Колку повеќе обврски имам, толку поодморено и поспособно се чуствувам. Во периоди кога имам испитна сесија, обврски дома, активности во разни организаци јас наоѓам време и енергија за се да завршам и згора на тоа да си посветам време и на себе. Презафатеноста ми ги полни батериите, се разбира ако тоа не трае премногу долго. За разлика од тоа, премногу слободно време неверојатно ме ,,празни,,.
Безделничењето и деновите поминати без да направам ниедна корисна работа ме прават страшно нервозна и колку помалку правам, толку ми е помала и желбата да започнам нешто.
Исто така енеригјата значително ми ја трошат напорни личности со кои не може да се води нормален разговор. Можеби е себично но очекувам луѓето со кои комуницирам да се прилагодат на моето расположение.Не можам да поднесам доколку јас сум сериозна некои да прави шали од ситуацијата, или пак упорно да одбива да сфати за што се обидувам да кажам.