SunWireless интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Се надевам дека сите WiFi рутерчиња ќе имаат исто име на безжична мрежа (SSID) со цел да не мора да се преконектираме при секое влегување во автобус. Тоа би било супер :)
Не се сомневам дека услугата ќе биде супер, затоа што 3G мрежата на ONE функционира одлично, особено во Скопје :)

Патем, првично добив впечаток дека интернетот ќе биде бесплатен за патниците, ама изгледа сум бил во заблуда... Услугата и во автобусите на ЈСП ќе биде по истиот тарифник, така?

Извинете @Acid за доцниов одговор, некако сме ја промашиле оваа нотификација деновиве.

SSID-њата ќе бидат SunWireles JSP 01..02...03 , значи нема да биде целосно истото име. Тоа ни е потребно за да можеме на мониторинг да ја следиме секоја мрежа/уред/автобус ппосебно и ако има потреба да реагираме на евентуални проблеми.

За да го избегнете делот на постојано логирање, искрено Ви ги препорачуваме Андроид, iPhone или windows апликациите , со кои само еднаш се внесува при-пејд кодот а потоа апликацијата автоматски Ве конектира во секој автобус и воопшто на сите SunWireless хотспотови.

Администраторот на овој кајгана форум (т.е. јас :) ) активно ја користи андроид апликацијата и е многу задоволен.

Засега имаме наместено 10 тина автобуси и има прикачувања и користење на интернетот...па чекаме на фидбек од корисниците.

Да, услугата ќе се користи како и на сите други SunWireless хотзони, по редовниот тарифник за при-пејд и пост-пејд.

Извинете уште еднаш за доцниот одговор, поздрав и пријатен ден !
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Тотално разочаран од интернетов во Кочани, во станот само на едно место ми е достапен, а се дешава цело време да пада дури и да нема по 2-3 дена, земав една картичка колко за проба од 300 денари, али повеќе не!
 

SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Тотално разочаран од интернетов во Кочани, во станот само на едно место ми е достапен, а се дешава цело време да пада дури и да нема по 2-3 дена, земав една картичка колко за проба од 300 денари, али повеќе не!

Здраво pixa ,

За да го користите нашиот сервис за домашна употреба потребна Ви е дополнителна опрема (нешто како надворешна антена) , освем ако не фаќате сигнал со 4 или 5 цртички.

Со дополнителна опрема не би требало да имате никаков проблем за користење.


Иначе генерално во Кочани не ни е сјајна покриеноста, како хотзона (место за приклучување без дополнителна опрема) единствено ни е плоштадот, но наскоро покриеноста ќе се подобри.

Поздрав
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
1.372
Ме интересира има ли шанси малку да си го појачате сигналот на BS_Kula антената во Штип? Многу пати се обидов да се конектирам од зградите што се околу неа и пример кога има сигнал со 2-3 цртички конекцијата често паѓа. Исто така да речеме во околината на здравениот дом што е блиску до оваа базна станица рецепцијата во тие делови е повторно слаба. На лаптопот мрежите на SunWireless ги покажува но сепак не конектира...
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Извинете @Acid за доцниов одговор, некако сме ја промашиле оваа нотификација деновиве.

SSID-њата ќе бидат SunWireles JSP 01..02...03 , значи нема да биде целосно истото име. Тоа ни е потребно за да можеме на мониторинг да ја следиме секоја мрежа/уред/автобус ппосебно и ако има потреба да реагираме на евентуални проблеми.

За да го избегнете делот на постојано логирање, искрено Ви ги препорачуваме Андроид, iPhone или windows апликациите , со кои само еднаш се внесува при-пејд кодот а потоа апликацијата автоматски Ве конектира во секој автобус и воопшто на сите SunWireless хотспотови.

Администраторот на овој кајгана форум (т.е. јас :) ) активно ја користи андроид апликацијата и е многу задоволен.

Засега имаме наместено 10 тина автобуси и има прикачувања и користење на интернетот...па чекаме на фидбек од корисниците.

Да, услугата ќе се користи како и на сите други SunWireless хотзони, по редовниот тарифник за при-пејд и пост-пејд.

Извинете уште еднаш за доцниот одговор, поздрав и пријатен ден !
Пробав да се уклучам, и не ме уклучуваше во автобусите со апликацијата (пред 1 недела). Се надевам дека тоа ќе го средите.
Едно прашање: дали имате во план да ја зголемите брзината, доколку планирате наредната година повторно би го користел интернетот во С.Д.„Стив Наумов“-Скопје, секако и подобрување на стабилноста која многу пати ја имам критикувано.
 

SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Ме интересира има ли шанси малку да си го појачате сигналот на BS_Kula антената во Штип? Многу пати се обидов да се конектирам од зградите што се околу неа и пример кога има сигнал со 2-3 цртички конекцијата често паѓа. Исто така да речеме во околината на здравениот дом што е блиску до оваа базна станица рецепцијата во тие делови е повторно слаба. На лаптопот мрежите на SunWireless ги покажува но сепак не конектира...

Здраво Apple благодариме за прашањето,

Доколку гледате некоја од SW мрежите, но е со слаб сигнал и не можете да се прикачите - Вам Ви треба дополнителна опрема (надворешна антена) која ќе го засили сигналот, и со помош на која ќе можете да го користите сервисот.

Без дополнителна опрема единствено можете да се прикачувате во хотзоните (местата каде има постојано голема рекфренција на луѓе) како:аеродром, автобуска, хотели, автобуси, кафичи, студентски домови итн..

Поздрав и пријатен ден,
 
S

StormRage

Гостин
уште интернетов во гоце да го средевте ќе беше кул... се дешаваше по 2 дена да нема нет а еднаш дури и станиците ги немаше никаде, се исклучиле...
сепак нетот е спор :/ сега ова време тера со 1,4-1,5 мбпс али кај 7-8 и покасно до 2 саат едвај и се конектира понекогаш...
 

SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Здраво StormRage,

За слабиот сигнал на интернетот во некои делови на СД Гоце Делчев сме свесни и еве веќе подолг период бараме решение.

Бетонот прави гооолеми проблеми :)

Сега испитуваме едно решение со кое сме на мнение дека ќе успееме конечно да го обезбедиме сервисот квалитетно низ целиот дом, па останува да видиме наредниов период каков фидбек од корисниците ќе добиеме.

Поздрав, се надеваме со добри вести ќе излеземе скоро !
--- надополнето: 29 март 2013 во 11:25 ---
Еве некои понови информации поврзани со нови локации каде е обезбеден нашиот сервис дополнително:

SunWireless прозрачи и во “Палма Бистро“ во Веро Центар

SunWireless и во “Тренд“ во Скопје Сити Мол
 

SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Добро утро кајганџии.

Да ја освежиме темата и да Ве информираме за некои новитети поврзани со SunWireless.

Сервисот го направивме достапен и уште на неколку други нови локации:
- Пивница “Стар Град“
- Винотека “Темов“
- Ресторан “Старо Буре“
- “Ало Ало“ на Кеј и во Скопје Сити Мол

Слободно предлагајте и некои други нови локации.

Исто така направивме update на iPhone апликацијата, па сега подобрена со нови функционалности можете да ја симнете од следниов линк: https://itunes.apple.com/us/app/sw-hotspot/id578948769?ls=1&mt=8

Поздрав, пријатен Петок и пријатен викенд !
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.635
Поени од реакции
786
Уште не го решивте подрачјето на Чаир Скопје Север ?
 

SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Уште не го решивте подрачјето на Чаир Скопје Север ?

Здраво mishko,

Не, го оставивме за понатаму тоа подрачје.
Еден дел е покриено со наш сигнал, но треба дополнително да се допокрие.
 

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.915
Поени од реакции
167
едно прашање?

На улица Народни Херои спроти сала Расадник дали е потребен дополнителен уред за да тестирам при-пејд и да видам како ќе оди за евентуален пост-пејд или може само со лаптопот, пошто во лифт има лепенка дека зградата е покриена со сан вајрлес?

фаќа сигнал од две станици некоја 59 и 57 само зе знам дали се доволни, а не ми се даваат 3000 за дополнителен уред.
 

SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
едно прашање?

На улица Народни Херои спроти сала Расадник дали е потребен дополнителен уред за да тестирам при-пејд и да видам како ќе оди за евентуален пост-пејд или може само со лаптопот, пошто во лифт има лепенка дека зградата е покриена со сан вајрлес?

фаќа сигнал од две станици некоја 59 и 57 само зе знам дали се доволни, а не ми се даваат 3000 за дополнителен уред.

Здраво DarthMakedon ,

Благодариме на прашањето.

Во тој дел,иако не е хотзона, многу блиску имаме базна станица, па дали сервисот ќе можете да го користите без дополнителна опрема можете да проверите и самиот.

Проскенирајте ги со лаптопот достапните мрежи на SW и ако гледате некоја со добар сигнал (повеќе од 3 цртички) закачете се на неа и просурфајте во пребарувачот.
Доколку ја добиете нашата логин страна, значи дека ќе можете да го користите сервисот без дополнителна опрема.

Исто освем еднократно да го купите уредот (надворешна антена) за при-пејд користење, можете да размислите и за пост-пејд договор каде уредот ќе можете да го изнајмите за само 100 ден. месечно.

Ако имате некакво дополнително прашање, Ви стоиме на располагање !

Поздрав и пријатен ден,
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
384
Поени од реакции
17
Во студентки дом Гоце Делчев мрежата SK49 ја фаќам со 4 цртички, но интернетот е спор, паѓаат многу пакети.
 

SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Во студентки дом Гоце Делчев мрежата SK49 ја фаќам со 4 цртички, но интернетот е спор, паѓаат многу пакети.

Здраво Miovski ,

Ќе испратиме техничка екипа да ја провери таа мрежа.

Благодариме за информацијата.

Поздрав,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom