Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
"Невидливиот човек" од Херберт Џорџ Велс.
Научно фантастичен роман за еден научник, Грифин, кој дава научна претпоставка дека ако "индексот на прекршување" на еден човек се смени во потполно истиот индекс на воздухот и ако неговото тело не апсорбира или рефлектира светлина, тогаш тој ќе стане невидлив. Научникот успешно ја спроведува својата претпоставка врз себеси, но потоа тој не може да стане видлив за другите, а како резултат на тоа станува психички нестабилен.
 
"Мапа од коски" - Џејмс Ролинс. Фина е ако сте фан на овој жанр.

И јас сега брзо ја читав ... искрено мене повејќе ме бендиса Храмот на инките ... ако не си ја читал/читала побарај ја од истиот автор е.:smir:
 
„Дневник на лагите“ - М.Џ. Хајленд

Единаесетгодишно детенце е родено со голем раст, така што веќе има 185 сантиметри височина. Заради тоа е искомплексиран, сите во училиште го малтретираат, па дури и неговите родители го наговараат секојдневно да го посети докторот, иако тоа го направиле веќе милион пати.
Пасијата на ова дете е да чита Гинисови книги на рекорди. Убеден е дека ќе влезе во таа книга како што вели „не поради тоа што сум изрод, туку поради нешто многу необично и полезно“. И вистина е - ја има необичната дарба да детектира лаги. Им пишува писмо во Гинисовата книга на рекорди велејќи им дека е жив детектор за лаги.
 
„17 правила за правилен живот“ - Ог Мандино
Сега почнувам да ја читам ми ја препорачаа интересна била па ако некој ја читал може да ми каже колку е навистина интересна. Инаку наловот ме привлече и онака сакам да си ги средам мислите и да побегнам за миг од моето нетака ведро секојдневие.
 
Вистинско семејство - Тони Парсонс

Во овој роман на Тони Парсонс три семејства откриваат дека мајката природа може да биде многу сурова. Три сестри. Три пара. Две трудници. Шест мажи и жени се борат да ја доловат суштината на сексот, љубовта и семејството
 
Пред некој ден ја завршив „Фактор бивши“ од Андреа Семпл.
Релаксирачко четиво за во автобус, со интересен хумор типична Бриџит Џонс приказна.
 
Само што ја почнав "Авантурите на Артур Гордон Пим" од Едгар Алан По. Авантуристичка книга, налик на доживувањата на Робинзон Крусо.
 
Штотуку ја прочитав Зора зад аголот од Димитар Солев, следна ми е Големата вода од Живко Чинго.
 
„Stardust“ od Neil Gaiman и „Lisey`s story“ od Stephen King и двете со српски превод.
 
Добро тело - од Ив Енслер.

Дека сум така, дебелка, книгава ми е алелуја водич.
Интересно кратко четиво за комплексите, стомаците, мачителките во салоните за разубавување и слично.
 
Само шо ја довршив Вечерва и засекогаш од Нора Робертс. Уф! Ја обожавам. Во еден здив ја прочитав. Ја купив денес и почнав и не можев да ја остам, морав да ја дочитам.
 
Пред некој ден ја прочитав "Забрањено наслеџе" од Нора Робертс.
Ја читав на српски.Не знам дали ја има на македонски превод.
Но како и да е многу ми се допадна.
 
Ги читам расказите од Чехов. Павиљон бр. 6, Свршеница и Јонич. Ми остана уште Степа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom