јас пак ја почнав Декстер после SFU и секој момент очекувам да го залапа тој црнецот што е негов наредник
Јас дури помислив дека Кит е цајканот од Декстер....
Инаку, мислење за првата сезона: ОДЛИЧНО! Дефинитивно ги надмина моите очекувања, иако на почетокот ми делуваше малку чудна со реакцијата на Фишерови по смртта на таткото. Но, те тера да размислуваш како ти би реагирал на нивно место... И тогаш сфаќаш дека воопшто не се разликуваш од нив, и тоа е она што ја прави серијава добра. Без разлика дали е Нејт, Дејвид, Рут, Клер или Бренда, она со кое тие се соочуваат можеме да го најдеме и во својот живот, може не се, но од секого по нешто имаме! Жалам што се изглупирав и на кратко успеав да ги видам последните минути од серијата и да дознаат што ќе се случи ама не се сомнвам дека тоа може да ми го уништи целото доживување на серијата.