Да не постоеше разочарување, сите ќе бевме sunshine happy, а тоа ќе беше веќе морбидно.
Кој не бил разочаран од своите пријатели? Веруваме во идеали, веруваме во силни карактери и мобилизација на емоциите, но веројатноста да тоа се случи со некој е премногу мала за да биде процент, во животот сум разочарувала, ме разочарувале, сум изневерувала на сите полиња и сум била изневерена од моите пријатели, но сум имала среќа да најдам некој кој што ме трпи 10 години и сеуште крева секогаш кога ѕвонам за да кажам дека сум пијана некаде и иде да ме земе ако треба или ме теши додека плачам.
Така што, да, верувам во пријателство, но не ултимативно, а вистинските пријатели се тие кои што те познаваат од моментот кога си бил дете и сеуште не си знаел да читаш како што треба, сеќавањата и искуствата се тие кои што не поврзуваат, освен емоциите ... се што се создава во доцните години е склоно кон опортунизам во некоја форма.