СП Шпанија 2013: Македонија - Данска 18.01.2013 20:15 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Да не го мислеше ова истово и пред година дена?:)
Лани за лани годинава за годинава. Нити ова е истата Македонија нити тоа е истата Данска
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 22:44 ---
Абе човек, и вака и така ние ќе бидеме згазени кога-тогаш, сигурно дека нема да станеме светски прваци, работата е во тоа да го дадеме од нас најдоброто.
Данска ќе излезе со прв тим сакал ти или нејќел, и нема он да ги штеди играчите прво зошто публиката негова пред се тоа нема да го дозволи, второ зошто не ти се соседи, а трето зошто и самиот неколкупати најави дека тоа нема да го дозволи и во тие најави не се работи за никакви пораки со некакво си преносно значење од типот на „ќе играме со втор тим“ итн. туку тоа е реалноста, замисли он после овие изјави се појави со втор тим, што ќе речат неговите во неговата земја?Селектор е на држава, не е тоа клубот на мајка му и татко му, му зависи и работното место од тоа.Во Србија ни играа со првиот тим па едвај не победија, на среќа зошто ние покажавме квалитет.
Јас за тоа ти зборувам, и да изгубиме важно е да покажеме на крај квалитет да им пружиме борба каква што никогаш нема да заборават.
Само ај, џабе паламудиме и ја и ти, утре ќе се види на крај крајава со каков состав ќе играат........
Не можиме да се разбериме никако :coffee: Ај нема врска
 

И на крај ако изгубиме изглеа вака:
717.jpg
 
Лани за лани годинава за годинава. Нити ова е истата Македонија нити тоа е истата Данска
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 22:44 ---

Не можиме да се разбериме никако :coffee: Ај нема врска

Па затоа ти велам, џабе паламудиме и двајцата утре ќе видиме што ќе биде.
 
Дека Ландин е голман од светски калибар, нема збор ама кога ќе ми текне дека додека траеше ЕП во Србија некои девојчиња од форумов викаа дека бил да го грабнеш и да бегаш од што бил убав, ми иде да си пукам у глава:). Ко далматинец е у фаца со тоа бемките, ко сипаници да има:)

Spored mene Manaskov i Dominik Klein se rakometari da gi grabnes i da begas :D (y) :love:
 
Spored mene Manaskov i Dominik Klein se rakometari da gi grabnes i da begas :D (y) :love:
Не можам да коментирам за машка убавина, не сум педер ама кога некој не го бива дури и од машки аспект гледано, морам да прокоментирам:). Овој Ландин со таа фаца нигде не поминува, ни кај машко ни кај женско:)
 
Инаку што се однесува до статистиката Дејан Манасков по статистика засега е рамо до рамо со можеби најдоброто лево крило во светот Линдберг од Данска.
Двајцата се на 21 гол од 28 обиди односно 80% реализација и делат 8 место на листа на стрелци.
Само што Манасков ги даде сите голови од контри, а во Данска Егерт ги дава головите од контраа, a Линдберг дава голови од многу тешки ситуации. Манасков една топка промаши од контра напад, што значи има 6 промашаи од крило. Плус Чупиќ е најдобро десно крило. :)
 
Ацо Јоноски со ѕверска изјава
Читам како Вилбек е убеден во победа, како им ветил на Исланѓаните дека сигурно ќе слави против нас. Тој како да заборава каков меч игравме во Србија, кога Данците беа со спакувани куфери се до онаа среќна победа со нас. Таквиот однос е иритирачки и само дополнително не мотивира, да ги потсетиме Данците против кого играат и дека Македонија знае како да се справи со нивните налети
 
Секогаш сме биле помотивирани и сме играле подобро под притисок, со појаки екипи. Очекувам утре да биде напнато до последна секунда, ама да им вратиме за незаслужената победа во Србија. :)

 
Кире во Еден на еден кај Жаре вели дека ќе имаме минимум 3 победи, и дека Данска ќе ги победи сите репрезентации во групата освен нас.. :rolleyes:
 
Без разлика што и како ќе заврши, мене ми е доволно што ја гледам Македонија на едно големо натпреварување, го гледам Кире кај што ги треси мрежите на противниците, каде што тие пак со респект гледаат кон Македонија, се друго е бонус можи по неколку години кога ќе го немаме овај континуитет на големи натпреварувања со восхит ќе се потсетуваме на овие денови.....
Ама секако утре да гледаме да дајме појќе голој од ними :D :D
 
Ме интересира дали некој знае во кој термин Сител дава репризи од натпреварите што ги играме на светсково . Досега сите ги гледав како директен пренос , но утре со Данска нема да можам да ја гледам во терминот кога се игра , па ако знае некој нека каже кога обично ја даваат репризата .
 
Беше објавено ова, АМА:

ФОТО: „Фалангата“ се спријатели со Хансен!


Долу во продолжение на текстот
Дали нашите навивачи ги освоија симпатиите на Данецот, па тој нема да биде безмилосен како на претходниот наш дуел, останува да видиме утре...
:pos::pos::facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom