Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Се гради ради перење пари,Дарданијо џабе ти е статистиката коа не ги разбираш работите...

Ај докажи жити мајка дека се перат пари. Најлесно е да се сере без факти и докази,сите сме експерти па и ти на 18 год. Фатете се со дарданот у коалиција и заедно на протест,блокирајте уљици. :tapp:
 
Ај докажи жити мајка дека се перат пари. Најлесно е да се сере без факти и докази,сите сме експерти па и ти на 18 год. Фатете се со дарданот у коалиција и заедно на протест,блокирајте уљици. :tapp:
250 000 евра за врба,не ми треба црно на бело за ова само 2 грама мозок и не 18 туку на 6 години ќе го сватев ова.А дека ќе протестирам мало морген,ако на вас ви е океј мене уште поише...на крај краева за Бранко ли ќе протестирам..
Па и да е така,подобро да крадат и градат,отколку само да крадат. ;)
има логика ова не викам не:)
а да не крадат нели е најбоље..
 
Дарданио,Ск 2014 не се гради само ради туристи и да ги рангираме на статистики,се гради и ради други аспекти..Ради потреба ( театар е потреба,музеј е потреба на една држава,институциите имаа потреба од нови простории за кои нема да плаќаат кирија) + ради национално жигосување на овој народ (ти не спаѓаш тука,тебе ти е тоа туѓо),разубавување,давање живост на тој дел од градот..итн. На крај на краиштата,ако се ова вреди,со тек на време туристите ќе дојдат,не чекај ти како падобранци да паднат за 2-3-5 год. треба добра туристичка промоција и време пред се. А ако не вреди самото од себе ќе продне,ќе биде промашена инвестиција.

Луксузот кошта , со 33 милиони евра можеш да изградиш бајаги голема зграда
Луксузот кошта повише него годишната кирија на сите институции.
Колку што памтам , годишните кирии на државните институциите коштаа 1,5 милион евра ?

Во ред што доби некој изглед центарот , но сето ова е претерано многу претерано :)

Што би рекол ти за грците , ако утре прочиташ вест

Грција во наредните 4 години ќе потроши 15 милјарди евра за споменици и атнички згради

За Грција 15 милјарди се колку што се за нас 300 милиона.

Ние имаме буџет од 3 милјарди долари , а они 130.

Богами ќе им се смееш , ќе речеш : колку се глупи , 25% невработеност имаат , должат на цел свет , а они 15 милјарди издвојуваат за украсување на Атина.

Италија: 110 милјарди евра за споменици и украсување
Шведска: 30 милјарди

Обединетите арапски емирати: 14 милјарди евра.

Бурџ Халифа (највисоката зграда на светот) кошташе 1,5 милјарди долари, се градеше 6 години.

Тоа што за О.А.Е е Бурџ Халифа , за нас е Стариот Театар.
Само што ние одеднаш изградивме неколку Бурџ Халифи.

Замисли арапите да изградат споменик со фонтана на Халифот/султанот , во вредност од 500 милиони евра. Што ќе речеше за арапите ?

Таман арапите престанаа со нивните светски чуда заради светската криза , излегоа нашите во 2010та и рекоа: Кај што застанаа арапите , продолжуваме ние со нашето светско чудо кое е еднакво на 1/8 од нашиот буџет, тоа е Скопје 2014.
Јаки сме.
 
ќе дојде 2015 год коа ќе треба да се враќаат кредитите што ги зимаат за плати,пензии,реклами и споменици,сеа се смееме на грција и словенија ама ние од пропадната држава у слободен пад ќе си потонеме ко никој:tapp: и кое лицемерие коа ќе спомне господинот слобода на медиуми тоа во МК:facepalm:,а тоа е главен носечки столб на демократијата
 
Странски туристи во Скопје:

2007: 95.136
2008: 113.963 (+19,7%)
2009: 107.962
2010: 110.365
2011: 125.407 (+13,6%)

Во 2008ма сме имале поголем раст на странски туристи него во 2011-та.
Во 2008ма немаше Скопје 2014.

И додека броиме странски туристи во Скопје , еве што им се случува на другите региони:

Странски туристи по региони:

-Североисточен: 2.424
-Источен: 5.667
-Вардарски: 8.539
-Полошки: 12.957
-Пелагонија: 15.085
-Југоисточен: 50.204
-Југозападен: 101.869
-Скопски: 130.726

2.424 : 130.726

Југозападниот со Охридско езеро помалку туристи.
Полошкиот регион со Шар планина и Маврово , катастрофа.

Скопскиот регион со заразна Треска и Вардар , одлично по туризам.
Кога сме веќе кај странски туристи, не знам дали се координирани со информациите Охридскиот музеј и ДЗС или Сител со ДЗС, сепак чудно.

Музејот на вода и Самоиловата тврдина со најмногу посетители

Музејот на вода и Самоиловата тврдина со најмногу посетители
Музејот на вода во Градиште, а веднаш зад него и Самоиловата тврдина се најпосетуваните места во земјава како за домашните така и за странските посетители, јави Сител телевизија.

Според податоците на охридскиот Завод и музеј Заливот на коските го посетиле 35. 440 посетители, од кои 27.064 биле возрасни, а 8.376 ученици, Самоливата тврдина 35. 297 „Куќата на Робевци“ 5 илјади додека Галеријата на икони 4. 564.
Праисториската наколна населба е неизоставен дел од понудата на туристичките водичи, но и на оние кои по свој избор сакаат да видат како некогаш се живеело во едно друго време а воедно и да уживаат во подводниот свет.
“Музеј на вода” е еден од ретките музеи од ваков вид во Европа, па поради тоа е впечатлива туристичка дестинација која раскажува за животот во Македонија и Охридско во дамнешни времиња.

____________________________________________________________________________

Многубројните кампањи за привлекување туристи по се изгледа вродуваат со плод. Факт за тоа е големиот број туристи кои можат да се забележат како индивидуално или групно го посетуваат главниот град. Според информациите на туристичките водичи од нашата престолнинанајпосетуван град е Скопје и неговите градби од проектот Скопје 2014, потоа следи Охрид, па дестинациите Кокино, Маврово Галичник и слично.
Туристите најмногу се воодушевуваат од Воинот на коњ и десетметарската фонтана. Сепак, првото место за најпосетен објект се уште го држи Спомен-куќата на Мајка Тереза, најпознатата хуманистка во светот, со потекло токму од Скопје. И покрај тоа што нема езеро, ниту пак плажи, Скопје е најпосетувана туристичка дестинација во земјата. Тоа го покажуваат и официјалните податоци од Државниот завод за статистика.Речиси секој трет турист доаѓа да го посети главниот град.

[/quote]
 
скопје 2014 чисто перење пари и билдање национализам за да се теши сиромашниот народ ако нема леб да јаде ама не го дава името и да биде среќен што е македонец друго не му треба,поддржано од манипулаторските медиуми,поставување на 100м знамиња во мк општини а у западна и чаир (n)
 
Кога сме веќе кај странски туристи, не знам дали се координирани со информациите Охридскиот музеј и ДЗС или Сител со ДЗС, сепак чудно.

Домашните туристи највеќе го посетуваат Југозапад (Охрид , Струга...)

Југозапад: 147.877
Скопски: 23.437
 
Домашните туристи највеќе го посетуваат Југозапад (Охрид , Струга...)

Југозапад: 147.877
Скопски: 23.437

Види поназад, напишано и домашни и странски.Сеедно, вака ‘од извиџење‘ немам некој впечаток дека Скопје е попосетен од странци отколку Струга и Охрид.Освен ако ги бројат и овие шо идат од ЕУ и такви слични.А 80% од Холанѓаните и Финци последните 2 години дојдени во Охрид (период април - октомври), ги носеа и на тури со преспивање низ цела Македонија (Битола, Тиквеш, Струмица, Скопје, Маврово).
 
Проектот е чиста утка,а најжално е што овие од опозицијата најавуваат дека ке рушат и пренаменуваат и поместуваат.Сега не се на власт ама како и да е за 10 години ке дојдат на власт и ајде пак народот ке го јаде,турканици,нервози и глупости
 
Дарданио,Ск 2014 не се гради само ради туристи и да ги рангираме на статистики,се гради и ради други аспекти..Ради потреба ( театар е потреба,музеј е потреба на една држава,институциите имаа потреба од нови простории за кои нема да плаќаат кирија) + ради национално жигосување на овој народ (ти не спаѓаш тука,тебе ти е тоа туѓо),разубавување,давање живост на тој дел од градот..итн. На крај на краиштата,ако се ова вреди,со тек на време туристите ќе дојдат,не чекај ти како падобранци да паднат за 2-3-5 год. треба добра туристичка промоција и време пред се. А ако не вреди самото од себе ќе продне,ќе биде промашена инвестиција.

Да, Скопје 2014 не се гради само за туристи, туку и за перење пари, за експеримент на крајно неискусни, лоши, анонимни, заостанати архитекти и уметници, се гради и за покажување на моќ, се гради заради исмејување на народот, се гради за понижување на народот, се гради за градење на лажен идентитет, се гради за манипулација......

Ќе доаѓат туристи само за гледање сеир, после ќе доаѓат туристи за да исмејуваат, па после нема да доаѓат воопшто, затоа што кичерајот не е веќе, кичот сам по себе не може да трае како таков, ќе се заборави..........

НО нека знаат сите дека Скопје 2014 не се гради за доброто на граѓаните, и на духовен аспект а уште помалку на материјален аспект, не се гради за уметноста, не се гради за архитектурата, не се гради за иднината, не се гради за да трае, не се гради економично, не се гради од најдобрите архитекти што ги има Македонија, не се гради во духот на Скопје........

Додека во државава се случува огромно централизирање на населението во Скопје, државата инвестира дополнително баш во Скопје, и тоа во непродуктивни работи, додека другите региони во државава се дупка, во 21 век нема вода за пиење, во 21 век луѓео уште пијат од бунари, во 21 век луѓето уште канализацијата ја решат со јами, во 21 век уште има проблеми во образованието, уште има училници каде учат по над 40 ученици......
 
битно пред секое дете компјутер иако одозгора кровот тече врз пц то,иако ве цето е полско иако се греат на дрва во училниците битно има пц пред секое дете
 
Oк,Ск 2014 е пералница на пари а Македонија е црна дупка на планетава..ајде хејтери сите сега задоволни можете да легнете,а темава да се затвори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom