Што ви ја исцрпува енергијата?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Досадата ме исцрпува максимално, не можам да се замислам како денгубам еден цел ден кои може да се искористи за нешто попаметно, исто така ме исцрпува и неорганизираноста и мрзата која сама по себе си иде, доколку денот ми се исполнет, интересен и организиран имам енергија да направам се.
 
Школото ме исцрпува навеќе!Кога сум прва смена цела недела ми е :tapp:
 
Дефинитивно, континуираното станување рано, околу 6:30 секој работен ден. После не можам да заспијам до 3 навечер, а наредното утро треба да станам пак во истото време. Исто така седењето (дремењето) на работа, кога нема што да правам, ама буквално немам што да правам, туку само седам на стол и гледам низ просторијата како параноиден шизофреник.
 
Колку повеќе обврски имам, толку поодморено и поспособно се чуствувам. Во периоди кога имам испитна сесија, обврски дома, активности во разни организаци јас наоѓам време и енергија за се да завршам и згора на тоа да си посветам време и на себе. Презафатеноста ми ги полни батериите, се разбира ако тоа не трае премногу долго. За разлика од тоа, премногу слободно време неверојатно ме ,,празни,,.
Безделничењето и деновите поминати без да направам ниедна корисна работа ме прават страшно нервозна и колку помалку правам, толку ми е помала и желбата да започнам нешто.

Исто така енеригјата значително ми ја трошат напорни личности со кои не може да се води нормален разговор. Можеби е себично но очекувам луѓето со кои комуницирам да се прилагодат на моето расположение.Не можам да поднесам доколку јас сум сериозна некои да прави шали од ситуацијата, или пак упорно да одбива да сфати за што се обидувам да кажам.
 
Школото ме исцрпува навеќе!Кога сум прва смена цела недела ми е :tapp:


Кога малце ќе подпораснеш во животот ќе сфатиш дека школото било нешто што во суштина најмалце те исцрпувало од сите работи кои следат во животот.

Ама се со тек на време!
 
Дефинитивно испитна сесија...особено кога ќе стигнеш некаде до половина, а си учел многу за претходните испити, си се истрошил максимално и неможеш понатаму, а мораш...аххх :ojea:
 
Ми се допаѓа темава!:)
Епа вака.Постојат повеќе фактори кои честопати ми ја исцрпуваат енергијата:монотонијата пред се,нападните луѓе околу мене,полемизирањата,притисокот и брзината на живот кои општеството ги наметнува.
 
Мислите и емоциите во главно ми ја исцрпуваат енергијата.
Колку подлабоко тонаш во минатото и среќата ја бараш во идните мигови толку повеќе енергетското ниво опаѓа, токму тоа ми се случува и мене. Сега се повеќе се контролирам, а батериите ги полнам или со комплетна изолација, или напумпан рок (ова секогаш успева 100% гаранција)
 
мене ми ја исцрпува енергијата безпарицата во државата а од неа доаѓа се и тоа: љубомора меѓу народот, лицемерие, корист и злоба а тоа доведува до отуѓување на народот, недоверба едни кон други, меланхолија и монотонија, сивило, бунило...

за жал се не спопадна нас македониците, како се да се собрало тука!
 
Негативни и самобендисани луѓе...кои не бираат зборови како да ти се изнасмејат ,луге кои мислат дека се совршени и секогаш се во право ....а и ќе заборавев и луѓе кои те гнјават со нивни муабети цело време ко приказна да слушаш на која и нема крај
 
Титулата ќе ја доделам на непотполнетото време, колку повеќе непотполнето време толку повеќе исцрпувачки мисли на енергијата. Понатаму следуваат монотонијата и негативците
 
Секојдневните вести на ТВ ми ја црпат енергијата!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom