- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.602
- Возраст
- 37
Какво само финале беше вчерашното. Шест гола на финале на СП, еј.
Се навикнавме претходно на тактизирања и на 1:0 во продолженија.
Франција ептен заслужено е светски шампион. Си беа најдобри цело СП. Четири победи во нокаут фаза во 90 минути и тоа се против силни противници. Откако гледам фудбал само Бразил во 2002 стигна до титулата без да се мачи низ продолженија и пенали, и еве сега Франција. Сите горе-доле беа на ниво. Жиру можеше да забие некој гол, ама не може да речам дека имал лошо првенство. Сепак одработе солидна работа за другите во нападот, нешто слично како што тоа го прави Бензема во Реал. Варан и Умтити одличен тандем, Хернандез искина, Павар откритие на првенството. Канте извонреден, Мбапе исто, Гризман добар, Погба океј.
Ова беше шесто по ред СП што го пратам. До сега секоја репрезентација што освојуваше имаше веќе зрела генерација која на тоа првенство го достигнуваше максимумот, па после често паѓаше во формата пошто нели доаѓаше промена на генерации. Кај оваа Франција тоа не би требало да се случи пошто повеќето играчи се ептен млади и ќе играат заедно уште многу години. Така да очекувам дека ќе бидат во најтесна конкуренција за секој трофеј во наредните десетина години. Ако нешто драстично не се промени кај другите европски репрезентации Франција и Белгија ќе бидат најголеми фаворити за ЕП 2020.
За Хрватска големо браво, резултат кој може и никогаш нема да се повтори. Модриќ заслужено е играч на првенството. Сепак Франција беше многу поквалитетна, а реално Хрватите потешко стигнаа до финале од нив и тоа по полесна рута. Мислам дека сепак немаше да играат финале ако претходно налетаа на Белгија.