Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа ми е следно оти веќе го прочитав Евангелие по Луцифер. Нема лош стил Кристофер, но не е ни нешто посебно, Ден Браун прави понапната атмосфера.

Иначе, моментално сум на 13 проблеми - Агата Кристи

Па искрено, не е нешто посебно Пол ама ајде...
Иначе Агата ја читав минатото лето (ги имам најпознатите романи - колекција), после бележникот ќе ја прочитам тоа што ми остана од нејзините крими романи.
 
Прочитав два дела од серијалот Самрак .. другите два чекам да ми ги дадат.
Ја прочитав и „ Бели Ноќи ‘‘ од Достоевски и не ми остави нешто посебен впечаток.
И сега ја почнувам „ Убиство со огледала ‘‘ од Агата Кристи .. се надевам ќе ми се допадне :)
 
Моменално ја читам Аугуст Шеноа - Селската буна. Историски роман за востанието на селаните во Хрватска и Словенија во 16 век. Стилот на авторот е некако тежок, премногу ликови, настани. Една недела се мачам со 40 страници. Пред да ја почнам ги прочитав Томас Ман - Смрт во Венеција и И.С Тургењев - Спроти новите дни, за само две недели. Ми оставија огромен впечаток особено втората, руски романтизам, интересно дејство, сиже. Следна книга - Алберт Ками - Паѓањето :)
 
„Кога Ниче плачеше“
Со оглед на фактот што сум до 10 страница, знам дека има прогресивно дејство низ многу убави зборови, се` е одмерено и нема ни една буква бадијала. Фабулата е за болниот Ниче и докторот кој е мајстор за психоанализа и ќе го лечи. Очекувам филозофско четиво предадено низ елегантна приказна.

Книгиште.. Моментално од Роберт Ладлам „Наследството на Скарлати“... Интересна книга, но сепак Ладлам има и подобро
 
"The Ringmaster's Daughter" од Јустејн Гордер. Човеков е одличен писател; богата фантазија, креативност и многу интересна приказна!
 
„Гол човек“ - Игор Џамбазов

Лесен стил за духовен стриптиз од вонвременски размери.
Како да сакал со книгата да ги „исплакне“ лошите година ипол бегање од коцкарски долгови. Многу искрено и бесрамно парче исповед.
 
1984 - George Orwell ја зачитав пред неколку месеци ама заради факултетот немав време да ја дочитам па сеа во слободно време ја читам.
Иначе најчесто сеа ја читам Веројатнос и статистика - Магдалена Георгиева :pop: :pop: - ќе ме умре професорката...
наредна планирам после 1984 да ја читам Степскиот Волк
 
Без збогување - Линвуд Баркли

Книгава мислам дека е врвот на семејните трилер - драми. Пишувана е во едноставен стил кој и покрај тоа доловува одлична слика за целата ситуација. Пресвртите се неверојатни и ниту малку очекувани. Книгава едноставно се чита во еден здив. Секогаш кога ќе сакате да прекинете си викате: Ај, уште една глава.

Ви ја препорачувам да ја прочитате. Нема да зажалите:)
 
Ја завршив вчера "Спутник љубов" - Харуки Мураками и ме разочара книгата...една од полошите што сум ги прочитала :)

Па ја почнав "Како да се сака"-Ошо уште полша книга веројатно нема ни да ја прочитам.

Од утре ја почнувам "А потоа..." -Гијом Мисо па ке видиме каква е :)
 
По препорака на RocknRolaa зедов да ја читам „Заговор на третото небо“ на Џ(Ѓ)улио Леони
Истрагата на убиство ја води Данте Алигиери
засега интересна ми гледа
 
почнав да го читам третиот дел од Twilight. ги прочитав првите два дела па зошто да не и третиот.
книгите се многу подобри од филмот. лесни за читање. ја читам на англиски. едноставно релаксација.

пред тоа ја прочитав книгата ,,На пат" од Џон Керуак. култна книга која зборува за бит-генерацијата и бит-движењето во 50тите во америка.
екстатична ода за живеењето. опишување на скитничкиот живот на младите во тоа време.
лесен стил, лесна за читање. сепак култна книга.
 
Само што ја почнав Царица од Шан Са. Засега ми изгледа дека е одличен историски роман.
Се зборува за единствената кинеска царица, која била родена во династијата Танг..
Ја препорачувам на сите љубители на кинеската култура и историја
 
Ја завршив вчера "Спутник љубов" - Харуки Мураками и ме разочара книгата...една од полошите што сум ги прочитала :)

Па ја почнав "Како да се сака"-Ошо уште полша книга веројатно нема ни да ја прочитам.

Од утре ја почнувам "А потоа..." -Гијом Мисо па ке видиме каква е :)

Леле нема да ти се допаѓа "А потоа". Земи ја "Затоа што те љубам" од истиот автор, препрепрекрасна книга е, немам зборови, милион пати поубава од другава.
 
"Како што сака Господ" од Николо Аманити. Фина е, ама послаба од "Не ми е страв" и "Последната Нова година". Додуша и до пола сум така да можно е впечатокот да се смени.
 
Ја симнав, a walk to remember, па би требало уште денеска да почнам да читам. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom