СП 2018- Финале: Франција Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување
Какво само финале беше вчерашното. Шест гола на финале на СП, еј. :cuc: Се навикнавме претходно на тактизирања и на 1:0 во продолженија.

Франција ептен заслужено е светски шампион. Си беа најдобри цело СП. Четири победи во нокаут фаза во 90 минути и тоа се против силни противници. Откако гледам фудбал само Бразил во 2002 стигна до титулата без да се мачи низ продолженија и пенали, и еве сега Франција. Сите горе-доле беа на ниво. Жиру можеше да забие некој гол, ама не може да речам дека имал лошо првенство. Сепак одработе солидна работа за другите во нападот, нешто слично како што тоа го прави Бензема во Реал. Варан и Умтити одличен тандем, Хернандез искина, Павар откритие на првенството. Канте извонреден, Мбапе исто, Гризман добар, Погба океј. :)

Ова беше шесто по ред СП што го пратам. До сега секоја репрезентација што освојуваше имаше веќе зрела генерација која на тоа првенство го достигнуваше максимумот, па после често паѓаше во формата пошто нели доаѓаше промена на генерации. Кај оваа Франција тоа не би требало да се случи пошто повеќето играчи се ептен млади и ќе играат заедно уште многу години. Така да очекувам дека ќе бидат во најтесна конкуренција за секој трофеј во наредните десетина години. Ако нешто драстично не се промени кај другите европски репрезентации Франција и Белгија ќе бидат најголеми фаворити за ЕП 2020.

За Хрватска големо браво, резултат кој може и никогаш нема да се повтори. Модриќ заслужено е играч на првенството. Сепак Франција беше многу поквалитетна, а реално Хрватите потешко стигнаа до финале од нив и тоа по полесна рута. Мислам дека сепак немаше да играат финале ако претходно налетаа на Белгија.
 
сите што пишувате дека сме експерти позади тастатура, не заборавајте дека во текот на цела сезона и вие пишувате 300 глупости, ама изгледа секогаш сте во право, а сите други се во криво???? па не сме можеле да погодиме утакмици со коефициент 1.20...:pos::pos: вие сте се збогатиле гледам...

да не заебавајте, пишав дека Бенз, Марсијал и Лаказет се поквалитетни играчи од Жиру, и тоа е мое мислење, не значи дека Франција би освоила светско со нив, баш напротив, сигурно има причина зошто е Жиру во прв тим а Франција освојува голем турнир...ама дека е одличен напаѓач, не ме заебавајте...како што пиша некој, одличен тимски играч, ДА, ама не би го ставил ни во топ 20 напаѓачи во моментов...

и сите што пишувате дека Франција килаво стасала до титулата, ако Франција имала просечен перформанс, какви перформанси имале другите екипи????????????????????
дај погледнете ги последните 3 светски, и видете шампионите каков пат имале до титулата...

брееееееејјјјј кајгана експертиии..:ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Не му било работа на Жиру да дава голови :pos: не, за носење вода го чуваат на позиција централен напаѓач. Исто ко за Бензема што објаснуваа, отворал простор, мада овај е многу подобар од Жиру. Ова тенџере ја има целата среќа светот што се погоди во репрезентација како оваа, па се дошлепа до трофеј. Гледајте што прави Кавани во ПСЖ, дали отвора простор за Мбапе и Нејмар или решета мрежи.
 
Кога ќе напишеш дека напаѓачот не бил ставен за да дава голови, треба да го затвориш лаптопот/компјутерот, да го извадиш кабелот од интернет и се така заедно да го посипеш со солна киселина.
 
Е добро де, никој не рече дека Жиру е играч на исто рамниште со Кавани или подобар од него :)
Па не може да биде оправдуван дека изиграл јако, заеба сто контри, не дава ниту еден гол, ниту шут. Срамота е за било кој напаѓач. Погба да не дадеше гол ќе беше руган од сите иако не му е тоа работа, не пак напаѓач.
 
Па не може да биде оправдуван дека изиграл јако, заеба сто контри, не дава ниту еден гол, ниту шут. Срамота е за било кој напаѓач. Погба да не дадеше гол ќе беше руган од сите иако не му е тоа работа, не пак напаѓач.

Никој не го оправдува во стил „што ви е бе, Жиру е најбоље напаѓач“ туку „задачата која ја имаше, примарната, си ја заврши без грешка“. Играта на ПСЖ во француско првенство со оваа на Франција на СП не се споредува :)
 
Дешамп ви јави дека Жиру ја имал улогата да не дава голови? Како сигурно кажувате ко од соблекувална да известувате.
 
Дешамп ви јави дека Жиру ја имал улогата да не дава голови? Како сигурно кажувате ко од соблекувална да известувате.
Ни Фелаини нема задача да не дава голови, туку на друго треба да се фокусира. :)
 
Никој не го оправдува во стил „што ви е бе, Жиру е најбоље напаѓач“ туку „задачата која ја имаше, примарната, си ја заврши без грешка“. Играта на ПСЖ во француско првенство со оваа на Франција на СП не се споредува :)
Не може примарна задача на напаѓач да е спуштање топка, па и Пике тоа го игра во Барса кога ќе се брка резултат.[DOUBLEPOST=1531734454][/DOUBLEPOST]
Жиру во оваа Франција ја има Фелаини улогата во Белгија и Ман Утд.
Фелаини не игра напаѓач колку што знам :)
И пак Фелаини е сто пати поопасен по противникот од Жиру.
 
Не може примарна задача на напаѓач да е спуштање топка, па и Пике тоа го игра во Барса кога ќе се брка резултат.[DOUBLEPOST=1531734454][/DOUBLEPOST]
Фелаини не игра напаѓач колку што знам :)
Не реков за позицијата, за улогата во играта. И Руни кај нас две сезони беше 9ка ама на терен беше DLP. Никој не го правда Жиру, не дека немал улога да дава голови ама сигурно имал инструкции да го стави фокусот на друго место. Разгалена репрезентација е Франција, има играчи за 3 репрезентации да состави, може да си дозволи и да бира кој ќе биде примарно реализатор (Гризман и Мбапе). Башка за Жиру правиме муабет, не дека е Кавани, Левандовски итн. ама докажал низ годиниве дека од прекин поготово може да биде многу опасен, тоа што ако е точно дека немал ни шут кон гол алудира дека најверојатно не бил таргет голот.
 
Не може примарна задача на напаѓач да е спуштање топка, па и Пике тоа го игра во Барса кога ќе се брка резултат.

Ама Жиру тоа не го прави кога се брка резултат туку цело време, цело првенство, едноставно, тоа му е примарна задача. Сигурно дека ако на корна топка оди на него, нема да спушти глава и да не шутира или на контра топката заврши кај него а тој е сам пред гол, па да додава у таа ситуација.
 
Срам да му е на Жиру, нека го врати медалот под итно.
 
Жиру во оваа Франција ја има Фелаини улогата во Белгија и Ман Утд.
И која е задачата на Фелаини во УТД? Да влезе во 70-та минута кога Јунајтед има 1-1 со Форест Грин и пробаат преку центаршутеви да дадат гол. Абе дајте што ви е со оправдувањава на Жиру, спуштал топки еј :pos: 600 минути нема шут во голот ама тој спуштал топки... Топ 3 најслаби напаѓачи на првенствово беше Жиру, среќа негова што се најде во добар тим па недостатокот на квалитет на неговата позиција беше покриен со Мбапе и Гризман. Франција да игра со Гризман на 9-ка и со Мбапе и уште некое крило пример Дембеле ќе даваат по 20 гола на меч.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom