Што боли повеќе, психичката или физичката болка?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
На краток рок- физичката
засекогаш- психичката
 
психичка повеќе боли. од искуство
 
психичката болка бидејќи може да биде длабока и трајна, додек физичката болка кога тогаш зацелува што значи не боли трајно.
 
Јас мислам дека Младен од Долина на волците ќе ви каже најдобро.......Психофизичко пореметување има човекот.......
 
Физичката.
Неспоредлива е болката кога ќе те удрат по јајца со било која психичка "болка".
 
бла бла муда миријанови
 
Добро, физичката рана, ако не е толку сериозна како губење на рака, нога, ќе зарасне побрзо, па така и ќе заборавиме на нејзината болка.
Но што ако е болката е секојдневна? Ете, болка на срцето. Епа тогаш, ќе боли, ќе боли...Но сепак, нема ништо поболно од психичката болка.
Колку боли, колку боли кога најблискиот ќе ти каже некој збор којшто не си го очекувал од него, баш од него. Како што кажав за физичката болка, сите сме биле деца, сите сме паѓале сме кршеле колена, сме кршеле раце, се‘ тоа сме го заборавиле. Но дали сме заборавиле кога не навредил некој? Не. Сеуште не боли кога ќе се присетиме на тие болни спомени...
Може и физичката болка да биде многу болна, но психичката е незаменливо болна.
 
Се согласувам со коментарот над мене потполно.
Мене ми се случи тоа што го кажа ти(Annath)ме навредија со еден збор и ме допре до срцето и дури и ден денес не можам да го заборавам тоа.
Го допрев дното од такви разочарувања.Но сега се вракам постепено во нормала,се трудам да не мислам на тоа.И да ти кажам дека ми е преку .!. од такви кои уживаат да повредуваат и да се ситат на болката која што ја нанеле.
 
Психичката ... некој збор мојт многу појќе да болит од еден бокс.:smir:
 
Психичката дефинитивно .. Психичката има двоен ефект , иако мава на психата од таа болка страда и телото , т.е психичка болка и болести предизвикуваат психосоматски заболувања ..

Тешко се оправаш од психичка повреда .. Од физичка е лесно , треба само малце време за рехаб плус некој медикамент и ко нов си , али психичката останува во твоето сеќавање , се сеќаваш н анае секој ден , те прогонува .. Скоро и да нема лек за тоа , треба долг период да помине .. За да помине таа психичка болка , треба да го снема болното сеќавање кое ја предизвикало , а тоа многу тежко , бидејчи тоа сеќавање е направено и врежено во меморијата при силна емоција ..
 
Психичката колку време ќе те боли? Неколку месеци да речиме. Потоа ќе се навраќаш на таа болка со години, али само на моменти, па ќе те држи неколку дена. Со помин на времето ќе заборавиш. Потоа пак ќе се сетиш, па пак ќе заборавиш. Со тек на време се помалку ќе те боли.

А некој да ти ја отсече ногата што тогаш?Доживотно да бидеш инвалид. Од тој момент натака сите сакале или не ќе те гледаат со други очи. Сакале или не ќе те гледаат со сожалување, со желба да ти помогнат на било кое поле, иако не ти треба таа помош. Физичката болка не ја лечи времето. Се повеќе очајуваш. Ногата никогаш нема да си ја повратиш и никогаш нема повеќе да те гледаат со исти очи.

Не ја гледај физичката болка само како мизерно шамарче или гребнатинка.
 
Тоа не е болка , тоа е осакатување .. ако глеаш така ако некој ти свирни куршум у глаа ?

И со тоа ако некој ти е исече ногата , тоа не предизвикува психичка болка ?? Ајде ќе помине период , и болка веќе нема да осеќаш на осакатеното место , али секој дне ќе се будиш со таа реалност , тоа ќе ти ја боде психата константно .. Ќе те мавне хронична депресија , тоа ќе те уништи психички .. Замисли си сеа , некој ти го направи тоа на 21 година , и ти во количка ги лгедаш другите како трчаат среќно , шетаат среќно , едноставно стојат на две нози , можат да одат кај сакат .. А ти ? Кажи ми тогаш што ќе те боли повеќе ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom