и сето тоа со цел да ставиш потпис на договор. Па сакаат уште да те заробат со тоа што ќе потпишеш нов договор и ќе ти тупнат некоја тапанерија од телефон која ем ќе ја плаќаш на рати, ем нема да можеш да ја користиш пошто е тапа, ем нема да можеш да ја продадеш по асална цена.

И што е работава со мрежава? Не сум од приградска зона, не сум во дупка, има репетитор во моја близина и пак од време на време низ разговориве така ужасно сецка линијата додека разговараш, што другата страна не може да те слушне и обратно, па мора да се прејавувам за да се оправи линијата.
Јас мислев дека е до мене и уредот кој го користам, но сменив 3 телефони од тогаш (сите над медиум ранг уреди), живеам во градска населба и исходот е ист. Гледам и други познати пријатели и роднини кои ги имам страдаат од истиот проблем.
Корисник сум со години (од времето на Мобимак) и ваков проблем не сум имал никогаш.
Ако за ништо друго, барем за постпејд и мрежа ги биваше...

Затоа Мобеликс / Ледиком и телефонче во кеш без мака, па за договор и ќе се размислам дали ќе потпишам.
Кај и да отидеш, све лопови!!!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom