СП 2018- Финале: Франција Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување
Лаказет со онаа конструкција ќе загинеше покрај Вида и Ловрен, в џеб ќе го пикнеа.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Им фалеше Ибра напаѓач, од средина да шутира, секоја утакмица по 15 шута, а Дешамп глуп го зима Жиру да се тепа со дефанзивци цело светско, па и пасер изиграва, за тимот ќе играл.

Да ве контактирал вас од фк меси фанклубот друго ќе беше, вака со злато ќе мора да си идат.
Пасер изиграва, само што има 85 паса во 7 утакмици :icon_lol:

Седи мирен ти од абрамович фк фан клуб, да не му текне катанец да стави, па ќе треба да се префлиш во Меси фк фан клуб :D
 
Франција да игра со Гризман на 9-ка и со Мбапе и уште некое крило пример Дембеле ќе даваат по 20 гола на меч.
Играа така првата утакмица против Автралија и едвај тепаа со „смешен“ гол.
 
Играа така првата утакмица против Автралија и едвај тепаа со „смешен“ гол.
Знам, а исто така против Перу следната кога смени формација го допреа дното и жива глава спасуваа.

Ма може овој состав на Франција многу подобро да игра нема тука дилеми, али сега за сега и тоа е доволно, повеќе ваљда во иднина. :)
 
Значи за овај тип на игра на Французите ДА НАЈМНОГУ ОДГОВАРА ЖИРУ.. Но то незначи дека не беше ДНО на светсково.. Еден куп контри им еба и неколку шанси му завршија втрибини.. Значи Бензема истото го прај само 10 пати подобро и дава голој во големи утакмици а ТЕЛЕ е а Жиру бил ВАЖЕН играч.. Океј бе
 
Играа така првата утакмица против Автралија и едвај тепаа со „смешен“ гол.
Ама затоа на фифа гази со таа формација. Си стискаш тријаголник, па после Р1 и дембеле и мбапе летаат поред штоперите.
 
Ама глеј, они да би имале поквалитетна 9ка од Жиру што може да ја врши истата задача подобро, сигурно Жиру би бил или на клупа или не би бил земен на првенство. Вака, тој им е најдобра опција, затоа и си го играа. Муабетот беше дека Бенз (кој е испокаран со пола федерација) и Лаказет (кој не би изиграл ни 20% од тоа што го изигра Жиру) не би ја завршиле неговата работа.
 
Ајде немајте гајле, до европското сигурно Жиру нема да игра веќе, за наредното светско ич да не правиме муабет, тогаш ќе има друг шпиц па ќе видиме како ќе биде.

А да се паметни французите, ќе го сменат и Дешамп со селектор со различни и нови идеи, и тоа баш оти им освои светско, за да не се доведат во ситуација како Германија и Шпанија со иста тактика и ист стил на игра да освојуваат нешто, нема да им успее.
 
Жиру е просечен напаѓач кога е во прашање постигнувањето на погодоци. Да биде прв напаѓач во некоја екипа и се' да се врти околу него, нема да има никаков придонес, но Жиру е тип на напаѓач кој може да даде свој придонес во екипи кои имаат подобри напаѓачи покрај него. Борбен е, добива воздушни дуели и спушта топки до останатите, навлекува играчи на себе при прекини, а во минатото не беше толку лош ниту кога беа во прашање завршниците на акциите. Во последно време се претвори во труп од голгетер, топкана се одбива од него, промашува зицери, го стигнуваат на контра при предност од 15-тина метри итн.
Сепак, во поставеноста на Дешамп, Жиру одигра сосема задоволително. Жиру беше еден од играчите чиј придонес не е евидентен, бидејќи не е експлозивен играч кој со еден потег ќе реши натпревар, но имаше голем имапкт во тимот на шампионот. Жиру е напаѓач, но во Француската репрезентација немаше конкретно таква улога, туку вршеше сосема други задачи. Не сме разговарале со Дешамп за да знаеме која му била задачата, ама неговата минутажа доволно говори дека солидно одговорил на барањата на селекторот. Не е едноставно да одиграш скоро 90 минути на секој натпревар во тимот кој ја освоил титулата.
Се сложувам со еден вчерашен коментар на @Peja989 околу Жиру и неговиот придонес во играта. Лаказет е подобар напаѓач од Жиру од аспект на постигнување погодоци, ама е позади Мбапе и Гризман кои беа задолжени за головите во репрезентацијата. Во однос на задачата на Жиру, да добива воздушни дуели, да навлекува играчи, да спушта до побрзите соиграчи во нападот и несомнено да врши голема дефанзивна улога на средина од теренот, каде што бркаше цело време, дефинитивно можеме да кажеме дека Лаказет не би бил соодветниот играч.
Си постојат вакви играчи кои не можат сами да решат натпревар, ама во дадена формација на силните екипи им се и те како неопходни.
Жиру е светски шампион, тоа ми е пример за оксиморон, ама не може да се каже дека не одигра одлично за улогата која ја имаше во тимот.
 
Ни Фелаини нема задача да не дава голови, туку на друго треба да се фокусира. :)
Остај Фелаини, во манчестер игра он шпиц место Лукаку или го става Мур кога брка резултат. Башка Фелаини дава голови.
 
Ама не, ако не направи нешто добро за око значи дно бил, ништо не изиграл :(
Да кажеш дека ништо не направил и дека изиграл лошо, треба стварно ептен површно да ги гледаш натпреварите. Да, главната задача на напаѓачот е да дава голови, ама во формацијава на Франција Жиру имаше поразлична улога затоа што има двајца голгетери околу него на кои доста им помогна, така да си ја заврши солидно работата.

 
Отворено писмо на селекторот Далиќ: Хрватска ја водат лоши луѓе, не сте добредојдени во нашата соблекувална
Ама се отворил овој :eek:

Моја, утка, последниот пасус го прочитав откако постирав, не се отворил толку селекторот, некој друг бил, што не значи дека кажал неточни работи.
 
Ех животе сјебани џојстику,
Ех животе недоступни дилеру,
дојде време Погба и Жиру да имаат светска титула :facepalm::facepalm::facepalm:
 
Мене одма ми текнува на полуконтра против Белгија на 1-0 резултат, кога доби идеална топка на шеснаесетникот на посилната лева нога и... и истата заврши 10 метри над голот.

Не се сложувам со твојот пост ама за ова, еве ти видео од Донев 2 минута некаде и гледај :D

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom