Што ви ја исцрпува енергијата?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Страшно ме исцрпуваат безволни луѓе кои зборуваат со 0.0001 на саат

и мене.. језда до негде и ја зборам ко навиен...
ама ме троши и школово пореметено занигде шо е .. ти текнуе..
исто така преголемо конзумирање на содржини од redtube.com сајтови...
 
Кога сум во опкружување на лоши луѓѓе кои содржат негативна енергија.
Исто така, нерасположени луѓе ме исцрпуваат многу.:toe:
 
мајка ми дефинитивно...сега веке не живеам со неа и имам многу повеќе енергија и сум посмирена
 
Батерии полнам кога зборам со мајка ми ме смирува и ми кажува дека не треба безпотребно да се нервирам,а ме исцрпува помислата дека девојката што ја сакам не е моја и безвезални луѓе што си гледаат само за себе и се полни со злоба :pop:
 
Досадни, празни личности преокупирани со себе само.
 
Луѓе со негативна енергија , луѓе што пишуваат на крајот од реченицата со МНОООООГу извичници , луѓе што немаат попаметна работа освен јадење гомна , намќорести луѓе , безживотни луѓе , депресивни.
 
Што ми ја исцрпува енергијата? Па меѓу другото исто што и на повеќето што се потпишале на темава.
Ликови кои се познати како енергетски вампири или психо-паразити, кои секогаш се во близина. Некои од нив за жал не можам да ги избегнам.
Ме уморува понекогаш, празното, лишено од смисла секојдневие, кое длабоко сум убеден не е само мој проблем.
Некои навики од кои не се ослободувам а чија првобитна причина и нужност одамна се изживеани.
Државава со сите апсурди и глупости во неа, со безидејноста и просташтвото, бедата (материјална и духовна) кај многумина, илузиите во кои живееме.
И можеби најмногу од се чувството дека го губам своето време (кое е неповратно) за нешта кои во некои понормални околкости не би ми паднале ни на памет.
 
да !
Во случајов може да збориме за еден поширок дел од луѓето во тн транзиција
Генерално тие се причините кој при цела свест дека се крајно нерационални (бесполезно губење и време и енергија )ама и тешко дека може некој да ги избегне .
Нели наизглед некој неупатен ќе помисли па како може вакви работи да ти исцрпуват
енергија бидејќи вистина на прв поглед нема баш некој резон тие тоа да го прават .
Арно ама тоа е од неопитност бидејќи токму спротивното а тоа е динамизмот (умерен а не стресен ) , ангажираноста и себеангажираноста со работи кој ти даваат чуство на исполнетост корисност , на рационално искористено време кое си има своја ефектуираност своја поента е вистинската формула .При таков случај се нема чуство не енергетска исцпеност а физичкиот замор нее пробелм тоа е прашање на кондиција на волја значи е обновлива , регенерирачка енергија која баш и дава убаво чуство .

Луѓе со негативна енергија , луѓе што пишуваат на крајот од реченицата со МНОООООГу извичници , луѓе што немаат попаметна работа освен јадење гомна , намќорести луѓе , безживотни луѓе , депресивни.

ова е твојот одговор во темата БЕС под ред бр 8

"Не можам да го контролирам . Најчесто кршам нешто , правам штета , тоа на некој начин ме смирува. ."
.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=47207
 
Луѓе шо се како мали бубачки и се пикаат под кожа со нивните „добронамерни“ мисли :tapp:
 
да !

ова е твојот одговор во темата БЕС под ред бр 8

"Не можам да го контролирам . Најчесто кршам нешто , правам штета , тоа на некој начин ме смирува. ."
.
Па тоа не го правам додека сум со некој , второ што беше овде негативно ? Тоа ми помага полесно да ги истурам фрустрациите , нема никаква врска со моето однесување спрема луѓето (тоа си е мое, јас си го решавам проблемот не мешам други луѓе , не ги напнувам) . Не те разбирам. Или дека имам 15 години па сакаш да ми солиш памет ?
 
Ме исцрпува седење на дрвено столче 7 часа :tapp:
 
Бумбар на СИТЕЛ!!!:vozbud::vozbud:

И оние лобосите што се јавуваат ТАЊААА ааааа Многу си Убаваа ДЕНЕЕССССС!!:pos2:

(утредента пак исто...пааак е најубава!!!).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom