Сакам да им кажам фала пред се на моите, ептен за да не се двојам, сите им се заблагодарија.
Шала. Сакам да им заблагодарам што истрајаа да не ме дадат во Дом цели 18 години.
Пак шала. Фала им бе.
Сакам да и кажам фала на една личност која толку многу се труди околу мене и ми посветува внимание кое не го заслужувам. А сепак знае некогаш да направи да се чувствувам подобро.:smir: Воедно и извини.
Сакам да и кажам фала на една другарка што ми позајми 50 денари пред некој ден.
Сакам да и кажам фала на сестра ми која секогаш е тука кога сум во финансиска криза.
И што ме трпи, што е најважно.
Сакам да му кажам фала на едно другарче што вечно ме трпи со сите мои филозофии и напорирања, катадневно.
И на една друга личност, ама тоа иронично. :wink:
Толку за денес.