Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој знае кога излегува конкурсот за стипндиите за студентите и нека ми објасни некој подетално бидеќи имам слушнато дека веќе конкурсот е објавен во Нова Македонија

За конкурсот е рано, негде околу октомври средината или крајот !

Сега се активни продолжувањата на веке постоечките !
 
Еве ти извадок од ланскиот конкурс за стипендии, Конечно ја отворив страната.
„СООПШТЕНИЕ

Министерството за образование и наука ги известува ученици, кои конкурирале согласно Конкурсот за доделување на стипендии на талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2008/2009, дека поднесувањето на документи за учениците од прелиминарниот список ќе се врши во просториите на Министерството за образование и наука, ул. Пролет бр.1 од 18.11.2008 до 24.11.2008 година од 09-15.00 часот.

Во истите термини се поднесуваат и приговори со целокупната документација, која се бара согласно конкурсот.

Учениците од прелиминарниот список потребно е да ги достават следните документи:
Потврда дека е редовен ученик во учебната 2008/2009 година;
Заверени фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието;
Оригинал диплома на увид и заверена фотокопија на нотар за освоено награда на државни или меѓународни натпревари;
Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија или кредит (превземете);
Изјава дека доставените документи се вистинити, и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава (превземете);
Уверение за државјанство на Република Македонија.“

И друг пат не биди толку упорен. Кога некој што го поминал тоа ти објаснува, верувај му!!!
zatoa sto sum pominal ti kazuvam i ti drzi se do tvoite zborovi i btw jas ne zimam od lani veke 3 godina so zimam....
 
Од: http://www.raspredelba.gov.mk/Pages/student/mk/StudentScholarships.aspx

Министерството за образование и наука, ги известува сите студенти кои се избрани на конечниот список, дека договорот за студентска стипендија е поставен на следниот линк: Образец за "Договор за студентска стипендија", 2009 година. Истиот потребно е да се испечати во три еднообразни примероци, да се пополни од страна на студентот и заедно со фотокопија од трансакциска сметка и индекс на увид да се достави до Министерството за образование и наука, ул. Мито-Хаџивасилев бб – Скопје (зграда на поранешна НИП Нова Македонија), секој работен ден од 28.09.2009 до 02.10.2009 година, од 09.00 до 15.00 часот.

За кого важи ова ???

На образецот пишува 2008/09, а тука датум кој завршува за една недела ?
 
Многу конфузна работава со продолжување на договориве. Кои документи се потребни за продолжување на договорот за студентски кредит?
 
За CueBaLL:
Јас тврдам за минатата година. Некаде постирав дека пред тоа бараа повеќе документи, меѓу кои и материјална состојба. Минатата година ми требаше само свидетелство, освоена награда и државјанство. Другите три листа беа две изјави и барање. Значи само шест листа.
 
Слушнав дека рокот за доставување на документите за добивање на стипендија истекува во петок на 02 - 10 - 2009. Дали ова е вистина и ако знае некој повеке дали овој рок е за 125 стипендии за студенти по информатика??!!!
 
Од: http://www.raspredelba.gov.mk/Pages/student/mk/StudentScholarships.aspx

За кого важи ова ???

На образецот пишува 2008/09, а тука датум кој завршува за една недела ?

Ова мора да е некаква грешка, зошто на страната воопшто нема ни конечен список,т.е има, но тој е за студентите од 2008/2009 година. Мислам дека е некоја грешка. Ако има некој друг други информации нека кажи, и ако знае некој до кога треба за продолжување на стипендиите и кои документи треба да се поднесат. Лани ни бараа само уверение за редовен студент и уверение со оцени и индекс на увид.
 
Во врска со стипендиите за студенти конкурсот најверојатно ќе излезе негде крајот на октомври. Мене ме интересира за некој што веќе поднесувал такви документи да ми каже што точно бараат за да можам на време да ги средам документите да не брзам после кога ќе излезе конкурсот. Мислам дека слични им се барањата секоја година.

За просек знам дека бараат над 8.5, тој услов го исполнувам ама во врска со примањата на родителите негде прочитав дека ако заедно земаат над 30 000 ден тешко да дадат стипендија, има вистина во ова или?
 
За примањата на родителите мислам дека не е вистина дека дават тешко пошто јас познавам човек каде родителите земаат многу повеке од 30.000 и пак си зема стипендија.
 
Во врска со стипендиите за студенти конкурсот најверојатно ќе излезе негде крајот на октомври. Мене ме интересира за некој што веќе поднесувал такви документи да ми каже што точно бараат за да можам на време да ги средам документите да не брзам после кога ќе излезе конкурсот. Мислам дека слични им се барањата секоја година.

За просек знам дека бараат над 8.5, тој услов го исполнувам ама во врска со примањата на родителите негде прочитав дека ако заедно земаат над 30 000 ден тешко да дадат стипендија, има вистина во ова или?

Колку што сум јас информиран ќе се потрудам да ти го објаснам принципот за земање на стипендија. Сите студенти се оценуваат од 0 до 100 поени најповеќе поени се зема од тоа колку имаш просек потоа од примањата на родителите потоа од некој натпревари меѓународни и доколку твоите родители имаат поголема салдо од 30.000 илјади тогаш тие поени нема да можеш да ги земеш не можеш да земеш повеќе поени на пример ако имаш 9.50 просек од прилика мислам дека ме сфаќаш каков е принципот
 
Во врска со стипендиите за студенти конкурсот најверојатно ќе излезе негде крајот на октомври. Мене ме интересира за некој што веќе поднесувал такви документи да ми каже што точно бараат за да можам на време да ги средам документите да не брзам после кога ќе излезе конкурсот. Мислам дека слични им се барањата секоја година.
Јас колку што памтам можам да ти кажам како да почнеш.Ќе земеш прво уверение од факултет(од студентски), ќе ги напишеш сите предмети со оцени и ќе го завериш на студентски.Кај мене на факултет(филолошки) бараа и молба да имаш напишано(рачно) за уверението.Ти треба и потврда за редовен студент(и таа да ја завериш).
Ќе ти требаат и потврди од старател/и за тоа колку заработуваат.
За овие работи се сеќавам сигурно.Може нешто да додале, не знам оваа година како ќе биде:-)
 
На Филолошки сум и јас, значи најверојатно ќе ми бараат и мене молба. Ајде има време до октомври па ќе видиме што ќе направам.
Фала ви на сите за информациите. :smir:
 
Сега дознав дека до петок траел рокот за продолжување на постоечките стипендии.
На страната не пиши ништо ни какви документи да се донесат, ниту пак јасно е наведено нешто.
Прашање до оние кои веќе продолжувале стипендија досега: Кои документи треба да се однесат точно? Дали треба уверение за положени испити, уверение од ујп, потврда од ученици, од родителите за примањата и тн... ???
 
Само уверение за положени испити и потврда за редовен студент.И индексот нели и толку.Бар така лани беше.Не ти треба потврди за примања.
А од кај знаеш дека е до петок?Пишува на страната?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom