Една Македонија умира во светот секоја година
Според светските статистики, 2 милиони луѓе умираат годишно како последица на несовесно возење. Веќе бев ,,просветлена" со фактот дека Македонија е прва на Балканов по количество продаден алкохол. Не сакам да знам колку од тој алкохол ќе биде причина за ,,самоубиства" на воланот.
Сепак, направивме кампања за безбедност во сообраќајот, медиумски поддржана. Секако-секое чудо за три дена! 3D билбордите, со косачот на смртта, веќе се ограбени. Црно-белите знаменца ставени на нив, за да допрат до нас барем преку воздухот, ги нема. Несовесни граѓани ги крадат. Ни воздухот повеќе не е медиум.
Лично, ми се допаѓа фатализмот и психолошкото ,,тресење" кое овие билборди требаше да ги предизвикаат. А не да се случуваат сообраќајки во непосредна близина на нив. Законите не се спроведуваат долгорочно. Ставете прст на глава! Дури и ако не ве казнат 50 евра, вие си ја казнувате совеста.
http://novinarka.blog.com.mk/