Каде можам да доставам предлог за нов споменик на она-што-некогаш-беше-плоштад?
Мојата идеја е споменикот да биде поставен во центарот на плоштадот и да има форма на фалус издигнат нагоре. Фалусната симболика ќе биде двојна - прво: како поддршка на слоганот на Владата - „Остваруваме“, за да биде уште поплодна годината и уште повеќе да се остварува, и второ: вертикалната поставеност на споменикот би означувала поврзаност на божествениот и земниот принцип, односно би била симбол на фактот дека Бог ни го прати Пастирот наш да не избави од мракот во кој не внесе Бранко. Дополнително во подножјето на споменикот да се постават две огромни топки, кои и самите ќе бидат дел од истиот споменик, а ќе бидат симбол на храброста и издржливоста на нашиот народ, зошто овој народ е храбар, и има муда се да издржи. Плус, имам идеја да се постават сензори на споменикот, и секогаш кога некој ќе му се приближи, и кога ќе се чукне в гради два три пати, од врвот на споменикот да излегува бела течност која ќе се слева надолу, или уште подобро - ќе прска на сите страни! (ЗАБЕЛЕШКА: течноста во никој случај да не може да се конзумира, односно да не е храна, зошто кому му треба храна кога народот е сит?).