Сте биле ли разочарани од вашите пријатели?

  • Креатор на темата Креатор на темата green apple
  • Време на започнување Време на започнување
Разочарувањето е скоро секогаш ради погрешна проценка, од пријатели очекувам се и да ми помогнат како и да ме зезнат ако им одговара а моето е да минимизирам можност да бидам на штета.
 
Многу пати ме заебале за банални причини.. Кога им помагаш нешто све е ок,тоа не го памтат.

биди ист со сите тоа е тоа..
 
значи фала богу дека секој ќе биде разочаран од пријателите .. бидејќи од нив најмногу очекуваме .. од некој што не очекуваш да направи нешто неможеш да бидеш разочаран... пријателство за цел живот .. хмм .. луѓето се менуваат... почнуваат различни работи да не интересираат.. можеби постои можеби не.. а за пријателство дали постои СЕ РАЗБИРА дека постои .. бидејќи јас кога си отидов од дома .. другарите ме прибраа кај нив .. никогаш немојте да се прашувате дали постојат другари .. постојат и они ќе ви помогаат се дури можат !
 
непријател не можи да те разпчара.,...
 
Какви пријатели барате во денешнo време?

Пааа, обични луѓе, сосем обични. Со свои позитивни и негативни карактеристики, што знаат да те насмеат, но и да те расплакаат. Самовили и ангели, не барам, туку барам нешто што ќе се најде таму некаде у нашиот круг, у кругот на обичните смртници.:)
 
Сум разочарала, ме разочарале. Сум имала очекувања кои неможеле да бидат исполнети, и обратно. И незнам зошто толкава галама треба да се крева околу тоа, секој втор човек кој го сретнувам во живот е демек разочаран и не верува во „вистинско, вечно пријателство“. Булшит! Лесно е да се префрли сета вина на пријателот, лесно е да се кука колку е неправеден овој свет, лесно е да се истураат фрустрации врз другите, лесни се уште многу други работи кои ги правиме, кој повеќе, кој помалце.
Тешко е да се работи на себе, тешко е да се разбере и почитува пријателот, тешко е да се толерира, тешко е да се имаат реални очекувања од еден човек... тој што нема да вложи труд и да ги научи (и примени во пракса) овие работи, не ни заслужува да има вистински пријател*, и подобро да нема!

*вистински според мојата „дефиниција“, ако постои таква воопшто.
 
...праша пилето и ја премина улицата.

Дефинирај денешно време.

Дефиниција за денешно време: Време на лицемерие, безобразлук и злоба каде што секој си гледа само за себе, гази све живо за да си ги исполни своите желби и ич не го боли за никој друг.
 
...Дали сум била разочарана од некого? - Секако!
...Од "пријател"? - За жал, да...
...Од ВИСТИНСКИ пријател- НЕ!
Вистинскиот пријател ќе те направи тажен само еднаш - тогаш кога ќе умре...
 
Какви пријатели барате во денешнo време?
Што кога ќе ми треба било каква помош доколку може да ми помогне, кога ќе му треба слободно да побара помош и да очекува да му помогнам... а не кога му треба нешто ало така и така... после некое време побарај му дупла помала услуга а може да ти заврши работа без проблем не те еба 2% тоа не се пријатели и мразам такви лицемерни суштества!
 
Ме разочарале за ситници што мене ме маваат на психа дури
 
Што кога ќе ми треба било каква помош доколку може да ми помогне, кога ќе му треба слободно да побара помош и да очекува да му помогнам... а не кога му треба нешто ало така и така... после некое време побарај му дупла помала услуга а може да ти заврши работа без проблем не те еба 2% тоа не се пријатели и мразам такви лицемерни суштества!

Епа муабетот ми беше дека сега има само од вториот тип на „пријатели“ .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom