Six Feet Under

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
пази, СПОЈЛЕРИ!


Рут Фишер ми беше омилена. Иако имаше премногу бурни реакции за ситни работи, секогаш на крајот може некако да се оправда. Само на нејзините посебни реакции сум се потресувал најмногу... Пример нејзиното лудило кога се обидуваше да го извлече мајмунчето на Маја од зад фрижидерот во кујната, или моментот кога поминуваше покрај масичката со сликите од нејзината младост, кога децата биле мали... или моментот додека ја пееше Calling all Angels над телото на првата љубовница на Нејт... и дефинитивно моментот кога сама си зготви целосен ручек и седна сама да јаде... Буквално преку овие ситни моменти е опишан целосно нејзиниот лик. Таа е емоционално незрела. Нејзиниот брак не е воопшто успешен бидејќи во него влегува без волја. Нема никогаш почувствуано љубов и не е во можност да препознае кога некој и пружа љубов... Иако се обидува да изгради стабилен однос, тоа секогаш е без љубов... барем според мене. За себе може да смета дека умее да љуби... но тоа никогаш не го научи. Можеби веќе во последните епизоди е свесна за тој нејзин недостаток, па ја отфрла приликата повторно да биде со Џорџ... Дополнително, таа никогаш не успеала да најде време за себе си, да направи нешто што го сакала... Животот и е проста рутина без посебни отстапки. Грижа за децата, грижа за децата и грижа за децата. Постојано трчаше по нив, молејќи ги да им зготви нешто, да им угоди максимално. Дури и за својот сопствен роденден не очекуваше ништо. За неа беше обичен рутински ден без никакво значење. А децата, тоа го прифатија како нормално. Друго... по смртта на Нејт постариот, таа е во постојан страв да не остане сама. Децата растат, градат сопствен живот. Свесна е дека имаат тајни до кои пристапот и е забранет. Иако има очајнички обиди да ги задржи на едно место, да бидат повторно старите Фишерови... не успева во тоа. Смртта на Нејт дополнително ќе ја срони. Како мајка, таа ја почувствува најголемата болка од губење на роденот дете, првороденчето. Со оваа трагедија се заокружува нејзината празнина како лик. Свесна е дека старото време засекогаш е загубено и решава да се откаже од идејата да ги задржи децата околу себе. Тоа и е и најпаметната одлука во целата серија: моментот кога и вели на Клер да замине од домот и да го живее животот кој таа не го живееше. Ја моли да не ја повтори нејзината грешка.




Бренда Ченовиц. Ја обожавав во првата сезона. Ја мразев во втората. Ми беше патетична во третата. Во четвртата повторно ја “засакав“... Веќе во петтата нејзиниот лик толку се измени што глупостите од вторатa сезона целосно ги занемарив. И ова е лик што доживеа големи промени во тие 5 години. Ми се допадна што беше целосно опуштена и слободоумна. На почетокот беше целосен контраст на Рут. Ми текнува на сцените кога заедно со Нејт беше во различни погребални куќи преправајќи се дека е ужалостена жена, ќерка... дури и дека боледува од рак и прави договор за својот погреб. Дури и не можам да дефинирам дали на почетокот беше доволно отворена кон Нејт и спремна да започне сериозна врска. Ова го мислам од проста причина што не споделуваше никакви информации за себе. Голиот тип низ нејзиниот стан, премногу блискиот однос со Били, нејзините родители како нетипично семејство, Били како опсесивен манјак,... се тоа на моменти ме тераше да мислам дека Бренда, иако тоално кул лик, сепак носи некои болни моменти од своето минато. Исто како Нејт, помислив дека спие со брат и, дека ги крие “старите“ љубовници... Нејзината мајка, од друга страна, успеа да ја убеди дека има досаден живот и потребна и е промена. Таа промена, во втората сезона дефинитивно ме одалечи од неа како лик. И сеуште не можам да најдам начин да ги оправдам нејзините постапки. Очигледно е дека немаше потреба од љубов штом замина во лов на мажи. Или пак, реши да направи поделба на сексуалниот живот од животот со Нејт. Како и да е, дефинитивно глупава постапка за која, по сплет на околности, скапо плати. Друго што беше интересно за неа е односот со Били. Воошто не сакаше да ја прифати неговата болест како сериозен проблем за кој плаќа цел живот. Дури и кога го убедуваше Нејт дека нема грижа на совест поради состојбата на Били, тоа навистина не го мислеше. Токму кога започна да се расплеткува вистината околу проблемот на Били може да се види колку таа била неостварен лик. Нејзината природност и опуштеност се маска зад вистинската Бренда која поради брат и ја одбива стипенијата на Јејл, не гради стабилна врска поради инволвираноста на Били во секој нејзин однос со маж итн итн... И секако, токму во тој момент настапува мајка и убедувајќи ја колкав губитник од ќерка има. Битно е што токму таа, а не Били, е виновна што нејзината ќерка е таква каква што е... А за последиците од таквото убедување веќе кажав...
И токму кога таа ја постигнува нејината целосна зрелост, спремна да започне сериозен однос и да ги прифати последиците од своето минато... а меѓу нив и Маја, го доживеа првиот предизвик со смртта на Нејт. Токму после ова се моментите кога поставив паралела меѓу неа и Рут. Сигурен сум дека и Рут би се согласила со мене. Остана без сопруг, со 2 деца, неостварен сон,... Имаше и сцена по раѓањето на Вила кога Рут и вели на Бренда дека знае од лично искуство дека ќе и биде потребна помош. Ја моли да и дозволи да биде блиска до неа и децата со цел да ја спаси да се претвори во неа.


Кој ќе стигне до крај - браво за него. Ќе пишев и за другите ликови, но времето ми е кратко. Може моите ставови околу Нејт ќе бидат поинакви од ставовите на мнозинството кое го обожава и му се восхитува. :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
пази, СПОЈЛЕРИ!



Дејвид Фишер. Секако, јасно е дека прво за кое ќе кажам е неговата сексуална ориентација. Иако не ми беше никаква пречка уште од самиот старт, сепак ми требаше време да се навикнам на Мајкл во таа улога... после Декстер. Од октомври мислам дека ќе имам проблеми да се вратам повторно на Декстер... И интересно е што режисерот дозволи уште во самиот старт на серијата да се вметне темата за хомосексуалците без да стравува од пад на рејтингот. Уште поинтересно е што дури и најхомофобичните луѓе попуштија пред ликот на Дејвид и ја занемарија неговата сексуалност.
Дејвид еволуираше на поле на својата слобода. На самиот старт го запознавме како тотално стегнат, постојано формално облечен во црно одело,... перфекционист до лудило, лојален и целосно посветен на семејниот бизнис. Тотална разлика од брат му. На неговото лице немаше никаков израз на емоции. Дури и на погребот на сопствениот татко тој остана ладен и повлечен... Стоеше на страна како на погребот на негов рандом муштерија. Причината поради тоа најверојтно е во фактот што само тој и татко му беа заинтересирани бизнисот да остане во живот... добро... татко му не баш беше заинтересиран за бизнисот... но Дејвид и покрај сите турбулентни периоди успеа да ја задржи традицијта. После толку поминати погреби, после толку различни ислушани приказни на ожалостени семејства... во него нема место за сочувство. Утехта која ја дава е само мамец за заработка... И тоа не е за осуда, погреблниот дом за Дејвид беше сериозен бизниз кој ни Рико ни Нејт некогаш го разбраа... Моментот кога целиот негов труд е награден само со половина од семејниот бизнис е разочарувачки... Неговиот долго отсутен и крајно незаинтересиран брат Нејт ја добива другата половина и му станува партнер... Плашејќи се работие да не излезат од контрола, Дејвид го потценува Нејт... Повторно, проработува неговото чувство за перфекција кое никако не можеше да го вклопи во карактерот на Нејт. На самиот почеток и нема некој значаен однос како меѓу браќа... делуваат како странци еден на друг.
“Излегувањето од плакарот“ му беше малку вештачко... Можеби режисерот не сакал да се замара со негирањето на хомосексуалноста на Дејвид од страна на семејството па одлучил веднаш да биде прифатен (нешто што помалку е нереално... барем кај нас)... Сепак постоеше мала напнатост кога требаше да се отвори пред мајка му... Напнатоста беше поголема кај неа, бидејќи подолго време го очекуваше да и го каже тоа. Како и да е, отварањето беше голема промена за него. Го отвори како лик. Иако старите навики не ги промени, остави простор за нови. Не беше толку укочен. Започна да ги поместува рацете... пројави први гестикулации, први насмевки... работи кои во првите епизоди ги немаше. Буквално како човек кој се изборил со парализата и застанал на свои нозе... Баш тој човек сака да ги види сите работи кои парализата не му ги дозволувала... Да замине во пространства за кои само можел да сонува... Имаше момент кога се спремаше за излегува и Клер целата изнендена што конечно брат и го соблекол формалното одело му вели дека токму ваков (искрен и оворен) и е подобар. Дејвид започна да размислува како зрел маж. Има разлика меѓу неговата зрелост и периодот пред тоа. Иако надворешно ништо не може да се примети... новиот Дејвид знае конкретно што сака. Знае точно што е и не се срами тоа јавно да го искаже. Голем мотиватор на патувањето кон себеспознавањето му е Кит. Според мене не си одговараа карактерно... Кит беше помалку агресивен... Можеби, повторно, режисерот сакал токму во нивната врска да ги постави сите пречки, сите контрасти, сите проблеми... само за да покаже дека и тие може да опстанат доколку имаат некоја заедничка цел. За нас крајно несфатливно е самото тоа што тие се во врска која реално функционира и е идентична на било која хетеросексулна врска... а камо ли тоа што посвојуваат и две деца и се покажуваат како вистински родители. Врвот на нивната сериозност и причина за почит е моментот кога одлучуват да го откупат семејниот бизнис од Рико и Бренда и на тој начин да застанат како семејтво на стабилни нозе. Велам семејство бидејќи тие ги исполнува условите за да ги наречам така.
Не знаев каде погоре да го спомнам типот со црвена близа... Тој беше голема грешка за Дејвид која скапо ја плати. Соочувајќи се со смртта, Дејвид со себе го понесе стравот но и големата желба за живот (животот кој го посакува, а не оној во кој предходно се криеше). И се до самиот крај стравот ќе преовладува и ќе ја потисне цврстата желба за живот. Ќе биде кочница за секој негов почеток, причина за многу кавги... Ќе го тресе... ќе го гуши и нема да му дозволува слободно да дише. И иако ослободувањето од стравот режисерот го прикажува преку необичниот сон во кој се соочува со типот.... за мене Дејвид се ослободи во сонот покрај океанскиот брег со брат му и татко му. Иако сонот започна во главата на Нејт, вистинскиот сонувач беше Дејвид... Нејт само беше водител до неговата слобода. Дејвид ќе ја прифати желбата на Нејт брат му да биде слободен, токму како него додека се впушташе во бесните океански бранови... нешто што искрено сакаше за себе да го направи... Во следниот момент Нејт повеќе го немаше. A животот во Дејвид ќе се врати преку емотивниот крах на погребот... момент кој никого не може да го остави рамнодушен.

 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.731
Поени од реакции
34.306
Дечко, немам пцуено по форум.. ми се формираат слични нагони.
Затоа, еден збор: CLAIRE!

До кога ќе те чекам. :))))
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
пази, СПОЈЛЕРИ!



Клер Фишер. За мене беше ведрината на цела серија. Додека цело семејство тонеше во мрак и монотоност... таа ми изгледаше како светла точка. Не како карактер, туку како појава. Никогаш, ама никогаш нема од глава да ми излезе нејзиниот лик од последнат сцена на серијата... Мислам дека со неа сега ќе се изнамачам. Најтешко ми е да го опишам развојот на Клер како лик. Можеби кај сите останати има една гранка на развој... но кај неа има цело стебло на разгранување... На прв поглед не делува за многу комплексен лик, но доколку се размислува како тинејџер кој штотуку започнува карактерно да се формира... Клер има поголема комплексност од било кој лик. Дури не знам од каде да почнам... Таа беше во постојана потрага по себе си... Среќниот крај од таа потрага не го видовме во серијата, но со сигурност ја видовме првата нејзина правилна одлука после огромна низа на падови, а со последните сцени од серијата и нејзината слобода, далеку од проблемите на Фишерови.

Клер беше единствениот лик кој правилно и навремено ги канализираше своите емоции. Солзите и беа лек за сите рани. За разлика од останатите, не дозволуваше стресот, стравот, болката и тагата да останат во неа. Не оставаше простор да се сомневаме дали е повредена или е рамнодушна... Но ова не е Клер од самиот почеток. Ја запознаваме како “плашило“ кое живее во погребален дом, вози зелено префарбана погребална кола и како појава потсетува на самата смрт. Ова е Клер во очите на нејзините врсници... но и Клер во очите на Клер. На самиот почеток нивото со кое таа се ценеше себеси како личност беше очајно. Можеби озборувањата на соучениците ќе беа безвредни доколку во себе не содржеа никаква вистина, но таа навистина живееше во погребална куќа. И иако никогаш јасно не искажа дека и е мака од таквото живеење, можеше да се насети дека и е мака што е осудена на таква судбина, да се роди во семејтво со необичен бизнис. Секојдневно се соочуваше со тагата на странци, со трагичните приказни кои немаа никаква допирна точка со нејзиниот живот... Од толку трауми, нејзиниот млад дух беше потполно мртов. Од тука и оправданоста за нејзиното мрачно однесување, нејзината повлеченост, ниската самодоверба... Дури и за смртта на сопствениот татко немаше никакви реакции. Кога и Рут попушти пред болката и падна пред гробот на Нејт постариот, Клер остана целата непроменета. Ова дефинитивно би значело карактерно деформирање на Клер и несомнено со трагедијата на Фишерови во целиот период од 5 години би очекувале таа да не го најде вистинскиот пат до она што навистина го сака. За наша голема среќа режисерот не се одлучи да и додели на Клер судбина налик на онаа на Нејт... но кога некој би имал причина за умирање, тоа би била Клер. Не дека имав желба да умре, напротив... само сметав дека со нејзиниот премногу кревок крактер, слабата емоционална издржливост и преголемите и тешки семејни трагедии... самоубиството би и било решението кое таа ќе го одбере. Драго ми е што приказната не се разви во тој правец, бидејќи оној правец кој го избра режисерот треба да биде водилка за сите млади луѓе кои можеби не се во идентична состојба како Клер, но можат да се препознаат во нејзиниот карактер од самиот почеток. Дури и да се во иста, па и во полоша ситуација, секогаш има излез... само треба да се следат самите себе! Штом Клер го најде својот пат, секој може да успее.



Колку и да делува необично, таа сепак беше тинејџер, а секој тинејџер во определени граници е бунтовен, сака да експериментира, да открива нови полиња... да пронајде место во кое најдобро ќе се вклопи. Клер не бегаше воопшто од оваа дефиниција. Беше бунтовник противејќи се на одлуката на татко и за да и ги даде пaрите од наследството ако го продолжи своето образование... нешто што тогаш се косеше со нејзината замисла за животот. За неа животот беше изгубено време... Така размислуваше бидејќи не знаеше што со него. Немаше никаков мотиватор кој би го катализирал нејзиниот процес на созревање... Дури и со сопствената мајка не знаеше да биде блиска. Целината на домот на Фишерови беше таква што односите меѓу членовите на семејството беа формални, без посебни емоции... Иако Рут покажуваше иницијативи за зближување, тинејџерскиот ум на Клер не и дозволуваше да биде блиска со мајка и. Крајноста на нејзината бунтовност е осветата: Стапалото од мртовецот кое го постави во орманчето на Геб (поранешното момче) ни покажува дека прави непромислена грешка/глупост за која подоцна ужасно се кае... Надевајќи се дека ќе стане херој со тој потег, таа уште толку потонува во очите на соучениците... Сега се убеди себе си дека е чудак. Интересно за оваа ситуација е што токму од тука се запознаваме со првите падови на Клер. Првото нејзино “сексуално“ искуство ќе биде целосно понижување бидејќи за истото ќе збори целото училиште со потсмев.

Интересен е развојот на односот на Клер со Рут. Како мајка и ќерка на самиот почеток тие не се воопшто блиски. Доколку беа блиски тоа би ги нарушило формалните односи во домот. Рут нема никаква допирна точка до приватниот живот на Клер. Не знае како да и пристапи бидејќи бунтовноста на Клер ја пресекува во секој очаен обид... Најбизарна е сцената кога Рут ја бира за поволна ситуацијата кога заедно со Клер возат до мртовечницата по смртта на Нејт постариот и ја прашува Клер каков и е приватниот живот, дали се дрогира и дали има секс... Но, најмалку можеме Клер да ја обвиниме за оваа ситуација. Сцената кога Рут влегува во собата на Клер и се воодушевува од талентот на својата ќерка е само доказ колку тие две биле далечни. Живеат под ист покрив, секојдневно Рут влегува во нејзината соба... но никогаш не ги заблежала уметничките слики на нејзиниот ѕид. Сметам дека со ова се цели кон тоа дека Рут не ја разбира за сериозна уметноста. За неа образованието неможе да биде уметноста и се обидува тоа да и го наметне на Клер. И доколку Клер го прифатеше советот на мајка и никогаш немаше да го пронајде вистинкиот пат и ќе останеше истото празно девојче. Мислам дека Клер не направи ништо посебно за да ја разубеди мајка и, туку самата Рут, паѓајќи во страв да не остане сама, реши да го промени односот кон неа и да и дозволи да се запише на тоа училиште.




Кога пред малку ги спомнав падовите на Клер, не мислев само на моментот со лижењето на стапалото... Главно мислам на љубовните падови. Ништо необично за еден тинејџер. Искрено, Клер е премногу млада за да може да определи што навистина е љубов. Но, сепак си имаше некои свои размислувања... За неа секој бакнеж требаше да биде знак на љубов. Така се заљуби и во Геб после долго сожалување и сочувство со загубата на брат му и не беше свесна за неговото криминално однесување. Потоа се “заљуби“ во Расел... па дозна дека е геј и остана бремена од него... Па спиеше со момчето од крематориумот и се разочара од неговата несериозност за нивната “врска“... Бидејќи Били има посебен дел во нејзиниот живот, сметам дека ова е доволно за да се заклучи дека Клер прави невини грешки поради незрелост и огромна, огромна наивност. Премногу им веруваше на луѓето. Не оставаше простор да ги запознае луѓето пред да им дозволи да влезат во нејзиниот живот... Се отвараше пред сите, беше целосно искрена... а за возврат добиваше само понижување и разочарување. И повторно, не можам да ја обвинувам за ниту една од овие последици во нејзиниот живот. Бременоста е дното до кое успеа да падне. Најмалку се надевав дека и до тоа ќе дојде... но ете, режисерот решил Клер тотално да ја уништи, за подоцна да и дозволи како феникс да се подигне од својата пепел. И кога бара момент да ја сподели веста за бремноста со своето семејство, сите ја игнорираат... Таа нема кому да се довери, се чувствува осамено. Kога бебето повеќе го нема, никој не праша што било... никој воопшто не дозна дека таа била бремена. Само за себе, длабоко ги врежа лузните во својата меморија и ужасно се исплака на свадбата на Џорџ и Рут, држејќи ја малечката Маја при себе.
Во наредниот период Клер започна да се оддалечува од семејтвото... не толку од луѓето, колку од нивните проблеми. На некој начин стана себична бегајќи од соочување со нивната болка и бара простор посветувајќи се на себе си. За прв пат ќе доживее оргазам, ќе спие со девојка,... Првите работи за кои не се каеше и не се плашеше дека може да ја поврдат. Се почувствува за прв пат слободна... Но сеуште не си дозволуваше целосно да се ослободи.

Посебно место во нејзиниот живот има Били. Мислам каде и да го споменев погоре ќе беше вистинското место. Искрено, се сомневам дека некогаш го сакаше... Според мене повеќе го идолизираше и сакаше да биде во негова близина... Дури и причината поради која се запиша во уметничкото училиште е Били... Тој го откри нејзиниот таленент, или поточно, ја убеди Клер дека е талентирана. Нејзината несигурност и велеше дека можеби Били е совршениот за неа... Нивниот однос имаше две етапи, и двете „платонски“. Во прваа етапа Клер е „заљубеното“ девојче кое страда поради невозвратената љубов, а веќе во втората етапа работите се менуваат. Били е нестабилен и несигурен лик... На почетокот Клер не беше свесна за опасностите во кои може да западне вплеткувајќи се во неговиот живот... повторно поради невината нaивност. Но веќе на самиот крај, Клер ја најавува својата зрелост решавајќи засекогаш да го напушти Били, за својата бзбедност и за новиот среќен почеток кој сигурно ја очекуваше.



Не би пишал дека уметничкото училиште беше нејзиниот прв вистински чекор, но може да биде чекор пред вистинскиот пат. На самиот почеток Клер ни остави впечаток дека конечно се пронајде себе си. Дури и на почетокот се вклопи меѓу луѓето, нешто што не можеше да го замисли во средното училиште. Но подоцна, егоцентризмот, манипулациите и политиките со кои се соочи повторно ја разочараа и ја вратија на самиот почеток. Можеби и тоа беше дополнителна причина за нејзиниот емоционлен крах на свадбата на мајка и. Да не беше Клер способна да ги канaлизира своите емоции по вистинските патишта... до тој момент ќе полудеше. Големиот ентузијазам кој го чувствуваше на самиот почеток од новото образование со текот на времето и замре... Таа почувствува дека креативноста и била само краткотраен блесок во периодот на еден просечно талентиран уметник, ако воопшто и сакаше да се нарече уметник... Повторно се врати на периодот кога животот за неа беше само губење време.И повторно се враќа Били, и повторно кај неа се будат старите емоции. Делуваше како приказната да сврте еден круг и како да почнува од самиот почеток... Но, за среќа како и секогаш, во ситните работи се крие клучот за нешто многу значајно. Безволно се вработи во една канцеларија и го запозна Тед. Тед не беше Расел, не беше Геб, ... ниту Били... Беше просечно момче, со скромни амбиции, целосно приземјен и исклучиво емотивен. Не знам колку е паметно да се пишам дека Тед е Били за новата Клер... но несомнено тој е човекот во кој порано го гледаше Били. И овој пат не беше грешка. Од Тед научи повторно да живее, се врати на страста на животот и конечно, повторно ги разбуди амбициите за успех. Овие 3 работи ја прават целосен лик кој воопшто не потсетува на Клер од првата епизода. Тие 5 години за неа беа целоен пресвст. Во катастрофална средина, исполнета со болка, таа успева да се пронајде себе си... Го наоѓа совршениот маж и работата која и нуди нов почеток далеку од спомените на болка во домот на Фишерови.



