Официјално проектот Скопје 2014 е 80 миллиони евра еве нека е и 120 милиони евра. Проектот ни примарна ни секундарна функција не му е да зголемува број на туристи, Тоа му 5-6 фунција. Прва фунција има културно значење каде што сите работи од македонската историја се истакнати, втора функција му е да ги смести државните институции во свој градби , а не како до сега милиони евра кирии да плаќаат зошто се сместени под Кирија. Така да само од заштеди на кирии проектот за 15-20 години сам ќе се исплати. Итн итн. Инаку паразитите од јавна администрација само на име на плати секој 4 месеци јадат по еден проект Скопје 2014. Толку од мене , сега засега на темава.
Убаво знаеш и ти дека кошта многу повише него 80-120 милиони.
Ако мислиш на:
-уметничките мостови (кои ќе служат за адинистрацијата која ти ја мразиш, за да истите не изгубат калории )
-спомениниците (плоштадите од лева и десна страна , кај жена парк)
-водоскоците , врбите , пливачките , палмите ...
-видиковец , сплавови ...
-факелоносеци , бикови , лавови
- и десетина други споменици и објекти.
Тогаш да , само тие украсни елементи коштаат 80-120 милиони евра.
Но кога ќе ги додадеш и:
-театар , музеј
-МНР и Архива или музеј или што беше.
-тие измеѓу нив
-милионското реновирање на мостови и згради
-итн
Тогаш проектот достигнува 300 милиони.
И зошто сето ова нетранспарентност? Зошто да немаме јас и ти пристап на информации? Да знаеме за што се трошат нашите пари.
На пример да си редиме:
- архив , музеј , суд: 33 милиони евра
- театар: 30 милиони
- МНР: 19
- градска куќа 17
- финансиска полиција: 13
- воин на коњ со фонтана: 10
- плоштад карпошово востание: 10
- водовод: 10
- м.финансии: 9
- електронски комуникации: 8,5
- порта: 4,5
- лавови 2,5
.
.
.
-врби: 0,25 милиони евра
==
Гледаш што убаво си броиме со милиони , и све е заокружено.
Да беа лично твои пари , ите како ќе ја гледаш сметката да не те украле некој денар ... дури ќе ги пцуеш за 50 дени , ама овде велиш 80-120 милиони. (демек 40 милиони се или не се)
Странски туристи во Скопје:
2007: 95.136
2008: 113.963
(+19,7%)
2009: 107.962
2010: 110.365
2011: 125.407
(+13,6%)
Во 2008ма сме имале поголем раст на странски туристи него во 2011-та.
Во 2008ма немаше Скопје 2014.
И додека броиме странски туристи во Скопје , еве што им се случува на другите региони:
Странски туристи по региони:
-Североисточен: 2.424
-Источен: 5.667
-Вардарски: 8.539
-Полошки: 12.957
-Пелагонија: 15.085
-Југоисточен: 50.204
-Југозападен: 101.869
-Скопски: 130.726
2.424 : 130.726
Југозападниот со Охридско езеро помалку туристи.
Полошкиот регион со Шар планина и Маврово , катастрофа.
Скопскиот регион со заразна Треска и Вардар , одлично по туризам.