Србите ме изненадија пријатно...навистина ја подобриле за цело ниво играта од ЕП...
Имаат неверојатна ротација,во одбрана максимално менуваат....ги користат сите играчи...со ова му ја олеснуваат работата на Станиќ...
Одличен потег на Вуковиќ беше шо ги тргна од репката Бељански,Стојковиќ,за да им даде шанса на некои нови дечки како Драгаш,Марсениќ,две млади крила(не им ги запамтив имињата,ама се работи за големи потенцијали).....
Една Полска се изнамачи со Белорусија,а Србија без мака ја збриша...доколку не ги пуштеа помладите на крај,ќе добиеја со преку 10 разлика..
Ако продолжат вака сигурно ќе бидат на едно од првите две места во групата....
Шпанците рутунски си добија со Египет,иако црнците дадоа добра боба...не се мајтап африканските селекции....
Тунис е најсилен,Египет го нема тој квалитет на Тунис,ама сепак никој не можи без пот да ги победи лесно....
Вистинското лице на Шпанците ќе го видиме со Хрватска и Унгарија....првите два меча беа еден вид загревање....
Хрватите лесно го решија Алжир,изедоа малку и ќотек..Лацковиќ уште на самиот старт доби удар во раката(повредената)и мораше да го догледа мечот од клупата...
Имаат добра ротација за разлика од годините Бичаниќ,Вуковиќ,Муса,Хорват се класа играчи..+тука се младите Ивиќ,Степанчиќ
,Мандалиниќ кои треба да се калат и да добиваат сигурност....факт е дека тактизираат со своите главни играчи Вори и Дувњак,посебно со Вори,кој изигра само 15 ина минути на ова СП...
Ќе им требаат овие двајца за понатаму.....освен со Египет се останато за Хрватите ќе биди борба до последна секунда...и имтребаат здрави клучните играчи како Лацковиќ,Вори,Дувњак и Чупиќ...
Следуваат добри дуели....
