Светско првенство - Шпанија 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Старо/нов Светски владетел?

  • САД без дрим тимот

    Гласови: 37 62,7%
  • Шпанија

    Гласови: 12 20,3%
  • Франција

    Гласови: 3 5,1%
  • Аргентина

    Гласови: 1 1,7%
  • Литванија

    Гласови: 2 3,4%
  • Бразил

    Гласови: 0 0,0%
  • Словенија

    Гласови: 4 6,8%

  • Вкупно гласачи
    59
  • Гласањето е завршено на .
Америве само со цврста европска одбрана ќе го јадат... Се надевам повеќе пати. А не она аматерине од Финска.

Турците се високи и атлетски солидни. Затоа можат да се држат со Америкаците и затоа финците не можеа. Финците не се толку слаби како што мислите, а не се ни турците толку јаки колку што моментално изгледаат.

Реалноста е дека Американците 90% ќе го освојат првенството без поголеми проблеми. Единствената опасност е Шпанија, бидејќи тие имаат одлична дефанзивна внатрешна линија (можеби подобра и од онаа на американците) и еден куп шутери. Ако им тргне шутот имаат некакви шанси шпанците, особено што американците направија многу чуден избор на играчи и имаа доста кои можеби се ѕвезди во НБА, ама се тотално несоодветни за ФИБА кошарка како Роуз, ДеРозан, Геј, Пламли (теоретски и Фарид, ама тој е барем борбен а дефинитивно секогаш им фали борбеност оти не се замараат).
 
Ако ја имате на кабловска SLO-2 (втората програма на Словенија ) , ќе можи нормално да си го гледате Светсково . Јас таму гледам и е далеку понормално за гледање . Ем сликата е многу почиста , ем не го слушате Игорче , а да не прам муабет дека гледате директен пренос , а не краден од некоја друга тв . Иначе на SLO -2 ќе одат сите натпревари од првенствово , а не само некои кои се поатрактивни .
П.С. Да ти ебам државата која што дозволува на национална телевизија ( Сител 3 ) да се прикажуваат крадени спортски преноси .
 
Супер преноси има на босанската Федерална телевизија со коментар на Един Авдич, супер е сега за сега.
 
Турците се високи и атлетски солидни. Затоа можат да се држат со Америкаците и затоа финците не можеа. Финците не се толку слаби како што мислите, а не се ни турците толку јаки колку што моментално изгледаат.

Реалноста е дека Американците 90% ќе го освојат првенството без поголеми проблеми. Единствената опасност е Шпанија, бидејќи тие имаат одлична дефанзивна внатрешна линија (можеби подобра и од онаа на американците) и еден куп шутери. Ако им тргне шутот имаат некакви шанси шпанците, особено што американците направија многу чуден избор на играчи и имаа доста кои можеби се ѕвезди во НБА, ама се тотално несоодветни за ФИБА кошарка како Роуз, ДеРозан, Геј, Пламли (теоретски и Фарид, ама тој е барем борбен а дефинитивно секогаш им фали борбеност оти не се замараат).
Зошто набројаниве се несоодветни за FIBA кошарка? Посебно Пламли, кој цел колеџ играше под Кшижевски.
Иначе Турциве многу грешки направија во напад, со тимска кошарка Америве можат многу лесно да се победат, се случуваше тоа и на претходни првенства.
 
Заради непостоењето на дефанзивни 3 секунди и типот на зонски одбрани кои ги играат екипите како резултат на тоа, играчи кои се одлични атлети и пенетратори, но не и којзнае какви шутери за тројка (како Роуз и Вестбрук на пример) не се многу корисни. Не дека се неупотребливи, ама имаат америкаците еден куп други играчи кои многу подобро би се вклопиле во тимот и би имале поголем ефект од овие. Во прв ред Корвер, кој уште не ми е јасно како не го зедоа. Можеби не е ѕвезда како овие, ама со Кари се едни од најдобрите шутери на планетата и тоа многу подобро ќе функционираше.

Шемата за успех по ФИБА правила е според мене релативно едноставна ако имаш избор на играчи:

- одличен скокач и блокер на центар кој е доволно само да знае да игра пик енд рол во напад
- одличен пик енд рол плеј кој знае да шутира тројки
- Добри тимски дефанзивци и шутери за тројки на позиции 2-4

Нормално има еден куп ситни фактори, ама ова е генерално тоа што треба да го имаш. И во НБА се повеќе повеќе се игра на ваков принцип, ама таму заради дефанзивните три секунди плејмејкерот не мора да е толку добар шутер бидејќи може да доминира и само со влезови. Влезови по ФИБА правила е многу потешко да се направат.
 
Шест заби му скршиле Аргентинциве на Шарич, и пак продолжи да игра :D
 
Теодосиќ е најпреценетиот играч шо некогаш заиграл кошарка.
Ако им е, кога се глупи, после друг ќе им биде крив.
Шо ти е бе брат? Најинтелигентниот плејмејкер во Европа, или ајде еден од тројцата најинтелигентни. Страшен играч е Тео а и не треба да се забораи дека беше повреден и дека не е во некоја топ форма моментално.
 
Не бе човек, нема шанси.
Никогаш не сум го сакал како играч, една игра, пет после таа жив го нема. Прави непромислени потези, шутира од кај шо треба и од кај шо не треба, денеска 3-4 напади имаше во последните 3 минути шо он лично сам ги зафркна...
 
Луд човек е Тео, ама страшно добар играч. Да не се заебаваше во текот на кариерата можеше многу да постигне. Перцепцијата на играта му е како на видео игра, све гледа на теренот. Вака по карактер на многу е одвратен, јас не се замарам премногу со тоа да бидам искрен, ама како играч е страшен. Кај него највеќе ми се допаѓа што има муда, сети се само против Шпанија пред 4 години што направи.
 
Шест заби му скршиле Аргентинциве на Шарич, и пак продолжи да игра :D
Изгледа забни навлаки биле....нема шанси со еден удар 6 заби да му избиеш на човек.
Треба камион у фаца да те удри за 6 заби да ти избие.
Како и да е боли секако и тоа покажува колку е борбен.Јест да се гледа на утакмица како скока и како иде до крај за секоја ничија топка,али ова е нешто сосем друго.
Ради тоа и поради фактот што е вокохолик верувам дека може и во НБА да успее и покрај физичките лимити и просечниот шут.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom