Да, Скопје 2014 не се гради само за туристи, туку и за перење пари, за експеримент на крајно неискусни, лоши, анонимни, заостанати архитекти и уметници, се гради и за покажување на моќ, се гради заради исмејување на народот, се гради за понижување на народот, се гради за градење на лажен идентитет, се гради за манипулација......
Ќе доаѓат туристи само за гледање сеир, после ќе доаѓат туристи за да исмејуваат, па после нема да доаѓат воопшто, затоа што кичерајот не е веќе, кичот сам по себе не може да трае како таков, ќе се заборави..........
НО нека знаат сите дека Скопје 2014 не се гради за доброто на граѓаните, и на духовен аспект а уште помалку на материјален аспект, не се гради за уметноста, не се гради за архитектурата, не се гради за иднината, не се гради за да трае, не се гради економично, не се гради од најдобрите архитекти што ги има Македонија, не се гради во духот на Скопје........
Додека во државава се случува огромно централизирање на населението во Скопје, државата инвестира дополнително баш во Скопје, и тоа во непродуктивни работи, додека другите региони во државава се дупка, во 21 век нема вода за пиење, во 21 век луѓео уште пијат од бунари, во 21 век луѓето уште канализацијата ја решат со јами, во 21 век уште има проблеми во образованието, уште има училници каде учат по над 40 ученици......