...присутниот страв за летање е нормален, секоја особа ментална здрава го има тој страв, ама различно го манифестира во околината!
...инаку имав неколку лета со заебанции што се вели одвај спасивме глава и после тоа ќе речам ,,никогаш во авион" , па по Х време ќе ме предомисли друштвото, демек ,,коркач, ,,цвикатор" сум била и ајде повторно претходно непреспиени ноќи,
... можам да одберам Х ситуации, ама една од најзаебаните случки да за време на невреме и грмотевици авионот да полета без да биде одложен летот барем да се смират грмотевиците, тоа ми се случи на аеродромот во Истанбул летајќи накај Скопје, тоа врне истураше и на секои две минути удираше гром, а тоа ноќе уште пострашно, а овие будалите го спремаат авионот на писта за полетување.
...нема да ви се верува, ама станав да ургирам да се одложи барем малку летот да прекинат громовите, ми рекоа дека авионот нема проблем од гром и дождот, важно било дека немало силен ветар и тогаш кога рокна во близина гром, се осветли, звук страшен, јас решена запнав да излезам од авионот ми дојде и почнав да плачам, страшно се плашам од гром, па уште во близина кога ќе удри, стјуадерсите испаничени да не ја отворам вратата, тоа моторот веќе брмчеше, леле помислив отидовме јабана.
...една стјуардеса на српски јазик ме замоли да дојдам во меѓу просторот од пилотска кабина и патничкиот дел, кога отиднав таму мислејќи дека ќе излезам од авионот видов еден стегнат поприлично висок возрасен пилот како седи на седиштето и ми удри на друго седиште со дланка да седнам до него.
....јас во тој момент бев како хипнотизирана од неговиот лик поточно од неговите бркови виткани нагоре круг и пол, тој зборуваше турски, а српкињата преведуваше.
...тој беше воен пилот кој по потреба поради гужва и недостаток на пилоти се дополнителни ангажирани во авионскиот патнички сообраќај, ми вика дека тој е обучен да лета по вакво време, дека громот не му може ништо на авионот и да имам поверење во него дека ќе ме однесе дома, ми ја зеде раката и на мојот саат гледајќи ми рече, дека кога ќе се дигнеме ќе бидеме во Скопје за 35 мин, стана и влезе во кабината.
...не знам дали беше сон или вистина во моментот ама јас се вратив на седиштето под инпресија од турскиот воен пилот, бев смирена за време на целиот лет, истураше дожд, авионот само крцкаше, а јас гледав само на саат, точно после 35 мин тркалата ја допре пистата, чекав да излезат сите патници и упорна бев кај стјуардестите да го поздравам пилотот кој силно ми ја стегна раката за збогум.
...така да топол поздрав, мнооогу е важно да имаш верба, мозокот ти да го управуваш, а не тој тебе, да слушаш позитивни работи за летот од позитивни особи, ако имаш шанса да леташ со турски авион побарај да го видиш пилотот најчесто се воени пилоти во став мирен, дисциплинирани ама многу љубезни, ќе ти ги смени емоциите на страв!
...нешто вака слично на лик ама нагоре вртени мустаки!
