Six Feet Under

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Да да нема гајле, епа само да ти кажам да бидеш спремна за финишот на сезонава, а за понатака сама ќе сфатиш :D

Само за оние што ја изгледале серијата!!!!!

Зошо правиш вакви неугодни работи во ниедно време? хаха.

п.с. изглеав епизода несакајќи. Ме врати на сите спомени. Ебате..ептен е реално, иако два пати ја иам изгледано и знам до детаљ шо ќе се деси.
 
Default like, come at me bro :D

Отвараш стари рани. Како да не стаам лајк/ми се допаѓа. Како да не прокоментирам? хаха

Да, офтопик сме ама ова е таа тема кај што поради магијата и ова е дозволено хахаха
 
нема HD од серијава
на блу реј не е извадена а од првите 3 сезони сигурно нема HDTV 720p
најдобро што можеш да најдеш од првите 3 сезони е DVD оригинал
за 4та најдов некое 720p webddl... ама не знам какво е
[edit] и на ру тракер има некое 720p webddl од 3та сезона
 
Еј тапа... Све до сеа шо сум глеал било HD, сеа ова коа го палам... тиње. Али јебига, морам така да го глеам.
 
симнав една епизода од тие web dl, одлични се.
ако се бара повеќе може има и од првите сезони...
 
Ја изгледав првата епизода. Факт е дека серијата обработува депримирачка тематика, дека е колку-толку вознемирувачка, и не би ја препорачал на некој. Далеку од тоа дека серијата не е добра и не вреди да се гледа, но ова е како благо предупредување бидејќи вакви серии се малце тешки за „варење“ :D
 
Самиот живот е вознемирувачки, но ете сепак го живееме.:)

Изгледај ја целата серија, една епизода е доволна за да видиш во што се впушташ, но е далеку од доволна за да ја добиеш целата слика. А во таа слика ќе се вклучи и препораката за да ја гледаат и другите.:)
 
Почеток на трета сезона и јазикот ќе си го голтнев...
Бренда ми стана најодвратен лик... не знам што ќе биде понатаму, ама во втора сезона тотално ме разочара...
 
Ај пред да ме исхејтате ја да кажам што мислам за серијава :D
Изгледав 2 епизоди. Првата беше така-така, ништо посебно, обично семејство со бизнис, им се дешава несреќа таткото умира, и им доаѓаат муштерии со смртни случаеви. И дадов фора на серијава со втората епизода, мислев дека ќе се деси нешто, али исто - уште толку го отупавеа, нов случај со човекот што си ја мавна главата во базенот, неколку дешавки во семејството и толку. Немам никаков поттик да ја почнам 3тата епизода. Осеќам како да иако сум ги изгледал 2те епизоди, сум заборавил све што се десило во - а уствари го имам тоа чувство бидејќо ништо се нема десено во глобала, и само го тупат.
 
Тоа е затоа што ја почнуваш веднаш после Брејкинг Бед и си навикнал на динамичност, акција и ненормални пресврти и сега тоа го очекуваш и од SFU но дејствата се одвиваат споро според "твој" критериум на моменти и досадна, ок прва сезона е се запознаваш со ликовите и се тоа ама треба да знаеш дека е поразлична драма т.е. е ИСКЛУЧИВО драма која го претставува животот на нај ебано реален начин, на моменти ќе бидеш депресивен, на моменти ќе се насмееш, ќе бидеш рамнодушен... поентата ми е дека ќе ја поминеш целата палета на емоции и ќе превртиш милион прашања низ глава во тек на следењето и после завршување на последна сцена, поедноставно мора да се гледа, заедно со ББ се врв дефинитивно.

Се сеќавате кога Нејт му рече на Дејвид " знам како одат овие работи гледам Вил и Грејс ", значи според нивна логика типов е реален лик, а знаеме дека работеше заедно со Кит како обезбедување ( финтата со blow me :pos:) , ете пронајдов една дупка да не биде баш перфектна серијата : P
 
Готово. Ќе се соземам ли некогаш?
Ја почнав на 1 јануари, а еве, веќе на на 3 февруари ја завршив. 5 години за само 1 месец. Мислам и дека 5 години ми се скратија од животот. Ама не жалам... Секој ебан лик носи нешто од секој од нас. Сите се плашиме од смртта, никој од нас не сака да остане сам, се плашиме за иднината на нашите најблиски, не сакаме другите да страдаат, сакаме да се избориме за тоа што го сакаме и сите се надеваме дека еден ден ќе успееме.
Последните три епизоди ги гледав одеднаш. Катастрофално по моето здравје. Реакцијата на Дејвид на погрбот ме собори. Мислам како секоја лопата ја фрлаа така во срце ме бодеа... И Клер кога се посегна да помогне. У пичку матер морале ли толку да го направат тешко! И не знам како ги изгледав последните 5-6 минути... Сакам да оставам мој впечаток а не можам да ги доловам вистинските зборови... Ќе ми треба време да се соберам... Никогаш не сум бил толку емоционално соборен... Како да ми умрел најблизок човек... Заеби одам да се измијам и да пробам да спијам... Дури ни за ликовите не можам да изградам мислење... се е така измешано. Среќа моја што однапред ја знаев Breathе me иначе тоа ополнително ќе ми го зачинеше доживувањето.
 
Се чутвувам ко aпостол ко зборам за серијава:) Конечно еден успешен резултат. Порака по фејсбук од едно другарче шо си го поштувам по изгледаната Six feet under, на моја препорака:

" Wooow!!! I mean... WOOOOOOOOOOOOOOW!!! Фала ти за Six Feet Under. Можеби не е најдобрата серија која што сум ја изгледал, но со сигурност е најдобриот крај на серија што сум го видел. Толку брутално направено, а сепак толку приземно нешто... Како да самата серија е смртта! Искрено, може ќе звучи малку налудничаво, но после ова имам поинакви погледи на смртта од тие кои до сега ги имав - сега како да се чувствувам поподготвено за тој ден... зошто тој ден еднаш ќе дојде, тоа е единствено нешто на овој свет кое може со сигурност од 100% да се каже. Единствен апсолут, единствена работа за која не важат теориите на релативитетот и сличните срања од тој тип. После ова, зошто би се плашел од смртта, кога и таа е само еден дел од животот? Фала ти уште еднаш за серијата, очекувам нова препорака од тебе! "
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom