Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Пред некое време ја прочитав Папата Јована - Дона Вулфолк Крос, а само што завршив со Невеста во Борџии - Џин Калогридис. И двете ги препорачувам, ги прочитав во еден здив.
Следна на листата ми е Девојката со тетоважа на змеј од Стиг Ларсон која ја купив пред некој ден. Чув многу добри критики за книгава, би сакала да се сложам со нив од кога ќе ја затворам. :)
 
Шиндлеровата листа, книга за Германец што спасува значителен број Евреи од Холокаустот. Според книгата е снимен филм, повеќекратен оскаровец во режија на Стивен Спилберг.

--- надополнето ---

1984 - George Orwell ја зачитав пред неколку месеци ама заради факултетот немав време да ја дочитам па сеа во слободно време ја читам.
Кај ја најде на македонски? Денес бев во Табернакул да ја барам, ја имаа на српски.
Му викам на продавачот:
- На српскииииииииии? (тужна фаца)
- Да, од бројки не се чита јазикот, ми одговори :). Цар!
 
А јас завчера бев да ја барам на англиски и ја најдов само на македонски. :) Ја има во Икона.

Патем, моментално читам роман од Јан Мекјуан, Enduring Love, или Истрајна љубов. :) Одличен и оригинален. Мекјуан е мајстор за раскажување.
 
Моментално ја читам Демијан од Херман Хесе ...а уште пет ме чекаат...инаку мислам дека Демијан е одлична книга! :)
 
Ја почнувам „ Победникот е сам ‘‘ - Пауло Коељо.
Се надевам ќе ми се допадне :)
 
Моментално читам Убиство во ориент експрес од Агата Кристи, книгата ме воодушевува, а неодамна ја прочитав и Принцезата Султана, прекрасна книга во која принцезата раскажува за своето детство, за животот во договорениот брак и за нејзината внатрешна психолошка личност. Иако е опкружена со злато дијаманти и луксуз, се чувствува бедно мизерно, без слобода, без глас, како вистински затвореник
Стварно добра книга.И јас ја прочитав неодамна но малку се разочарав пошто уште кога стигнав до пола од книгата,веќе сфатив кој е убиецот :)
 
Шиндлеровата листа, книга за Германец што спасува значителен број Евреи од Холокаустот. Според книгата е снимен филм, повеќекратен оскаровец во режија на Стивен Спилберг.

--- надополнето ---

Кај ја најде на македонски? Денес бев во Табернакул да ја барам, ја имаа на српски.
Му викам на продавачот:
- На српскииииииииии? (тужна фаца)
- Да, од бројки не се чита јазикот, ми одговори :). Цар!

На македонски ја има во издание на АЕА (ако не се лажам)... побарај.
 
Стварно добра книга.И јас ја прочитав неодамна но малку се разочарав пошто уште кога стигнав до пола од книгата,веќе сфатив кој е убиецот :)

Да, ја сфатив што е работа, ама мака ми беше што тие не сфатија и не ми се допадна многу крајот, инаку прекрасна книга
 
"Ќерката на чуварот на соништата" од Ким Едвардс. Бестселер е, сите ја фалат па реков ајде. Плус корицата е топ. До шееста страна сум и ок е али не ми е ништо wow, очекувам да се подобри. Сега за сега речиси и нема разговори, книгата се состои од огромни пасуси во кои се раскажуваат чувства и мисли. Ништо не се дешава. Не сум јас за вакви книги.

Оф да речевте дека сте го предвиделе крајот на било која друга книга од Агата Кристи (било која друга), ај да ви верувам. Али оваа книга има единствен крај, различен од сите нејзини други краеви, кој е невозможно да се предвиди. И PoisonLady, не е еден убиец во Ориент Експрес, туку повеќе се. Ете колку имаш погодено. И girl_girl, кој не сфатил кој е убиецот? Херкул Поаро? Аха, ама ти си сфатила. Браво.
 
Моментално ја читам „Кодот на Да Винчи“.Ме изненади содржината мислев дека ќе биде нешто повеќе како научна книга каде што се приложени некој откритија и факти за Да Винчи но ова е нешто многу подобро.
 
Моментално читам Фактор бивши од Андреа Семпл, до 15 та страна сум, ама сега за сега ми се допаѓа, па ќе видиме за понатаму каква е

--- надополнето ---

"Ќерката на чуварот на соништата" од Ким Едвардс. Бестселер е, сите ја фалат па реков ајде. Плус корицата е топ. До шееста страна сум и ок е али не ми е ништо wow, очекувам да се подобри. Сега за сега речиси и нема разговори, книгата се состои од огромни пасуси во кои се раскажуваат чувства и мисли. Ништо не се дешава. Не сум јас за вакви книги.

Оф да речевте дека сте го предвиделе крајот на било која друга книга од Агата Кристи (било која друга), ај да ви верувам. Али оваа книга има единствен крај, различен од сите нејзини други краеви, кој е невозможно да се предвиди. И PoisonLady, не е еден убиец во Ориент Експрес, туку повеќе се. Ете колку имаш погодено. И girl_girl, кој не сфатил кој е убиецот? Херкул Поаро? Аха, ама ти си сфатила. Браво.

Srcee, јас не реков дека предвидов уште на почетокот кој е убиецот, туку сфатив дека нема еден единствен убиец, односно дека повеќе лица (кои биле некако поврзани со жртвата и имале причина да ја убијат) во текот на ноќта влегле во купето и му задале по еден убод од нож, зашто сите убоди биле со различна јачина и од различен агол, некое со лева, некое со десна рака, а сите помеѓу себе си давале алиби еден на друг за да не бидат откриени. Го знам тоа и ти не мора да се правиш толку паметна да ми ОБЈАСНУВАШ зашто многу добро разбрав и не ми се развлекуваше да раскажувам, кој ја има прочитано ќе сфати!
 
Ај прочитај го пак мојот пост и ќе видиш дека тебе никаде ти немам ништо објаснето. Ама браво, пред Херкул Поаро си успеала да сфатиш. Хах бе, ме смееш.
Ти напиша "мака ми беше што тие не сфатија". Koи се тие тие?
 
http://amelieblog.ru/wp-content/uploads/2009/12/братьја-к-150x150.jpg
Достоевски - Братьја Карамазовы
 
Сега почнувам да ја читам "Оркански височини" од Емили Бронте. Овој е единствен роман на Емили Бронте, според кој е снимен и филм. За импресии од кога ќе ја прочитам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom