Six Feet Under

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Ја препорачав на две-три другарки и рекоа дека била досадна...повеќе не ми се другарки :/ Сериозно ова. Како моеш да кажеш дека е досадно да глеаш Six Feet Under, а да се палиш на Two and a half men? :/
 
а мене па не сте ми јасни како вие не го сфаќате тоа? луѓе си сакаат да си гледат комедии, серии кај што има повеќе акција/мистерија/авантура
а не серии каде што преовладува драма

едноставно, за поголемиот дел од народот драмата е досадна и посебно кога е ептен класична драма со едно семејство... и си сакат lost, prison break, и комедииве.
 
Дајте бе кој е во можност нека му ги испржи цедињата за Иосоно. :icon_lol:
Знам дека сакаме на Breaking Bad да го навлечеме, ама кога ќе види колку музика од Radiohead има во серијава, гарант повеќе ќе се ангажира. :icon_lol:

spread the love.
 
Дајте бе кој е во можност нека му ги испржи цедињата за Иосоно. :icon_lol:
Знам дека сакаме на Breaking Bad да го навлечеме, ама кога ќе види колку музика од Radiohead има во серијава, гарант повеќе ќе се ангажира. :icon_lol:

spread the love.
За никаде си. Требаше да кажеш само Radiohead и одма ќе ми направеше Инсепшн :)
Ај, да завршам со Фринџот и ќе се нафатам. Нема гајле за пржење, имам другари од угостителство ќе се снајдам :)
 
Ја почнав и јас, реков ќе ја изгледам првата епизода па ќе легнам да спијам. Хех, стигнав до четврта, а имам време за уште една па да не цепидлачам многу ќе кажам само дека убаво ме раздрма серијава иако сум тек на почеток. Покрај одличната глума и дијалог, црниот хумор кој постојано успева да ме насмее, гледајќи ја, почнав да си поставувам суштински прашања за својот живот и неизбежната смрт која ме очекува. И сега сум малку депримиран. :eek:

Но, да не го дрвам многу, пуштам петта епизода, има останато спрајт и чипсови оти имаше лига шампиони вечер, и така.
 
ако треба, ја можам да пржам
уствари веќе иам испржено, можам да ги даам
--- надополнето: Oct 19, 2011 9:17 PM ---
И сега сум малку депримиран. :eek:
сега? :DDDDDDDDD
стрпи се xDDD
 
само да се најавам дека ја почнав

емоциите варираат од црно до бело, од хуморот кој е далеку подобар од на оној во новата сезона на 2&0,5 men па се до потресните сцени каде што се тагува, сега за сега ми се допаѓа

сега следи еден маратон и не се ни сомневам дека нема да вреди потрошеното време покрај фактот што ќе бидам ко зомби утре цел ден
 
И јас конечно ја изгледав серијава, немам зборови... По последната епизода останав да зјапам во телевизорот 15 мин. Толку добро скроена серија со неверојатни ликови до сега немам гледано. Тема на серијата е смртта и се околу неа, сите карактери се забегани, дисфункционални, но сепак многу лесно се поврзуваш со нив. Нема еден лик кој не ми остави впечаток во серијава, глумата на сите беше феноменална. До сега не сум гледал нешто што ме погодило толку емоционално, голема препорака до сите. (y)
 
И јас да се надоврзам, пред малку ја завршив, би рекол за рекордно време (за мене) со оглед на тоа дека е учебна година. И што да кажам, што??? Можеби ќе напишам кратка рецензија за серијава некогаш ама да се соземам прво, сеуште сум под огромни импресии... I guess i'll get back to you on that in 2050. :)

У...пичку...материну........... :cuc::cuc::cuc:
 
Ја изгледав пилот епизодата откако прочитав на форумов фанови на Breaking Bad и Dexter како ја препорачуваат.
Стигнав до сцената во која Michael C. Hall се лапа со ќелавиот полицаец и изгасив.
Премногу ми беше чудно да го гледам Hall, ладнокрвниот убиец, во такво издание.
Ќе пробам пак да ја гледам едно месец дена откако ќе заврши новава сезона на Декстер.
 
Ако ти кажам дека David е единствениот gay, у филм/серија за којшто сум немал апсолутни никакви предрасуди, ќе разбереше дека е лик оформен толку силно што дури и најзакоравените гледачи после неколку епизоди (гледајќи го во таква улога) преминуваат преку тоа, и подклекнуваат пред неверојатните трансформации и големината на сценаристите/дијалозите во оформувањето на серијава.

Истиот муабет го иамвме со Анон, и двајцата се согласивме дека е еден од многу ретките геј ликови којшто не ни пречел да го гледаме, едноставно гледаш од една сосема поинаква перспектива, го осеќаш близок иако е само лик од серија, и тотално забораваш за каква улога се работи, наместо да мислиш на тоа се соживуваш со неговите проблеми и му мислиш се најдобро (y) бтњ после оваа серија, тотално го сменив мислењето за овој актер....од просечен ми стана еден од омилените...

Што прави серијава еј....
 
Значи толку многу ми влезе серијата под кожа што ме натера да не чувствувам ништо на последната сцена, значи апсолутно ништо, најверојатно се навикнав и се помирив со сите пораки што ги носи серијава, е сега не знам дали ме сфаќате што сакам да кажам. Дефинитивно не сум истиот човек, не знам што друго да кажам.
 
Значи толку многу ми влезе серијата под кожа што ме натера да не чувствувам ништо на последната сцена, значи апсолутно ништо, најверојатно се навикнав и се помирив со сите пораки што ги носи серијава, е сега не знам дали ме сфаќате што сакам да кажам. Дефинитивно не сум истиот човек, не знам што друго да кажам.

Па пробувам ама не ми иде :(
 
Да се носите сите, кај ја отворив темава.... :) Се шалтам наизменично, ББ и 6 фит андер :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom