Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Ај прочитај го пак мојот пост и ќе видиш дека тебе никаде ти немам ништо објаснето. Ама браво, пред Херкул Поаро си успеала да сфатиш. Хах бе, ме смееш.
Ти напиша "мака ми беше што тие не сфатија". Koи се тие тие?

Сакав да кажам дека на крај не е добро објаснето, некако крајот не ми се допаѓа на книгата, зашто се е заплеткано, инаку ДА сфтаив, а Херкул Поаро е само измислен лик од романот и ништо повеќе, не ми е јасно зашто те смеам? Ти мене ме смееш со тоа што не можеш да разбереш дека сфатив. Или е премногу комплицирано па само ти успеа да разбереш? Хах...
 
Герила маркетинг, и не сум нешто воодушевен.
 
"Ќерката на чуварот на соништата" од Ким Едвардс. Бестселер е, сите ја фалат па реков ајде. Плус корицата е топ. До шееста страна сум и ок е али не ми е ништо wow, очекувам да се подобри. Сега за сега речиси и нема разговори, книгата се состои од огромни пасуси во кои се раскажуваат чувства и мисли. Ништо не се дешава. Не сум јас за вакви книги.

Денеска ја дочитав и убава е. Ќе ме расплачеше за малце. Па не е за џабе бестселер. Една од ретките драми кои ми се допаѓа.
 
Денеска ја дочитав и убава е. Ќе ме расплачеше за малце. Па не е за џабе бестселер. Една од ретките драми кои ми се допаѓа.
баш мислев да ти пишам,прочитај ја до крај;).................емотивна книга

претходната недела правев маратон Коелјо(Демонот и Госпоѓицата Прим,Вештицата од Портабело,Крај реката Педра седев и плачев)-но прекинав поради не можноста да ги најдам Вероника реши да умре/Алхемичарот..па затоа моментално ја читам Ловец-Џени Лоу.....случаен избор од библиотека,и нтересна книга,дешавката се одвива во Македонија-Велешта и се однесува за криминалните активности на одредени босови во нашата држава(трговија со оружје/бело робје) и замешаноста на странските институции во тие нелегални активности..............првпат читам ваква книга каде што ја прикажуваат сликата на криминалот во Македонија

инаку многу ме воодушеви Аферата Ван Гог-Џеври Арчер
 
„Гол човек“ од Игор Џамбазов.
До 60та страна сум, и ми се чини као добра книга..кај што Џамбазов си го отвора срцето :) .
 
,,Мојата борба‘‘ - Адолф Хитлер, стигнат сум до 200 и некоја страна! би можел да дадам некој детал, ама тоа се решив да го направам откако ќе ја прочитам цела книга, зашто уште немам дефинирано став! Само слободно можам да кажам дека според ова што го прочитав до сега, го читам нај-генијалниот мозок на сите времиња
 
„Дрво на ангелите“ - Пени Сатнер

Романчево во еден здив го прочитав денес. Ми падна од ведро небо, ми го дадоа од школо. Животна приказна на едно 11 годишно девојче од Русија, распаѓање на нејзиното семејство, последователни трауми и осаменост во животот, многу сплетки. Прекрасно! Се чита брзо, нема шанси да не се пронајдеш во некој лик. Не е лошо да се прочита (:
 
„Шиндлеровата листа“ - Томас Кенили
... да не беше книгава немаше да знам дека `крајната солуција` на фирерот пред гасните комори на концентрационите логори било испраќање на Европските Евреи на Мадагаскар! Морничави описи на случувањата во гетото на Краков, суровиот однос на капетанот Амон Гег од логорот за принудна работа Плашов, крвничките егзекуции без и најмала причина, убиствата на мали деца, жени, старци, кражбите на богатства, спалувањата на синагогите, понижување на еврејската човечност, нехуманоста на СС и многу други злодела... Од друга страна Хер дирекрот Оскар Шиндлер, светла точка на случувањата, контраст на Амон Гег, човекот кој благодарение на својата храброст работеше против системот кој му ги даде финансиите и моќта на голем индустријалец и успеа да спаси голем број на евреи од сигурна смрт. Исклучителен роман, речиси целосно базиран врз вистинински случувања, сведоштвата на Schindlerjuden (Шиндлреовите евреи) и спомените на идните генерации. Стилот е лесно разбирлив, читлив, а и преводот на Македонски е одлично сработен (што е реткост).
 
Ima edna kniga vo koja gjavolot i gospod se dogovaraat da pratat dvajca nivni luge na zemjata.Gjavolot prakja zensko a gospod mashko.Na kraj tie se zaljubuvaat.

Dali nekoj znae kako se vika ovaa kniga?Itno mi treba.
 
,,Демијан" - Херман Хесе

Животот на секој човек е пат кон самиот себе. Ниту еден човек никогаш не бил целосно самиот тој, туку секој се стреми да стане тоа - некој несвесно, некој појасно, кој како што умее. Не постои друга реалност освен онаа што ја имаме во самите себе. Затоа повеќето луѓе живеат толку нереално - бидејќи ги сметаат за реалност сликите надвор од себе, а на својот сопствен свет во себе не му дозволуваат да дојде до израз.
Задача на секој човек е да ја пронајде сопствената судбина и да ја проживее во себе, целосно и до крај. Сè друго е само обид за повлекување, бегство назад, во она што е идеално за толпата. Сè друго е приспособување и страв од сопственото внатрешно битие. Сите луѓе кои влијаеле врз развитокот на човештвото биле способни и влијателни само затоа што биле подготвени пред судбината.
Хесе дава беспоштедна критика на современата цивилизација и на гнилото граѓанско општество. Протестира против сите облици на тоталитаризмот и неуморно се залага за светскиот мир; ги отфрла сите принуди над духовната слобода, над едноставниот и креативен живот - а во сето тоа современиот читател наоѓа потврда на сопствените идеали и стремежи.
 
"Водната куќа" - Антонио Олинто

Еден град во Бразил го зафаќа поплава и една баба со ќерката и внуците патуваат за Африка во родниот град на бабата, која била донесена како робинка во Бразил. Главен лик е внуката на бабата која се мажи на 16 години во Африка со еден Англичанец. Подоцна отвора сопстевна фирма која се занимава со трговија со мебел во светски рамки...
 
Животинска фарма - Џорџ Орвел. Само можам да кажам дека ова е маестрално ремек дело и најтопло го препорачувам на сите. Брилијантна сатира. Јас сум воодушевена до максимум!
 
Животинска фарма - Џорџ Орвел. Само можам да кажам дека ова е маестрално ремек дело и најтопло го препорачувам на сите. Брилијантна сатира. Јас сум воодушевена до максимум!


Не планирам да цитирам на оваа тема, ама што да правам кога се работи за една од книгите што ме остави без зборови, секоја чест за изборот, знам дека ќе посакаш да ја прочиташ уште неколку пати, а сега од кога ја дочита земи и прочитај ја 1984, исто така ќе се воодушевиш од книгата.
 
Не планирам да цитирам на оваа тема, ама што да правам кога се работи за една од книгите што ме остави без зборови, секоја чест за изборот, знам дека ќе посакаш да ја прочиташ уште неколку пати, а сега од кога ја дочита земи и прочитај ја 1984, исто така ќе се воодушевиш од книгата.


Апсолутно, вчера ја почнав и ја завршив после откога го напишав постот и веднаш земав да ја читам 1984, книга за која имам читано многу материјали, плус имам и учено за пропаганда, а го имам гледано и филмот и стигнав до 40 страна и само ја читам, не можам да престанам, ме обзема книгата.
Џорџ Орвел е ГЕНИЈ!
 
"Најголемиот трговец на светот" - Ог Мандино.

Книгата опишува како чиракот Хафид со помош на свитоците од својот господар станува најголем трговец на светот. Со помош на нив многу луѓе низ светот се збогатиле. Многу поучна книга која ни кажува како да го направиме животот подобар и никогаш да не се откажуваме од тоа што го сакаме. Исто така е и лесно разбирлива, се чита во еден здив. Одлична книга која мора да се прочита.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom