Што може да ве разочара?

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување
Svasta mozat da me razocaraat, no nesto sto moze da mi dirne podlaboko e nesto ne ocekuvano od nekoja bliska i draga licnost.
Dosega mnogu retko mi se ima sluceno nekoj da me razocara taka poveke, no se desavlo nekoi drugarki.. no ne obrnuvama vnimanie posto ne mi bile bliski
 
Се што ќе ве очара кога тогаш ќе ве разочара, оти ништо не е вечно на овој свет.
 
Лаги.
Има многу работи кои би можеле да ме разочараат,но сепак,се поминува над сите нив и сите можам да ги простам,освен лагите.
Тоа неможам да го замислам.
Посебно криење на вистината,за некои стварно битни ствари.
Тоа крајно ме разочарува.
 
Јас постојано се разочарувам од се`, иако длабоко во себе знам дека сето тоа сум го очекувала. Како да не сакам да си го признаам истото или како да обожавам да живеам со надеж дека наместо разочарување, ќе бидам зезната и ќе се изненадам пријатно. Во секој случај, на крај се сведува на тоа дека постојано се разочарувам од себе. Мутава сум и никако да научам некои важни работи т.е. да не паѓам на исти глупости повеќе од еднаш! А паѓам и сигурно ќе продолжам така понатаму, иако и од сега знам на кои работи повторно ќе паднам и во што ќе се разочарам.
А без претчуство и очекување може да ме разочара нешто како - некој од моето семејство да ми каже дека не ме сака повеќе, некое од кученцата да ми избега или да ме нападне или да ми пропадне некоја добро смислена работа со многу труд од моја страна. Ништо повеќе.
 
Лаги не поднесувам никако и воопшто.Може да ме разочара личност во која сум верувала или пак сум имала една слика за истата и наеднаш се смени т.е. го смени односот према мене.Тоа страшно ме вади од кожа
Се разочарувам кога некој ќе даде збор за нешто и потоа веднаш го гази како ништо да не било т.е. не се си стои на зборот...
 
Лажење...Посебно ако е од блиска личност во која си имал голема двоерба...Едноставно боли, и веќе никогаш неможе се да биде исто
 
Лажење...Посебно ако е од блиска личност во која си имал голема двоерба...Едноставно боли, и веќе никогаш неможе се да биде исто

Истово само што освен што нема да биде повеке исто, ке бидам срекна што дали сама, дали некој друг ми ги отворил очите на време па сум се тргнала на страна, и подалеку од таква личност.
И многу ме разочарува во последно време однесувањето на луге кои сметаат дека ако удрат врз грбот на обичните смртници ке постигнат нешто, не сфакаат дека со самото тоа само прават да се зголеми повеке омразата.
 
Јас најмногу можам да се разочарам од самата себе, ако не исполнам некоја битна обврска која можела да ми го смени животот.
А од другите би се разочарала ако се покажат дволични, лицемерни (човекова особина која најмногу ме иритира и повеќе пати сум го истакнала тоа)
Од моите најблиски значи семејството, не би се разочарала, дури и да згрешат можам да им го простам тоа, а на останатите никогаш не им давам 100% доверба, секогаш оставам простор, односно мала резерва за подоцна доколку се случи разочарувањето истото да биде со помал интензитет.
 
знам и за некој навидум ситници да се разочарам, најмногу кога некој/а шо ми значи ќе напрај нешто шо никогаш не сум го очекувал ...
а како шо би рекла и девојката над мене :), некогаш и од самиот себе ко нема да исполнам некоја моја обврска
 
Се разочарувам од самата себе во одредени моменти кога мислам дека ке постигнам нешто но паѓам надоле.Се разочарувам и кога во тие одредени моменти оние што ми се најблиски ги нема,а јас сум секогаш таму за нив.Па затоа гледам да не се надевам премногу и дозволувам самата ситуација да покаже дали сум постигнала нешто,а за најблиските гледам да не го прифаќам тоа толку сериозно туку да имам мал простор во мене што опростува,но не заборава..сепак и понатаму сум покрај нив:nesum:
 
па почесто за ситници .. но сепак ВАЖНИ ситници ..
се разочарувам кога ќе дознаам нешто среќно и немам со кого да го поделам ... обично другарките не се тука со мене :(

се разочарувам и кога немам на кого да му се исплачам кога не сум баш у онаква happy форма ....

се разочарувам кога ќе постигнам нешто важно за мене, а другите ке прокоментираат за тоа како да е нешто највообичаено (тоа е особено мајка ми ... и ептен сум разочарана и повредена тогаш)


се разочарувам која некој/а другар/ка ... не е таков/таква како што сум ја замислувала (не зборам за надворешен изглед) ...


се разочарувам и кога имам некои соништа и некој ке ми ги скрши ...

се разочарувам и не ги поднесувам лагите ...
тоа е нешто што најмногу боли

и се разочарувам најчесто од сама себе ...
кога ќе си поставам некоја цел и не ја извршам или слично .. :(
 
Се имам разочарано од многу луѓе баш поради таа дволичност е тоа ме вади
од такт.
 
Моментално, интернетот. Шо ќе правам на овој дошт.

Глобално.. не, локално.. овај општо - изневерување, стварно би било ко backfire oд одредени работи. :)
 
Највише се разочарувам кога ќе дознаам дека некоја личност во која што имам доверба,која што ми значи ме излажала за нешто па макар било и ситница тоа.Исто така многу ме разочарува дволичноста кај луѓето,а сеа повеќето се такви.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom