Здраво,
Купив кола на старо и сега треба да извршам промена на таблите и сообраќајната дозвола. Утре ќе одам да ги одјавам таблите и после која е процедурата ? ( Напомена колата е регистрирана од претходниот газда до 05.02.2017 година )
Таблите и сообраќајната ги враќаш во тој град каде што е регистрирана..Можеш и во Здружение на возачи,или во АМСМ,газдата треба да ја одјави,он си плаќа околи 400-500 денара,ти не треба да плаќаш..Ги враќаш таблите,ти удираат печат на сообраќајната дека е ПОНИШТЕНА и ти ја враќаат назад..Со таа сообраќајна,одиш во АМСМ или Здружение,по твој избор,ти даваат нови таблици,и нова сообраќајна,со таа важечка регистрација..На сообраќајната си стои твоето име,нови таблици..И тоа е тоа.