Јок. Последнава епизода ми изгледа како неуспешна пародија, како невешта имитација на претходните. Како да е направена набрзина, како да немале ни доволно време, ни доволно инспирација. Мислам, се' и сите се тука, и 19 век го има, што е супер, ама некако остава впечаток на недовршена работа. Прилично неубедливо. И заплетот во стариот Лондон (преџвакување на одредени финти) и преминот од едно време/простор во друго и таа палатата... Само главните ликови имаат плус, на стара слава. Од втората сезона серијава си бележи пад, а долгиот период на чекање нови епизоди ќе си го направи своето.