Повторно би се навратил на последната заедничка сцена на Рут и Клер кога се целосно искрени меѓу себе. Рут е скршена поради фактот што ќе остане сама но не и дозволува на Клер да остане со неа. За прв пат Рут е сигурна во својата одлука. Бара од ќерка си да бега од тој дом, да започне нов живот... Всушност, се обидува да ја заштити од живот налик на нејзиниот. Друго што е навистина интересно, вечерата која ја органиираат за Клер е првата вистинска вечера во домот на Фишерови. Иако 2 лица на таа маса недостигаат, за прв пат се чувствува семејниот дух, кога сите се заедно, кога не се формални, кога сите маски се паднати и се искрени еден кон друг... Ако Клер понела нешто од домот со себе, тоа е сликата која треба најдобро да и биде врежана во мислите, а не фотографијата за која Нејт вели: you can't take а picture of this, it's already gonе... Она што сега сакаш да го овековечиш, веќе е минато, не потои повеќе. Животот е премногу краток за да се потроши на градење спомени.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Плус еден и плус еден :) Моите братучетки шизики конечно ја изгледаа:) Отварам фејсбук и у пораче едната казанка ми го пуштила коментарот:

" sho i da kazam ili kazeme za krajot na serijata ili uopste za celata serija e izlisno toa treba da se pocuvstvuva ednostavno mora do go gledas i da go pocuvstvuvas a koga ke go izgledas ednostavno solzite sami ti idat oti se osekas kako da si izgubil nekoj tvoj blizok, kako da ja gledas tvojata familija i prijateli kako zaminuvat pred tvoi oci... Ednostavno Moknooo, Perfekcija od serija so dopira do tebe da definitivno....vredese so ja gledav "

Е тоа е тоа :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.746
Поени од реакции
18.496
Ме инспирираше ФилМакедон со прекрасните анализи, и морав да се умешам....

Ми се пуни срце кога гледам дека други го доживеале токму тоа што јас го доживеав по крајот на серијата, (melancholic joy?) да се радуваш дека некој се топел во солзи од серија еј!? невидена иронија и нелогичност....дали треба да бидам позитивно расположен затоа што некој претрпел сличен емотивен шок како мене? т.е. да се тешам дека не сум единствен кој попил жежок шамар од серијава, или пак да се разочарам затоа што и покрај сите овие години не научивме, и дочекавме тв серија да ни биде повод за да ги отвориме очите???? или поточно за да сватиме што пропуштаме, и да се соочиме со реалноста од која толку силно сакаме да избегаме.....ама проблемот е што нема бегање!

Зошто сите плачевме? затоа што секој од нас во голем дел од случаите се гледаше себеси...себеси или своето семејство во ликовите од SFU...кратко и јасно, да толку беше реална!

Фала ти Алан Бол!! голем човеку!!!!!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Да ве еб*м ја иам симнато цела 60 гига еднаш се наканив да ја глеам изглеав 1-2-3 епизоди и ми се чинеше монотона, али ај пак ке и дадам шанса :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.731
Поени од реакции
34.306
Од понеделник планирам пак да си ја почнам од прва сезона.
Некој да ми прави друштво? :)
Поздрав!
Ne bi ja preziveal. Neznam kako na site olku ni se sviga, mislam deka treba bas pogodena atmosfera..
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.731
Поени од реакции
34.306
Како стои серијава со преводи? Сакам да и ја пуштам на мајка ми. Кул беше порано, заедно LOST гледавме.
Глупа станува ради турскиве.. :icon_lol:
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.731
Поени од реакции
34.306
http://prijevodi-online.org/serije/view/83/six-feet-under

Над сликата имаш цели сезони, за наеднаш да ги симнеш
Фала, стаено у букмаркс, незнам оти каков рип ќе ги најдам најквалитетни, па да прашам:

Да ве еб*м ја иам симнато цела 60 гига еднаш се наканив да ја глеам изглеав 1-2-3 епизоди и ми се чинеше монотона, али ај пак ке и дадам шанса :)
Од каде, што, како..?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom