Страшно, но треба сите да погледнат!

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
од дамна се немам наежено вака кај го пуштив у пичку
 
Бидејќи гледам кампањава е од Полска, само една ситна информација за вас.

Секој викенд во Полска има над 2.000 жртви во собраќајни несреќи. Најчеста причина е алкохолот и преголемата брзина.

:toe:
 
жално....стварно многу жално
овие работи не можат да се спречат но можат барем да се редуцираат
воопшто не се обрнува внимание на оваа тема а баш собраќајките се една од почестите причини за предвремена смрт
 
Заплакав, типично за мене......стварно ептен жално....па и песнана погодена за у такви моменти.....за греф:cry:
 
Ова не е работа...:icon_conf Многу жалосно:icon_frow
 
Најголем фактор за вакви сообраќајки е човекот и неговото невнимание.
Одлична кампања и предупредување за оние зависници од брзо возење.
Страшно у пм.
 
Првиот клип ме потресе најмногу...страшно нешто
 
Ууу нема повеќе бакнување на улица за мене, добра поука!
Е баш тоа беше поентата на клипов, да не се лапаме кај стигнеме. :icon_roll

Страшен клип, се сложувам, и добра идеја за кампања и кај нас. Ама за жал мислам дека ефективноста на таквите кампањи е премногу мала за да придонесе до значајна промена.
На возилата, покрај својството за превозно средство, ќе им остане епитетот машини за убивање без оглед на се. Колку и да внимава човек, 1 секунда е доволна... Понекогаш тоа едноставно се случува. А за несовесните возачи да не праам ни муабет. Кај нас ги има на тони такви што положиле преку врски, и понизно изјавувам дека и јас сум една од нив. Се додека е така, бројот на сообраќајни несреќи секојдневно ќе расте.

Смртта при сообраќајка е една од десетте најчести причини за смрт на светско ниво. Епа, ете ја цената што човештвото мора да ја плати зошто му е полесно да го одвезе дебелиот газ до саканата дестинација, па и да се луксузира ус пат, мечтаејќи непрестајно за поголеми брзини.
Напредокот на технологијата често си зема човечки жртви.
 
Македонската кампања ,,Вози пребрзо, стигни прерано" е исто толку добра колку и оваа. Браво за Владата.
Сфатлив е фатализмот и агресивниот пристап во ваквите спотови и мислам дека е ефективен. Само што-треба постојано овие ,,реклами" да се емитуваат насекаде во подолг временски интервал.
 
Ја видов темава и клипчето па склопив и еден блог пост на темава...

Вози пребрзо, стигни прерано!


Штотуку изгледав едно јутјуб клипче кое ме потсети дека требаше да напишам еден пост уште пред некаде месец и пол но поради ХУ причини не го напишав па...

Се работи за безбедноста во сообраќајот и како таа влијае од ТЕБЕ, како учесник во него.

Еве го најпрвин клипчето со Nothing Else Matters на Металика во позадина и неколку навистина успешно направени реклами поврзани со гореспоменатата тематика.


А еве ја и фотката која ја планирав за пред месец и пол.



Обично го критикувам трошењето државни пари за владини кампањи кои најчесто се користат како само-рекламирање но морам да ја поздравам оваа кампања бидејќи мислам дека е многу ефективна, посебно слоганот на кампањата.

И за крај, нешто што го најдов пред некој ден на Твитер а кое одлично се вклопува во муабетов.

2yoreoy.jpg
 
Трогателно, но и многу поучно клипче т.е кампања.
Не мора да значи дека ако ти возиш прописно, ако поминуваш на зелено секогаш и на пешачки секогаш погледнуваш на двете страни дека ти си сигурен во сообраќајот. Тука станува збор за секунди и секогаш може некој да ти го пресече патот а тоа да значи и живот.
Во речиси сите приказни во клипот возачот остануваше жив. Цел живот ќе го помине во сеќавање и каење што по негова вина загубени се млади животи.

Добра е кампањата и во Македонија. Има и неколку билборди и со повредени лица од сообраќајни несреќи.
Баш читав пред некое време дека овие кампањи и билборди кои се поставуваат на патишта кои се црна точка, по нивното поставување се намалил бројот на несреќи.
Човечкиот живот е нешто највредно и треба да внимаваме на нас, на нашите најблиски и на целата околина да не ја доведеме до опасност.
 
Омг,се убив од плачење на клипов...која језа само!:cry::cry:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom