Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Нема крај а, ако нека им помине тинејџерсково лудило на децата, па и не излгеда толку лошо на сликиве, најискрено. Некако ми личат зградиве како на една голема зграда у Софија (парламент ли е или нешто сл)
Пола Европа е таа шема. Во основа приказната е Премиеров и остала партиско-селска багра прв пат у живот излегле од МК и биле негде по Европа и виделе нешто...се шетале на некоја конференција на државна сметка и виделе сељациве нешто и сакале и тие. И така би Скопје 2014. Ок е што градат ама стилот им е типичен за тоа естетско ниво на кое се...ако си видел Скарфејс и остали нигер-латино мафијаши кога од гето ќе станат некој босови какви куќи градат...е тоа е стилот и вкусот на овие. Се гледа дека онака живеле утепано и затуцано и имале шанса нешто малку да видат и првото што го виделе сакале нивно да биде и така. Го контам тој ментален склоп.
 
Ни „Кој ги нарачал?“,
“Кој ги одбрал?“,
„Кој ги нацртал?“,
„Кој ќе ги плати?“
„Кој К ќе ни се во моментов?“........него „убави се“, „бољи од бетонот“......
Стаите бе прст на чело малку!..........до кога бе без памет?
 
Еве денес преку дезинформациите на Курир и вистината на Нова, повторно е актуелен текстот на Nate Robert во кој тој се воодушевува од бруталистичката архитектура во Скопје, а истата сосема погрешно на нарекува комунистичка, само затоа што била изградена за време на Југославија.
Изгледа Nate Robert, а и поголемиот дел на македонската јавност, не знае дека македонските архитектите кои го донеле овој модерен "западњачки" тренд во Скопје, се школувале токму во САД и во западна Европа, каде што има мноштво на градби од овој стил.

На пример:

-Ѓеорги Константиновски, (автор на студентскиот дом Гоце Делчев, Државниот архив..) се школувал на Универзитетот Јеил кај водечкиот американски архитект Пол Рудолф, со помош на стипендијата која ја доделувал Стејт департментот,како дел од US aid за Скопје. Потоа работел за IMPei во Њујорк пред да се врати во Скопје.

- Јанко Константинов (автор на Телекомуникациски центар во Скопје, Педагошка гимназија, гимназија„Никола Каре“; Медицински центар во Скопје; ) во 1954 заминал на специјализација во Кралската данска академија за архитектура и уметност во Копенхаген. Во Данска работел со познатите архитекти како што се Јакобсен, Маркелиус, Шлеге и Расмусен. Во Јувескула, Финска 1957 работел со Алвар Алто. Од 1955 до 1958 година тој бил архитект проектант во шведската престолнина Стокхолм, во бироата на С.Трегорд, Н. Кехингер и Г.Летсторм (училиште во Хелсингорден, училиште во Фалун, техничка висока школа во Стокхолм, администрација и трговски центар и станбена населба во Хелсингорден). Во 1958 година го проектирал музејот во градот Олборг во Данска. Од 1958 до 1964 година, Константинов престојувал во Лос Анџелес, во САД, каде што работел како проектант дизајнер во ателјето на Виктор Груен, а подоцна и во ателјето „Даниел и Џонсон Медеха“. Контактот со делата на Франк Лојд Рајт и Еро Саринен, како и соработката со повеќе архитекти кои биле ученици на овие големи американски архитекти, ќе има есенцијално значење за односот на Константинов кон архитектонската форма. Од проектите од овој период се издвојуваат: покриениот пливачки базен во Лос Анџелес 1960-1962 и Научниот центар за Јужна Калифорнија 1962-1965. Иако етаблиран и афирмиран проектант во Калифорнија, Константинов сепак одлучил во 1964 година да се врати во Скопје и да го даде својот придонес во изградбата на разурнатиот град.

-Петар Муличковски (автор на зградата на Владата на РМ, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“...) студирал архитектура на Техничкиот факултет во Љубљана. Специјализацијата за Регионално просторно планирање ја работел на Калифорнискиот универзитет во Беркли во 1964 година и универзитетот Харвард во Масачусетс. Во 1965 работел во студиото на Френк Лојд Рајт во Талиесин Вест - Аризона, а истата година и во школата на Мис Ван дер Рое во Чикаго - Институтот за Технологија во Илиноис и студиото на Чарлс Имс во Чикаго. Своето усовршување го надополнил со стручни престои во Шведска, Данска, Швајцарија, Италија и Грција, проучувајќи актуелни проблеми поврзани со неговиот професионален интерес.

Уште еден значаен момент заради кој оваа архитектура не може да се нарече комунистичка, е затоа што не била работена под диктат на комунистичката власт - архитектите имале целосна авторска слобода во изразот (за разлика од "демократската архитектура" на Скопје2014).

За крај: модерната и бруталистичката архитектура на Скопје е комунистичка колку што е комунистичка CCTV на Rem Koolhaas во Пекинг, или колку што е демократска архитектурата на Скопје 2014.

п.с. проверете го обој блог, многу е добар...има еден куп "комунистичка архитектура"http://fuckyeahbrutalism.tumblr.com/archive
 
PSE-99-01.jpg

PSE-99-02.jpg


Shit just got serious! Шпањолска може да ни позавиди. :) Ме интересира овој спомеников на Посејдон ли е? :icon_lol: Како бе не им текна на сите богови и полубогови да им направат споменици? Два моста со споменици и ни еден бог.
 
Не е заебанција. Таман, омразата кон проектот само ќе се зголеми, и разликата на анкетата исто, а они нека си прават наместени анкети од нивните „независни“ институти.

Ајде нека каже некој, зошто ќе служи ова, што би приоднело и на така веќе пренатрупаниот плоштад. Или дефинитивно сакаме да бидеме без конкуренција со најгрозен полштад во светот.
 
Не е заебанција. Таман, омразата кон проектот само ќе се зголеми, и разликата на анкетата исто, а они нека си прават наместени анкети од нивните „независни“ институти.

Ајде нека каже некој, зошто ќе служи ова, што би приоднело и на така веќе пренатрупаниот плоштад. Или дефинитивно сакаме да бидеме без конкуренција со најгрозен полштад во светот.
Заебација е најверојатно се гледа се работи за лоша фотомонтажа и е објавено на СДСМ-овски сајтови само. Мене ми изгледа на намерна дезинформација со оглед на квалитето на сликата и изворот. Типична партиска некреативна местенка.
 
:) Дури и да е така, сепак нешто ќе се гради дефинитивно, а што и да биде, непотребно е и глупо.
 
Заебација е најверојатно се гледа се работи за лоша фотомонтажа и е објавено на СДСМ-овски сајтови само. Мене ми изгледа на намерна дезинформација со оглед на квалитето на сликата и изворот. Типична партиска некреативна местенка.
http://www.build.mk/?p=25532

yeah-its-real.jpg
 
Почнаа и самите поддржувачи на проектов да не веруваат до кое дереџе почнале да забегуваат идеите :)
 
Заебација е најверојатно се гледа се работи за лоша фотомонтажа и е објавено на СДСМ-овски сајтови само. Мене ми изгледа на намерна дезинформација со оглед на квалитето на сликата и изворот. Типична партиска некреативна местенка.

Јас го мислев истото кога излегоа првичните фотографии за пиратскиот брод на Вардар, но ете се оствари и тоа чудо.
 
ЗА на тоа место има најмалку три верзии,што,дали и како ќе се гради. Ова можеби е петтата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom