Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Подобро распаднати фасади, одшто барокен стил да се почнат да прават и во Куманово. :tapp:
Забораваш колку неасфалтирани улици се направени, па и патишта над 10км кои чинат над 1милион, а од друга страна во Скопјенцето наше главно градче имаме огради од 2 милиона? Кого ти лажеш сега бе?
Гасовод? Парно? Плоштадот? Кејот? Базенот?
А ако твојата уличка не дошла на ред, не мора тука да шириш штабски муабети со неиздржани факти. И јас одам по Партизанска, еден од најголемите булевари во Скопје, не можеш да пројдеш по тротоарот, вирови до колена па?

За Куманово да не збориш,или за Скопје?
А да за Куманово сватив.. :icon_lol: Брат ај позз,немој жити мене немој..не ме гаѓај у срце..пљиз.
 
За Куманово да не збориш,или за Скопје?
А да за Куманово сватив.. :icon_lol: Брат ај позз,немој жити мене немој..не ме гаѓај у срце..пљиз.
Па очигледно е дека немаш доволно аргументи, па наместо тоа ми праќаш поздрави. Кога е веќе така, поздрав и до тебе.
 
Па очигледно е дека немаш доволно аргументи, па наместо тоа ми праќаш поздрави. Кога е веќе така, поздрав и до тебе.

Имам ја колку сакаш аргументи,ама ти изгледа не си уопште запознаен.Премногу лаички ти е коментарот,така да незнам стварно што да ти одговорам. Ми викаш гасовод,парно(кое црно парно бе) , плоштад,кеј( кеј,кеј,кеј:icon_lol:) и базен... Многу јако нема што.За 8 годишни буџети..огромни капитални инвестиции (y) И не само мојата улица да не е стигната за асфалтирање,нема улица што е стигната. Ама ај теши се со ситници,со трошки за гулаби.
 
Ми викаш гасовод,парно(кое црно парно бе) , плоштад,кеј( кеј,кеј,кеј:icon_lol:) и базен... Многу јако нема што.За 8 годишни буџети..огромни капитални инвестиции (y)
Многу корисно мислеше?
 
Многу корисно мислеше?

8 * 28 мил. =224 мил. евра за 8 године на власт само од буџет. Стави прст на чело и размисли,колко вреди тј кеј и плоштад,ако умеш да рачунаш. Собери све што е направено и одземи ги од укупни средства. Ако укључиш мозак и размислиш поубаво има надеж за тебе. Него да не гу труемо тему,тема е за СК,не за КУ.
 
Ајде сега да ве слушнам-прочитам.
Покрај толку многу спомменици во градов,што и ги спомнувате и ви се тема за „драпање“- треба ли -нетреба ли, и слично,на пр.толку пари се потрошени,а можело за ова-она,
зошто да нема и еден споменик,или макар и само обележје-спомен плоча на овој човек кој сепак направил нешто за градов.
АМЕТ БАЈРАКТАРИ
 
дали некој денар (фазла од тие 10.000 евра) ќе биди дониран за изгорениот манасир Трескавец?, дали треба реновацијата да зависи само од донации на некои патриоти од Австралија како во случајот со Бигорски. Дали Трескавец е културно наследнсво на Македонија, кое што треба да биде резградено за нас следните поколенија, ИЛИ ПРИЛЕП НЕ Е СКОПЈЕ, ПА МАКЕДОНИЈА ДА ФРЛА ПАРИ ОД БУЏЕТОТ ЗА НЕКОЈ МАНАСТИР ВО ПРИЛЕП.
За страмота.. за што плаќаме данок, за што? да се градат фонтани во Скопје? за споменици во Скопје? ФАКИНГ ТРИУМФАЛНА КАПИЈА КОШТА 50 милиони евра, па со толку пари ќе се санираат сите културни наследства во Македонија.
СПОМЕНИК НА АМЕТ БАЈРАКТАРИ можиш да си направиш во дворот ако сакаш и од глина, ако толку ти е по кевот.

Нека горат историските манастири низ Македонија, нека гори историјата, нека се пљачкаат манастирите во Тетово, секако ВМРО прават нова историја...
Скопје најстар и најисториски град во Македонија.. Македонија е изградена врз база на Скопје.. низ другите делови на Македнија не постоел живот, таму имало селани кој работеле за Скопје... ете тоа ќе се учи во Српски и Бургарски, а и Македонски книги по 10 тина години... НЕ ОТИ ТАКА БИЛО, туку сега тоа така го прават да биди. Александар Македонски во Скопје?!?!?!?!!??!! КАКО ПО ЃАВОЛИТЕ СКОПЈЕ Е ПОВРЗАН СО АЛЕКСАНДАР
КАКО СКОПЈЕ СТАНА АНТИЧКИ ГРАД.. СО НАШИ ПАРИ СИ ИГРААТ.... можи грујо произведил нешто во животот, па да знае како се прават пари - пари кој тој си ги троши на аквапаркови, фонтани, плоштади.... па уште праќа детални инспекции во Прилеп... чисто да се увери дека народот не ги крија парите... парите кој треба да ги пратиме во Скопје па за да можи тој да си игра архитект ..... па уште нечинел требало на овој и на оној споменик да му се направело....

море мрш.. кој будала му дал власт на македончето? па цела Историја немаме власт над себеси се некој бил над нас, и сега кога треба да покажеме што сне и како сне ние се испострафме, ставаќи на власт 2 кловна ГРУЈО И БРАНКО... кои будали сне
фала чао пријатно
 
^ Муабетов изнад, ме потсeти на:
- Изградиќемо лепши и старији Дубровник! - изјава на еден од оние кои од околните планини го бомбардираа.
 
