Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Моментално ништо,ама деновиве ќе отидам до библиотека за да земам некоја за прва година.Мислам дека изборот ќе падне на „Тристан и Изолда“ и се надевам дека ќе биде интересна како што е и филмот.:pipi:

Да ми кажеш каква е и јас треба да читам лектири!!:pos2::pos2::pos2:
 
Се зезаш така?

Јас ја читам Сидарта уште од пред одмор. Лол.



Баш убава книга,ја прочитав минатиот месец,а моментално ја читам градина на мачењето од октав мирбо.
 
Ќерката на чуварот на спомените од Ким Едвардс.
Ми личеше на глупо семејно драмиче на почетокот, ама некако се навлеков :) Прикаската е типично америчка, што ме иритира, ама стилот на писателката ми фати око.
За тепање време у автобус е секако одлична.
 
Пред некој ден ја завршив „Маргарита и мајсторот“ после долго убедување дека треба да ја прочитам.Интересна тематика, крајот ми се допадна, ама во целина ... некако не ме фати.:raz:
 
Во вториот брак-Мари Луиз Фишер
 
Ќе ве замолам кога пишувате што читате не го пишувајте само авторот и името на книгата туку и нешто повеќе за неа. На пример кој жанр е, за што се работи, какви теми обработува и сл. Можеби некој ќе се заинтересира за некој наслов кога би знаел за што станува збор.

Би дошло некако како кратка рецензија, слично на темата што ја имаме во филм и тв за последен гледан филм.
 
За поклон ја добив книгата "Завештанието на Тесла" од Луис Пердју. Неколку дена се спремам да ја почнам, ама не ми останвит време. Се надевам дека денес ќе ја почнам. Дан ја имат некој прочитано?
 
Увод у Шах од Владимир Вуковиќ.
Одлична книга за почетници во шахот.
Започнува со основните поими, правила и принципи во шахот, продолжува со основни тактички принципи во средишницата и завршницата и завршува со вовед во основните отварања и отварањата кои најчесто се играат денес.
Дефинитивно не се чита брзо, а и ќе ви треба шах за да ги пробате комбинациите од книгата.
Ќе му се најде на секој што е почетник а сака да дознае нешто повеќе за шахот, иако малку е тешка за наоѓање бидејќи е од постаро издание.
 
Норвешка шума - Харуки Мураками.
Ја купив поради насловот на книгата, кој е од песна на Битлси - Norwegian Wood.
Главниот лик ја слуша песната и му се навраќаат спомените од неговите студентски години, спомените за девојката на неговиот најдобар другар, неговите пријателства.
Некаде до половина на книгата сум стигната и искрено ми се допаѓа, овие стотина страници ги прочитав во еден здив.
 
последно што прочитав беше ,,Дамата со камелии,, од Александар Дима - синот
многу трогателна приказна.дејството се одвива во франција, некаде 1945 година,така некако....
се работи за млад човек на 24 годишна возраст кој се заљубува во позната и многу убава проститутка. подоцна и таа ке се заљуби во него но нејзиниот начин и минато ке бидат огромна пречка....
тажен крај....што ми се допадна бидејки сите овие хепиенд прикаски станаа банални:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom