- Член од
- 20 ноември 2010
- Мислења
- 738
- Поени од реакции
- 750
Да...и мислам дека не постои личност која не била разочарана од некој пријател.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Порано да, многу пати знаеле да ме разочараат, но откако видов всушност каков интерес имаат од целото пријателство, веќе ништо не може ниту да ме изненади, ниту да ме разочара.
Се е кажано.Прво и основно... зависи кој го нарекувате пријател и како го карактеризирате пријателството. Сите имаме по 200 или повеќе пријатели на фејсбук. И? Сите тие ви се пријатели? Ретки се вистинските пријатели (правам муабет за луѓе кои ако се јавиш во 2 сатот и ги натераш да дојдат кај тебе ќе дојдат без голема галама). Среќен човек е оној што може да изброи 10 такви личности во животот, несметајки ги родителите и браќа/сестри.
Како и да е, никој не е идеален. Колку и да има некој цврст карактер, незнам ти шо, незнам ти како, некогаш ќе попушти. Можеби на погрешни луѓе и на погрешен начин, ама ќе попушти. Колку вие сте спремни тоа да го прифатите како такво и да не се лутите (или да се лутите одреден временски период)? Стварно, можеби има некои работи преку кои не се врви, ама пак некогаш прашање е дали за една грешка (која најчесто ја прелејува чашата и викаш не трпам појќе) треба да се жртвува она што сте го граделе... Се зависи од тоа колку сте поминале заедно и желбаа да го продолжите тоа напред... без разлика на грешките.
И да, не дозволувам да се разочарам од луѓето... горе долу знам што можам да очекувам од кого. Со некој ќе одиме заедно по патот, со некој ќе одиме во обратна насока, со трет ќе ни се вкрстат патиштата на некое време и ќе се разделат... она што останува во сеќавање се убавите спомени, а не лошите.