Aбе што мешате цркви,манастири,окупации,историја и слични срања со архитектурава што се гради.Па добро бе Петаре,кај да го ставиме Александар Велики,а/ Викаш не е за у Скопје..Ја викам најдобро нека биде Пела..или Вавилон или Египет? Кај ќе му одоговара да го ставиме/ Или уопште не ни треба тоа сакаш да кажеш,не е наш..Тито ни е подраг , тури го Тито,ебеш античка македонска историја... Скопје не бил антички град.. Имаш ли ти врска колку и од кој век Скопје/Скупи датира како град? Имаш ли или не?
 
ова кај да го стаиме звучи ко до сеа у гаража да седел па морало негде да се бапне.И Скупи е од времето на Рим и нема допирна точка со Александар,али како главен град на Македонија реално е таму да биде лоциран.Другите работи се со сила стаени таму и само малумен нема да свати дека е перење пари тоа.Убаво кажа,место да се грижиме да ги заштитиме старите градби градиме стара архитектура во 21 век..Луѓево ради проектов почнуваат да ја мразат својата историја, поголема катастрофа за национализмот во Македонија немало од владеењево на вмро.
 
Aбе што мешате цркви,манастири,окупации,историја и слични срања со архитектурава што се гради.Па добро бе Петаре,кај да го ставиме Александар Велики,а/ Викаш не е за у Скопје..Ја викам најдобро нека биде Пела..или Вавилон или Египет? Кај ќе му одоговара да го ставиме/ Или уопште не ни треба тоа сакаш да кажеш,не е наш..Тито ни е подраг , тури го Тито,ебеш античка македонска историја... Скопје не бил антички град.. Имаш ли ти врска колку и од кој век Скопје/Скупи датира како град? Имаш ли или не?
да да знам колку е стар Скопје како град.. сигурно столбовите на музејот покрај вардар се ископани под кале... а да како и штитовите на војниците под статуата на Александар со 14 краци биле ископани под кале.... и да откако се се ископа веќе нема што да се најди таму (под кале) сега ја градат зградата на водостопансво таму....
што ми е муабетот..пример маркови кули (во времето кога била изградена целосно била 5 та твдина по важност на балканот- после константинопол, солун, београд и драч , да не почнам да правам муабет за нејзината комплексонст и големина... уште пред скопското кале да биде целосно направено од османлиите) денес стои во рушевини... секој ден се одронуваат ѕидовите.. и тврдината се деформира.... во стибера (во времето на филип имало ковалница за пари) се копа кој каде сака.. па во поблиска околина луѓето си насадиле и ниви..
мариово - една од најстарите цркви во македонија св. Димитриј од 12 век - оргинално стои од тогаш никогаш не е рушена ниту преградувана.. денес едвај стои со дрвени потпирачи на ѕидовите колку да не падат ѕидовите...
прримери знам премногу .. барем за прилеп и мариово
*бигорски сеуште не е реконстуриран во целост, а во меѓувреме во Скопје се наполни жена-парк со споменици, а ќе се гради и аква парк.... замисли и тоа со буџетски пари..
а во меѓувреме во Прилеп во базентот изграден од Тито некогаш почнаа жаби да си живеат. но тоа не е СЕ..
низ Прилеп, низ центарот врви отворен канал - канал создаден од отпадните води од целата канализација во Прилеп.. *коритото на каналот е средено колку толку во центарот на градот.. за да си мислат странците дека уствари е мала река*.. ама проблемот е во тоа што таа река е уствари 80 проценти од канализацијата.. на вливот на канализацијацијта во таканаречената река се има создадено мало мочуриште.. да да мочуриште на 2 - 3 километри од центарот на градот.. единствено решеније на тој проблем е да се наместат цевки и да се затвотвоти коритото, но ете за тоа пари момнтално Маријан и Грујо немаат. Ама сепак во меѓувреме Маријан си ја изгради и си се премести во НОВАТА ОПШТИНА, иако зградата на старата опшина беше реновирана пред 20 тина години.
-----------------------------------
муабетот е дека ако не е во скопје или во западна македонија.. пари од буџетот тешко дека се одјвојуваат, посебно за капитални инвестиции, а не пак за некои културно - историски знаменитости -размисли за ова
------------------------------------------
сите ние го полниме буџетот... а само во скопје се инвестира на големо, и после се жалите како провинцијалците идат во Скопје? па како да не идат.


ИСЧИТАЈ ГО ЦЕЛО, А НЕ САМО ДЕЛ.
 
не те разбирам,има институции што ќе им забранат на луѓето да си ја мразат историјата?
Не, туку институции кои ќе им помогнат на луѓето да си ги излечат комплексите. Бидејќи некој проект да те натера да ја мразиш сопствената историја, не е ништо друго освен активирање на комплексите. Доколку причините се понормални е легитимно, вака стручна помош е неопходна.
 
Не, туку институции кои ќе им помогнат на луѓето да си ги излечат комплексите. Бидејќи некој проект да те натера да ја мразиш сопствената историја, не е ништо друго освен активирање на комплексите. Доколку причините се понормални е легитимно, вака стручна помош е неопходна.
јебига генерално таков народ сме толку им треба на луѓето.Место државата да работи да ја крене националната свест они ја заебуваат и кај тие што ја имале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom