Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.256
- Поени од реакции
- 36.594
Те разбирам, ама ти си Скопјанец и можеби ти значи живеењето во тој град, мене ми беше поентата дека периферијата е се помала, и се помалку ќе имаш нови луѓе кои ќе се селат во Скопје.Едноставно е, не сакам да живеам во проширениот дел на градот (хинт. индустриска зона).
Сакам во тесниот, блиску до центарЕ таму многу згради нема, на прст од една рака се бројат.
Друга работа што ќе придонесе на ова е и промената во начинот на работа. Голем дел од фирмите веќе променивме флексибилно работно време/место, и е оставено на желба на вработените да си одберат од каде сакаат да работат. Наместо со тие 80-100к да купи 50-60м2 стан во Скопје, може да си остане во периферија и со истите пари да купи куќа >150м2 каде ќе има простор за целата фамилија.
Ова што го зборува @kano држи вода за тука во АУС, а веројатно и за некои Европски метрополи, ама тоа е бидејќи тие растат со популација.
Како паралела: овде за под кирија се тепаш и со над 100 души без разлика што имаш пари, за купување е уште побетер имаш дури и аукции каде се колат со цените. Ама се ова е бидејќи популацијата се зголемува, и ќе се зголемува се повеќе и повеќе, плус тука на пример градат само покрај брегот каде има се помалку погодно земјиште, плус со инфлацијата цената на работната сила е отидена нагоре, исто и материјалите.
Еве за наредна година имаат во план 160 000 skilled визи (што е над 300 000 луѓе ако се избројат сите членови на семејствата што ќе добијат виза) + уште толку студенти + партнер визи и сл. и додатно реткој кој е иселува.
За време на короната тука цените на становите/куќите се дигнати околу 30-35%, плус растот го следеле и кириите. Станови од по 50-60м2 ти се издаваат по 450-600 долари неделно (и тоа најчесто празни), па иако коштаат по над 300 000 АУД, се исплатлива инвестиција (им расте вредноста, носат голем прилив од кирија и над 20 000 долари годишно, плус ти се одбива од данокот).
Скопје како што реков е посебна приказна, како и со останатите работи, така и со ова, се е сведено на шпекулација и манипулации. Оди на катастар и прочепкај по становите да видиш колку станови се на фирми, банки, инвеститорите што ги граделе, и истите тие со „патки“ по порталите создаваат паника.
Последно уредено: