Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.892
- Поени од реакции
- 52.995
Мене многу ме интересира какво ќе беше мислењето доколку не постоеше претходниот филм, и Снајдер го реализираше проектот тогаш. Затоа што сега и лесно е се да се оценува според тоа како е поразлично од оригиналниот. Не верувам дека ќе можеше да пушти филм од четири саати, ќе беше околу два и пол. Што пак ќе беше ок, затоа што има и доста развлечени и непотребни работи.Крајно дискутабилно. чим Видон правел непотребни преснимувања, па додавал руско семејство па незнам шо.
Во сцените кои беа исти, Дијалогот и кадрите и приказната беа каде каде подобри во Снајдер делот отколку во Видон верзијата.
Видон беше донесен да го марвелизира филмот за да можат се прилепат на марвел шаблонот за да извлечат повеќе пари. На крајот испадна тешка абоминација.
Бетмен го направија меме, Флеш и Сајборг бескорисни, бркот на Супермен.
АБОМИНАЦИЈА.
Ако сакаат успех, не може да прават филмови кои ќе бидат само за хардкор фановите. Мора да е прилагодено и за тие фанови, но и за обични гледачи кои ќе ги заинтересираш и навлечеш на универзумот. За тоа треба многу планска работа, а не ова што го прават они. Дури и во овој филм, иако пола е раскажување во обид да се појаснат работите, пак остава и многу прашања доколку не си однапред навлезен. Јас знам по нешто, ама на мнозинството луѓе што гледаат нема да им е јасно и нема да има никаков импакт на пример тоа со Флеш и трчањето назад. Од кај сега може да трча назад низ времето? Што значи тоа, има ли некакви последици? Го правел ли претходно?
Не знам за првиот какво е општото мислење (на обичните гледачи, не на малиот дел хардкор ДЦ фанови), ама мислам дека не беше толкав фејл како што се прикажува сега. Еве јас не сум некој ДЦ фан, не сум ептен навлезен во целиот универзум и ми се свиѓаше оригиналниот филм. Памтам во кино дека ептен брзо ми поминаа двата часа, цело време се случуваше нешто, немаше досадни моменти, забавен ми беше. Тоа е се што очекувам од овие филмови.


