Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Море го урочивте Манасков видете што се деси после неговиот прв шут што го промаши :D
Манасков Дејан MKD 12 12/13 92 %:vozbud:
 
Денес Тунис ако победи со Црна Гора сигурно ќе оди понатаму и затоа нас ни е важна уште една победа! Може Тунис и втор да заврши пред Германија! Бразил и Аргентина ќе се јадат за четврта позиција.
 
Уште да знаеше бар просечна одбрана да игра. За Манасков зборувам.
 
Значи овие индијанциве колку грубо играат и колку ружен ракомет за око фала богу завршивме со нив. Незнам дали го видовте крајот на утакмицата Русија направија вишок за крилото и таман да му додате на крилото овој од Катар го легна на земја на Русинот.
 
Црна Гора не се дава лесно, би можела да го изненади Тунис. Во таков случај последните 2 кола ќе бидат прав покољ.
 
Манасков кине бе,светска класа играч ќе стане за некоја година.

Еден од ретките млади што уште од сега се гледа дека ќе бидат лидери на репрезентацијата во иднина, и брат му 18тина години што има ете потпишал пред некој ден професионален договор со Металург така да мислам и за него сигурно ќе има место во иднина во репрезентацијата. Добро е што он игра на позиција како што играше татко му.. ќе ни требаат бекови.
 
Тунис ќе биде втор со победа мѕ треба уште една од дуелите со Аргентина и Бразил и ќе вкрсти со третиот од кај нас.
Црна Гора катастрофа...
 
Уште една тесна победа за Тунис. Црна гора даде силен отпор, ама тоа е. Не требаше да ја прокоцкаат со гаучосите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom