Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Дај нека врне едно недела дена и тоа силно па сите споменици да ги поплави :)
http://tocka.com.mk/1/94552/vardar-go-udavi-spomenikot-na-skokackata
Важно споменици ставаат а за коритото на Вардар ништо не превземат. Секоја година ова се случува ама они само гледат и се надеват дека другата година нема да врне толку.
За овој проблем има многу практично решение. Двојна или максимум тројна формула за името на споменикот. Скокачка/Пливачка/Гњурачка како име би ги решило дилеми што се појавуваат за тоа дали овој споменик е достоен да го носи светото име, а ги создаваат виши сили и временски непогоди.
 
Никако! Ерга омнес, или што би рекол Војо Стојановски - Едно име имаме! Давеничка. Ем свето име, ем одговара на временски и даночни непогоди.
 
Постов е само потврда на резултатите од најновото истражување на Павел Шатев, според кое Македонија има најмногу предавници по глава на жител во светот и пошироко. Да не си за Бранко ти, што вака од прва фаќаш грчка страна и минираш преговарачки позиции?
 
Бранко држава ни направи од нигде никаде. Да го слушавме досега ќе бевеме во ЕУ, ако не и подалеку, на кај Гренланд. Овој проблем на пример лесно ќе го решеше со привремена референца, додека не се повлече водата.
 
Да беше до Бранко ќе ги немавме ни Скокачката, ни Македонија. ВМРО ги направи двете! Бранко знае само да преименува, демек привремено.

А, сега за тоа што личи на офтопик, ама всушност суштински ја објаснува вашата предавничка матрица. Од каде гледате потреба да ја носите Македонија во ЕУ, па дури и понатаму? Толку не сфаќате дека на Македонија од Господ и е доделена историска задача да биде клучот на случувањата во регионов? Или се грчки пари во прашање или вашето немање сенс за историска важност ќе ве направи предавници вечно!
 
Маќедонија географски, културно, и економски припаѓа кон големото европско семејство. Со влезот во ЕУ ќе се добие пристап кон фондови за унапредување на земјоделието, инфраструктурата и усогласување на законските регулативи. Но ние нема само да земаме од европа, туку и ќе и понудиме и тоа она што го знаеме најдобро. Со растот на бирократијата во еу, ние можеме да им бидеме светол пример и уште еднаш да покажеме дека нашата иднина е во еу. Сите македонски револуционери, од Чуповски, преку Артим Шаќири, до Пандев работеле и биле пример за ЕУ.
 
Европа е Македонија! Европскиот фашистички сојуз е друго `шеснајсе! :mad:
 
Маќедонија географски, културно, и економски припаѓа кон големото европско семејство. Со влезот во ЕУ ќе се добие пристап кон фондови за унапредување на земјоделието, инфраструктурата и усогласување на законските регулативи. Но ние нема само да земаме од европа, туку и ќе и понудиме и тоа она што го знаеме најдобро. Со растот на бирократијата во еу, ние можеме да им бидеме светол пример и уште еднаш да покажеме дека нашата иднина е во еу. Сите македонски револуционери, од Чуповски, преку Артим Шаќири, до Пандев работеле и биле пример за ЕУ.
Заради тие црни европски фондови и пари ќе ги заборавиме и Букурешт, и Версај, и Сан Стефано, и Јалта, а богами и Гоце, и Дамјан и Аце. Среќа ВМРО е партија во која историјата има посебна улога, па успеа да ги стави нивните споменици на плоштадот пред комуњарите и нивните ментори да успеат да ги избришат од колективната меморија на Македонецот.

Македонија неспорно има што да и понуди на курвата вавилонска, прашањето е што може Европа да и даде на Македонија сем гнасни пари.
 
Овде се согласувам со тебе. Се надевам дека ВМРО ќе го руши тоа старото комуњарско дувло ЦК и ќе изгради реплика на Версај како седиште на владата. На Вардар може да направат модел на Јалта, а кога веќе прават Јалта, нека го направат и Техеран, во Чаир, нормално.

Што се однесува до парите, не биди материјалист, гледај подалеку. Ќе им ги дадеме на браќата Албанци да не не тепаат повеќе и ќе обезбедиме мир и благосостојба.
 
Ќе биде и тоа. Сега, ако на 10-ти август не ни го вратат Солун, ќе го објават и тој план. Само дотогаш ќе треба да го решат оној комуњарон што сака да ги кочи. Не сум сигурен колку Чаир го заслужува Техеран, не верувам тоа да биде направено.

Ним се им се дава, сем пари. Ќе ни ги соберат и пак ќе сакаат Шќипери етнике.
 
Осврт на бруталистичкиот стил по кое било обновувано Скопје по земјотресот на авторот Nate Robert.

* Специјално за Цитро, авторот (како и многу други странци) новите градби ги опишал како кич и Дизниленд :

I’m not entirely sure what the point of the new Las Vegas/Disneyland-esque government sponsored construction drive is. For such a small city, it’s an extreme, and costly, effort. Skopje’s locals are divided, but I think it’s safe to say most are against the government spending such large sums of money on what is a fairly kitsch effort at creating a national identity. It’s hard not to draw comparisons back to the propagandish era of communist Yugoslavia. The architecture itself is perhaps best described as tacky, albeit grand.
 
Може треба да направат и споменик на самоубијците од поново време во МК? Бидејки, сеа прочитав дека во тетовско за неполн месец се регистрирани 4 самоубиства-а се кладам дека сите се поттикнати од убавините што ги осеќаме секојдневно на тооолку многу нивоа...

Али, да не бидам целосно, ко шо би рекле некои, оф топик, само ќе споделам со форумов вест објавена на една електронска страна, дека треба да се избегнува плоштадот кога грми, бидејќи сеуште немало изведено соодветна громобранска инсталација (а нагомилана е куп бронза, која да ти била привлекувач на громови)...него шо знам ја за бронза и привлекување на гомови-у ствари врска неам, али ај да напишам нешо, за да не се доведеме у ситуација на плоштадот да правиме Споменик на удрените од гром...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom