Squid Game

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Одамна не сте играле „Сакате ли војна“, „Штркот бара боја“, „Џамлии“, „Камај“...? Замислете некој да ви понуди пак да ги играте истите тие игри кои сте ги играле во детството, со таа разлика што сега победникот ќе добие околу 38 милиони американски долари. Ама да не сте баш запознаени целосно со правилата. Би прифатиле ли?

Тоа е премисата на Squid Game, нова корејска серија на Netflix, која ја поставија worldwide на стриминг платформата на 17.09.2021, значи пред точно една недела, и истата, за само една недела, стана првата корејска серија која се искачила на листата најгледани Netflix серии во САД, а верувам истото е и секаде ширум светот. Група од 456 луѓе со огромни финансиски проблеми се сместени во една градба на ненаселен остров каде по сопствена волја играат 5 игри популарни во Кореја во нивното детство, а тие кои ќе победат во игрите освојуваат огромна сума на пари. Но она што натпреварувачите не го знаат однапред е дека игрите имаат некои чудни, црни сценарија и твистови...

425330810.jpg

На 2 септември 2019, Netflix на прес-конференција најави дека креираат оригинална корејска серија, првично насловена како Round Six, по сценарио и продукција на Хванг Донг-хјук, инспирирана од популарната корејска детска игра од 70-тите и 80-тите, наречена Squid Game (нешто слично на нашите куцкамен и черта, само нормално, со вклучени борбени вештини во играта). Кастингот за серијата бил потврден на 17 јуни 2020, а во главните улоги глумат Ли Џунг-џае, Парк Хае-су и Ви Ха-џун (не дека нешто ни значат имињава, ама нека стојат :D).

Серијата е составена од 9 епизоди (првата сезона, се надевам и искрено посакувам да добиеме потврда и за втора). Се забележува од старт недостигот на оригиналност во сценариото, кое е во најмала рака мешавина на Hunger Games, Maze Runner, португалската серија на Netflix - 3%, па и на дел од серијата The 100, а дополнително авторот бил обвинет за плагијаризам зашто премногу наликувала на јапонскиот филм As the Gods Will . Но на сите нив, спојувајќи ги заедно, ја внесува таа корејска трилер нишка која те држи закован за телевизор без да трепнеш додека за само неколку часа ја изгледаш цела.

За сите кои сакаат корејска кинематографија, плот-твистови, одлични трилери и добра забава - најтопла препорака. Ама: седнете и кога имате повеќе време, и „бинџајте“!

squid-game-series.jpeg
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Сега го ѕирнав трејлерот од јапонскиот филм што си го пишал и првата игра е копија од филмот.

П.С. 3% е бразилска серија. :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Ама да не сте баш запознаени целосно со правилата. Би прифатиле ли?
Никој нормален, со два грама мозок, не би прифатил учество во ништо, на што не ги знае сите правила.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Никој нормален, со два грама мозок, не би прифатил учество во ништо, на што не ги знае сите правила.
Дури ни ако си под закана дека ќе те убијат зашто должиш многу пари на лихвари, а тие ти нудат решение на проблемот кое навидум изгледа лесно?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Дури ни ако си под закана дека ќе те убијат зашто должиш многу пари на лихвари, а тие ти нудат решение на проблемот кое навидум изгледа лесно?
Океј, никој нормален, со два грама мозок, не би прифатил учество во ништо, на што не ги знае сите правила, освен ако е под закана дека ќе го убијат зашто должи многу пари на лихвари.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Не се споменати филмовите Escape Room и The Cube и на нив наликува темата
 
Последно уредено од модератор:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Иако не преферирам да гледам незавршени серии, ме заинтересиравте со оваа пред некој ден, ја догледав прееска.
Интересна ми беше тематиката за да ја почнам, јас сум фан на фино спакувано насилство, додај борба за преживување и филозофии што и како е исправно, па морав да ја пропратам.

Најверојатно ќе има втора сезона. Се нервирам да чекам по две години за сезона, али мислам дека некои работи останаа неразјаснети во серијава, а и не дека не може да се тера со приказната и понатака во некоја насока. Само да не застанат со игри и тепачки, игрите ми беа стварно интересни за гледање.

Визуелно исто одлично, зелено и црвено ко констаст бои беа баш погодени. Ме нервира 456 мене лично, нејќам еднодимензионални ликови, а од овој буквално се што очекував дека ќе направи, направи.
8.5/10

И тотално ништо не разбирам од корејскиов, буквално мислам дека "чин чун хааа" цело време викаат. :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom