Скопје calling... асална Архитектура needed!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа архитектурата во Скопје?

  • Вкупно гласачи
    236
Паметните народи учат од минатото, а се стремат кон иднината. Паметните.

Знаете како се движи ракот? Е, само тој се движи наназад, од сите можни живи суштества на светов. Ова на илустрацииве, слободно можам да го дефинирам како архитектонска проекција на неговото движење.

Се превртуваат во гробот големите модерни мајстори на архитектурата, оние кои ги посетувале нашите градови и се воодушевувале на рационализмот. Оние кои учеле од нас, земале пример, и од тој пример проектирале дела на кои денес, ние архитектите прајме метании, исто ко поп пред икона.

Додека беше еклектично, и покрај тоа што создаваше немир во архитектонската мисла, се трпеше. Доволно, колку да се пазиме во нашите навреди. Сега, ова повеќе не е еклектика. Чак што више, ова е навреда и за самата еклектика. Ова е шлајм, дефиниција за немање вкус, за недостиг на јасен концепт и бистра мисла во архитектонското творештво. Творење за пари, проектирање со замижани очи. Кич - преблаг збор за ова. Дури и кичот се основа на некакви современи трендови, и истите ги форсира (најчесто со претерување). Овде не постои современ тренд. Не постои желба за напред, за развој на индивидуалност: Не постои поле за креативност, крајно. А тоа повеќе не е жално. Тоа е проклето одвратно.

Но, кого да обвиниме за тоа? Власт? Трагите од тие што порано биле на власт? Архитектите? Комуњарите? Јок бе луѓе, ние сами сме си такви. Во сржта ни е да се однесуваме вака. Повеќе од половина од коментарите на темава ги поддржуваат овие проекти, за нив ова се подвизи за славење и со ова нашиот главен град ќе биде „туристичка атракција“! Пеќи, нека ви биде. После оваа... фиктивна и чудна бројка 2014, ќе ве прашам како и каде ги паркирате вашите возила, колку време стигнувате до работа, во каков амбиент работите и колку уживате во прошетката по центарот на градот.

Skopje is doomed. Верувале или не. Она што некогаш бил прекрасен град и природата го однела, сега го враќаме како ефтин накит на камењарка, за по некое време сами да се молиме природата повторно да го однесе. Ме боли срце и ми е криво што зборам вака, уште повеќе што знам дека е точно истото. Али ајде, ве оставам да се радувате на нашиот нов, прекрасен, атрактивен капитол!
 
Гледајте на добрата страна, ќе може жмурка да се игра на плоштад :))))
 
Да изградиш Ристиќиева палата на местото кадешто постоела, се јаде. Знаеш, можеш да им покажеш и на странци, овде од тогаш и тогаш постоел објектов, земјотресот го срушил, го изградивме пак, бла бла.
Понатаму не продолжувам, се изнервирав :)
 
Паметните народи учат од минатото, а се стремат кон иднината. Паметните.

Skopje is doomed.

за по некое време сами да се молиме природата повторно да го однесе.

Ваистина брате Кире!
 
Театарот и Филхармонијата се ептен добри. Може и реинкарнацијата на Офицерски до некаде па и Уставен (може локацијата само е проблематична). Ама што е со тоа како дел од ѕид од римски колосеум што е?! Која функција ке ја има?! Спомениците се ок со изборот на ликовите али се премногу на мал терен. Треба по цело Скопје а не само на плоштадот. Како единствено нешто да е во Скопјево. И портата?! Минуваш низ портата и оп препрека - црква! Порта која води кон ќорсокак. Порта кон (опрестете ми) газот на црквата. Лавовите да не зборам. Модерен мост со лавови. Ко баба ми да носи минич. Утнато со времето. Мост Око и мост на уметноста. Оф леле...Ај барем фасадите ке ги средат на Пела...
 
Вакво е најубаво Скопје, така? Да го оставиме пусто да се радуваат архибригадирите, за нив да остане во иднина да го проектираат Скопје. :kesa:

Ograden%20Plostad%2001%2004.jpg
 
Уф не е Кензо Танге ама ако го направат ко што е на презентацијата нема да е воопшто лошо. Само се надевам дека нема да се запре овде и ќе се продолжи да се гради, крпи, фасадира и усогасуваа стилски цело Скопје

И не само Скопје има и други градови во Македонија на които сериозно им требаат бајпас, лифтинг и витамински апчиња.
 
:pos2::pos2:
жално :tapp:
шо е жално бе ....
мрчатори ...
барем ќе заличи на главен град :toe:

А за да личи на главен град треба да има антички градби и барок градби во него??????????:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Уф не е Кензо Танге ама ако го направат ко што е на презентацијата нема да е воопшто лошо. Само се надевам дека нема да се запре овде и ќе се продолжи да се гради, крпи, фасадира и усогасуваа стилски цело Скопје

И не само Скопје има и други градови во Македонија на които сериозно им требаат бајпас, лифтинг и витамински апчиња.

Stilski.

Klucen zbor.
 
Да изградиш Ристиќиева палата на местото кадешто постоела, се јаде. Знаеш, можеш да им покажеш и на странци, овде од тогаш и тогаш постоел објектов, земјотресот го срушил, го изградивме пак, бла бла.
Понатаму не продолжувам, се изнервирав :)

Офицерскиот и театарот се тие.
Другото е се измислено и веднаш треба да се тргне. Може да се додаде само хотелот до офицерски за да не остане празен простор бидејќи по урбанистички план гледам точно доаѓаат во линија со хотелот и останатите објекти.
Ама ова другото е повеќе од смешно. Не ми е јасно до кога ќе се запоставуваат други клучни проекти во градов а ќе се форсира нешто друго.
 
Театарот и Филхармонијата се ептен добри. Може и реинкарнацијата на Офицерски до некаде па и Уставен (може локацијата само е проблематична). Ама што е со тоа како дел од ѕид од римски колосеум што е?! Која функција ке ја има?! Спомениците се ок со изборот на ликовите али се премногу на мал терен. Треба по цело Скопје а не само на плоштадот. Како единствено нешто да е во Скопјево. И портата?! Минуваш низ портата и оп препрека - црква! Порта која води кон ќорсокак. Порта кон (опрестете ми) газот на црквата. Лавовите да не зборам. Модерен мост со лавови. Ко баба ми да носи минич. Утнато со времето. Мост Око и мост на уметноста. Оф леле...Ај барем фасадите ке ги средат на Пела...

Што очекуваш кога 5 века сме биле под ретроградното турско ропство наместо да градат импозантни архитектонски дела они собирале арач и граделе џамии.
 
И не само Скопје има и други градови во Македонија на които сериозно им требаат бајпас, лифтинг и витамински апчиња.

Еден паметен (вака барем на прв поглед изгледа) архитект, чие име во моментов не се сеќавам како беше, имаше речено нешто отприлика: на Скопје не му треба хирург, туку му треба психијатар.

Што очекуваш кога 5 века сме биле под ретроградното турско ропство наместо да градат импозантни архитектонски дела они собирале арач и граделе џамии.

Во ред, само собирале арач и граделе џамии.
Поминало тоа време, ставаме точка.
Пауза.
Може сега да цепаме напред?
Секој може да изгради кале, камења едно врз друго, на убава локација. Но калето е убаво бидејќи има душа во него, длабоко внатре во него. Не ги сакаме камењата, ја сакаме душата што тие камења ја носат.
 
Скопје..... Колку само моќно звучи ова име. Имам огромен респект кон градов и ми е незаменлив. Не би сакал да му го мењаат личниот опис. Мислам дека доста срање направија со новиве згради ала Шутка. Барем центарот да си остане каков што е.
 
А сега центарот убав ти е ???????
Извини брат али ако зградиве ти личат од Шутка ондак ти имаш проблеми у глава
 
Еден паметен (вака барем на прв поглед изгледа) архитект, чие име во моментов не се сеќавам како беше, имаше речено нешто отприлика: на Скопје не му треба хирург, туку му треба психијатар.

Во ред, само собирале арач и граделе џамии.
Поминало тоа време, ставаме точка.
Пауза.
Може сега да цепаме напред?
Секој може да изгради кале, камења едно врз друго, на убава локација. Но калето е убаво бидејќи има душа во него, длабоко внатре во него. Не ги сакаме камењата, ја сакаме душата што тие камења ја носат.

:smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom