Сте биле ли разочарани од вашите пријатели?

  • Креатор на темата Креатор на темата green apple
  • Време на започнување Време на започнување
Сум бил јако изневерен од моите "Drugari" и пријатели кои 8 години секоја ден бевне заедно дружење и све нај убаво на крај ми извадија муабет и овие толку мозок на тој 1 му поверувале и ме фрлија како ѓубре....Останав потполно сам не знаев кај да фатам не знаев што ми се случува но по 1-2 години сватив кој сум што сум и дека тие не се вредни колку мене и ја дигнав главата горе добив едноставно сила.Кога нај малку очекував се појави дечкото кој се запознавме преку братучед ми и до ден денес сме пријатели/другари иако немам мн и поради тоа имам проблем во овој свет нели види го овој нема другари/пријатели мн и не си фаца па за тоа имам проблем и да фатам зенска али јбг да не трујам повеќе тоа е на кратко што можев да не влевам во детали и сл и не би сакал ова да му се случи на некој.

А иначе дали сум изневерил јас некого???? па сигурно никој не е безгрешен ама не до тој степен.
 
Нема вечни пријатели, ниту вечни непријатели; вечни се само интересите - Откако го научив ова (а морам да признаам на потешкиот начин го научив) ниту се замарам мн мн, ниту очекувам нешто посебно од луѓето. Така да... не можат да ме разочараат.
 
Сум била, како и секој еден од нас. Во принцип кога многу сум очекувала, а малку сум добила, или ЛАГА сум добила. Ама наивка каква што сум, им простувам прилично брзо и лесно.:kesa:
Пријателсво за цел живот - ДА, ама со различен интензите. Луѓето се менуваат, ситуациите се менуваат. Ако имало нешто вистински заедничко, тоа ќе си остане.
 
Никогаш. Секогаш знам на што сум и секогаш биле покрај мене кога ми биле најпотребни... штета што не можи да се кажи истото за мене...
 
Нема вечни пријатели, ниту вечни непријатели; вечни се само интересите - Откако го научив ова (а морам да признаам на потешкиот начин го научив) ниту се замарам мн мн, ниту очекувам нешто посебно од луѓето. Така да... не можат да ме разочараат.

Поубаво кажано- здравје! БИГ ЛАЈК!
 
Предобро ги знам оние кои ми се во околина, знам колку можат да останат лојални а колку да гледат ‘коњски‘ за себе. Порано се разочарував од непријатни изненадувања, а сега може само да ми биде криво од лоши очекувања.
 
Порано да, многу пати знаеле да ме разочараат, но откако видов всушност каков интерес имаат од целото пријателство, веќе ништо не може ниту да ме изненади, ниту да ме разочара.
 
Кратко и јасно. Дали сте биле разочарани од вашите пријатели? Дали верувате во пријателство за цел живот? и за крај постои ли всушност пријателство?

Јас сум во потрага по најдобар пријател, барам домашно милениче (куче)
Е ова со кучето ти е добра идеја зошто верувам дека тоа е многу подобар пријател од човекот, и во тоа пријателство можеш да веруваш :) Всушност најголемата предност му е што не зборува. Секогаш разочарувањата доаѓаат преку зборовите.
И да, сум била разочарана од луѓе кои ми биле најдобри пријатели, или сум ги сметала за такви долго време, но се покажало дека сепак и тоа пријателство има крај. И ако за една банална работа може некој без око да му трепне да прекине долгогодишно пријателство тогаш сметам дека тоа никогасш не ни било вистинско.
Не постојат вечни пријателства само вечни интереси!
 
Доверба не можеш да имаш во луѓето, а уште помалку во животните. Не само преку зборови, еден човек најмногу може да те повреди преку дела, па така да ни кучето не е најдобро решение за замена на пријател. Секој има потреба од вистински пријател и среќен е тој кој што ќе го пронајде, има и задржи.
 
а постои некој што не бил ?
чисто сумљам... од пријатели и другари незнам некој да не бил разочаран.. коа ке видиш у денешно време ни пријатели ни другари нема...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom