- Член од
- 6 ноември 2014
- Мислења
- 4.646
- Поени од реакции
- 11.449
- Возраст
- 31
Главен проблем е што тие младинци секако нема да добијат шанса во Интер, а згора на се е финансискиот проблем на клубот, каде посегнуваат во уновчување на младинци со надеж да не мора да продадат некој од клучните играчи во тимот.Интер или знае да продаде младинци или прави голема глупост.
На Челзи го продадоа тој Касадеи, Касадеј, како и да му е презимето, за 15 милиони, а сега ако го изгубиле Шкриниар, ќе пуштеле уште еден младинец (слично проценет) во Аталанта за да ја намалат цената на Скалвини, добро, овој е голем талент.
Ако навистина се толку талентирани и без сериозен сениорски фудбал вредат толку, прават голема глупост што ги продаваат, но доколку направиле добра проценка дека не вредат, а успеале да им наметнат таква цена, тогаш секоја чест. Нема друг клуб што може тоа да го изведе, Милан ни за половина од тоа не би успеал да ги продаде.
Од тој во Челзи, покрија за една година на Лукаку (иако ни тие 15 милиони не знам дали се доволни), за овој другиот ако ништо друго ќе покријат половина за млад и талентиран фудбалер, но повторно ми делува погрешно. Подобро дури некој од постарите да изгубеа, отколку да се коцкаат со иднина.
По мене продажбата на Касадеи ќе биде налик Заниоло, ќе се каат што го продале, иако вториов го искинаа повреди и не верувам дека некад ќе го достигне потенцијалот, пошо и психички е лабилен и прави глупости.
А за дилот на Скалвини и Фабиан, дечкото е везњак со 5 гола и 1 асистенција за Реџина сезонава и привлекува внимание полека, ама по мене нема основа за да го проценат 20М, исто ко што и Скалвини не е 40М.




