- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.834
- Поени од реакции
- 33.744
Одамна не сте играле „Сакате ли војна“, „Штркот бара боја“, „Џамлии“, „Камај“...? Замислете некој да ви понуди пак да ги играте истите тие игри кои сте ги играле во детството, со таа разлика што сега победникот ќе добие околу 38 милиони американски долари. Ама да не сте баш запознаени целосно со правилата. Би прифатиле ли?
Тоа е премисата на Squid Game, нова корејска серија на Netflix, која ја поставија worldwide на стриминг платформата на 17.09.2021, значи пред точно една недела, и истата, за само една недела, стана првата корејска серија која се искачила на листата најгледани Netflix серии во САД, а верувам истото е и секаде ширум светот. Група од 456 луѓе со огромни финансиски проблеми се сместени во една градба на ненаселен остров каде по сопствена волја играат 5 игри популарни во Кореја во нивното детство, а тие кои ќе победат во игрите освојуваат огромна сума на пари. Но она што натпреварувачите не го знаат однапред е дека игрите имаат некои чудни, црни сценарија и твистови...
На 2 септември 2019, Netflix на прес-конференција најави дека креираат оригинална корејска серија, првично насловена како Round Six, по сценарио и продукција на Хванг Донг-хјук, инспирирана од популарната корејска детска игра од 70-тите и 80-тите, наречена Squid Game (нешто слично на нашите куцкамен и черта, само нормално, со вклучени борбени вештини во играта). Кастингот за серијата бил потврден на 17 јуни 2020, а во главните улоги глумат Ли Џунг-џае, Парк Хае-су и Ви Ха-џун (не дека нешто ни значат имињава, ама нека стојат ).
Серијата е составена од 9 епизоди (првата сезона, се надевам и искрено посакувам да добиеме потврда и за втора). Се забележува од старт недостигот на оригиналност во сценариото, кое е во најмала рака мешавина на Hunger Games, Maze Runner, португалската серија на Netflix - 3%, па и на дел од серијата The 100, а дополнително авторот бил обвинет за плагијаризам зашто премногу наликувала на јапонскиот филм As the Gods Will . Но на сите нив, спојувајќи ги заедно, ја внесува таа корејска трилер нишка која те држи закован за телевизор без да трепнеш додека за само неколку часа ја изгледаш цела.
За сите кои сакаат корејска кинематографија, плот-твистови, одлични трилери и добра забава - најтопла препорака. Ама: седнете и кога имате повеќе време, и „бинџајте“!