Не можам да го сфатам моментот со пајтонот,шо ги дупат странците кај ќе ги шетаат покрај новоизградениве објекти ок и после ?
Срамота е за ова пари да земаш и воопшо да го имаш,да речеш да ти е среден цел град вака во овој стил па да ги шеташ цел ден,ама вака...........демек Виена сме.
Или нека го средат цел град или нека не се глупираат во коњи и коњаници. И ние сме давале пари за прошетка низ градови во Европа со кочија,ама има кај да те прошетаат и има што да видиш,кај нас 6-7 објекти ќе ги поминеш и после каде ? Во чаршија ќе ги акаат ? Да мислат дека уште сме под турско ропство......не иде. Некои работи не се прават преку ноќ,пак ќе кажам среди го цел град па после шетај ги со кочии и со каравани.