Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Интер или знае да продаде младинци или прави голема глупост.

На Челзи го продадоа тој Касадеи, Касадеј, како и да му е презимето, за 15 милиони, а сега ако го изгубиле Шкриниар, ќе пуштеле уште еден младинец (слично проценет) во Аталанта за да ја намалат цената на Скалвини, добро, овој е голем талент.

Ако навистина се толку талентирани и без сериозен сениорски фудбал вредат толку, прават голема глупост што ги продаваат, но доколку направиле добра проценка дека не вредат, а успеале да им наметнат таква цена, тогаш секоја чест. Нема друг клуб што може тоа да го изведе, Милан ни за половина од тоа не би успеал да ги продаде.

Од тој во Челзи, покрија за една година на Лукаку (иако ни тие 15 милиони не знам дали се доволни), за овој другиот ако ништо друго ќе покријат половина за млад и талентиран фудбалер, но повторно ми делува погрешно. Подобро дури некој од постарите да изгубеа, отколку да се коцкаат со иднина.
Главен проблем е што тие младинци секако нема да добијат шанса во Интер, а згора на се е финансискиот проблем на клубот, каде посегнуваат во уновчување на младинци со надеж да не мора да продадат некој од клучните играчи во тимот.

По мене продажбата на Касадеи ќе биде налик Заниоло, ќе се каат што го продале, иако вториов го искинаа повреди и не верувам дека некад ќе го достигне потенцијалот, пошо и психички е лабилен и прави глупости.

А за дилот на Скалвини и Фабиан, дечкото е везњак со 5 гола и 1 асистенција за Реџина сезонава и привлекува внимание полека, ама по мене нема основа за да го проценат 20М, исто ко што и Скалвини не е 40М.
 
Се научија да пеглаат сметки со младинците, му успеа на Аусилио една година кога продаде 400 младинци, среќа ниеден од тие не успеа, сега за сега.
Вака што ми текнува од прва, Балотели е последен јак играч што искочил од школа на Интер. И Заниоло. Двајцата се топ фудбалери, ама немаат у главата. Еве го Димарко заигра у прв тим. Друго нема.
Абе Интер Примавера освои тоа младинска ЛШ пред 10 години, ниеден играч од тие не успеа у фудбал. Даниел Беса и Марко Ливаја се најпознати. :D

Овој Касадеи сеуште е младинец, таму и игра у Челзи. 15 милиони за дете у Корона период е чиста премија па ако сака у Тоти нека се претвори.

Не сум прочитал за овој Скалвини. Кој е у игра да биде даден у Аталанта?

Е сеа разликата од Интер и Милан е што првиве ко што викаш некако успеваат да вадат јаки цени на младинци што сеуште немаат дебитирано, другиве па си вадат нивни играчи да им играат у прв тим.
Донарума, Калабрија, Де Шиљо, еве го Побега, Кутроне, Сапонара имаше уште некои не ми текнуваат у моментов, ако ништо друго изиграле за прв тим, користеле, и после биле продадени.

Мене кај Интер ме нервира тоа што не се ни обидува да внесе младинец у прв тим. Ќе ти игра дегенерик како Гаљардини у состав, Миктаријан на 50 години ќе се враќа у форма, кој кур таму друг, ама Касадеи ќе игра за пионери, иако го бара Челзи и уште 2-3 клубови.

Има еден Карбони сеа 17 годишен, еднаш два пати доби по 5 минути, сеа месецов на пријателска со Лајпциг дал гол, ама нееееееее, ќе иде тој на позајмица у Самбенедетезе или ќе биде уклопен у пакет за некој Хоакин Кореа.
Пушти го нека трча, нека набива статистика, или ќе го продадеш за 40 или ќе си имаш топ играч у состав. Или на крај краева секогаш ќе се најдат добрите калчолигаши што ќе ти го позајмуваат доека не се пензионира.
 
Главен проблем е што тие младинци секако нема да добијат шанса во Интер, а згора на се е финансискиот проблем на клубот, каде посегнуваат во уновчување на младинци со надеж да не мора да продадат некој од клучните играчи во тимот.

По мене продажбата на Касадеи ќе биде налик Заниоло, ќе се каат што го продале, иако вториов го искинаа повреди и не верувам дека некад ќе го достигне потенцијалот, пошо и психички е лабилен и прави глупости.

А за дилот на Скалвини и Фабиан, дечкото е везњак со 5 гола и 1 асистенција за Реџина сезонава и привлекува внимание полека, ама по мене нема основа за да го проценат 20М, исто ко што и Скалвини не е 40М.

Но, ако си во минус, а Интер е во голем, до кога можеш да туркаш вака со продавање на младинци за да не отиде некој постар првотимец? Уште година, две, три максимум...

Може сега додека е паузата да пишам за финансиите (поточно загубите) на поголемите италијански клубови. Интер има повеќе од 100 милиони минус само минатата сезона, а притоа со 100 милиони заработка од трансфери. Нека имаат сега и нешто подобра финансиска година (најмногу поради ЛШ), без нови продажби Интер е повторно блиску до минус од 200 милиони. Ако Шкриниар си отиде, ќе треба замена за него, а за да се намали доста од минусот, продажбата на Дамфриз (ако му извадат како што се пишува +40 милиони, секоја чест) нема да биде доволна, ќе треба уште еден.

Уште ако и сега не стигне успех? Којзнае дали следната ќе има уште големи шанси. Зошто си фрлил се на инстант резултат?

Прв сум што напишал дека Лукаку е огромно засилување (поради повредите до сега не даде придонес), но дали вреди во ваква финансиска ситуација да играш на толку краток рок со него, без да мислиш на иднина? Сега уште го држат клубот на ниво да е конкурентен...

На крај, ќе имаш се постари фудбалери, со поголеми договори, минусот нема да го решиш, а си изгубил нешто што може да ти донесе добро за две-три години. А сега за две-три години, којзнае во каква ситуација ќе си, дури и со нов сопственик, нема ништо драстично да се смени со минусот и долговите, само прашање е како ќе ги решаваат.
Автоматски споено мислење:

Миктаријан на 50 години ќе се враќа у форма, кој кур таму друг, ама Касадеи ќе игра за пионери, иако го бара Челзи и уште 2-3 клубови.

И Миктаријан ќе заврши некаква работа, мислам дека после лошиот старт и има солидна полусезона за Интер. Таков придонес сега нема да ти даде ниту еден младинец. Но за две години тој ќе има 35 години, а Интер на него потрошено 10 милиони евра. За 14 отиде тој во Челзи. На Лукаку си потрошил скоро 20 за една сезона.

Не знам, дали ова е најдобар пример, но отсликува тоа што ми е поентата.

Интер се крпи и пресипува од шупло во празно и брка моментален успех, без да мисли ни за две години потоа.

Но, искрено и криво ми е како знаат да продадат фудбалери (на Дамфриз да му извадат 40-50 милиони?) барем тоа им е позитивно. Милан ретко на кој фудбалер профитирал, најчесто во загуба, а камоли да продаде некој анонимен.
 
Последно уредено:
И Миктаријан ќе заврши некаква работа, мислам дека после лошиот старт и има солидна полусезона за Интер. Таков придонес сега нема да ти даде ниту еден младинец. Но за две години тој ќе има 35 години, а Интер на него потрошено 10 милиони евра. За 14 отиде тој во Челзи. На Лукаку си потрошил скоро 20 за една сезона.
А зашто таа работа да не ја врши Касадеи рецимо?
Па тоа ми е поентата и на мене. Кој кур Миктаријан ебате. Никаква ќар у иднина немаш од такво нешто. Сеа јеби га, искуство ама на крај краева има милион примери у фудбалов каде 18 годишњаци се зацементируваат у прва постава у јаки клубови.

Но, искрено и криво ми е како знаат да продадат фудбалери (на Дамфриз да му извадат 40-50 милиони?) барем тоа им е позитивно. Милан ретко на кој фудбалер профитирал, најчесто во загуба, а камоли да продаде некој анонимен.
Марота мастерклас и ништо друго.
Претходно за ситници продаваа играчи, сега се вади максимум од секого. Иако пак постојат крлежи како Лазаро, Далберт што никој жив не ги сака ама за некој да купи ваков играч треба виша сила да умеша прсти.
 
Screenshot_20221224-230806_Facebook.jpg
Дури е паузата не е лошо да се прочита и научи историја.
Ова ти се фудбалските бугари, мислат дека се татари и дека Македонците се татари, а во суштина тие се Македонци. Кога тогаш ќе се вратат во јатото кај својот род и нема да има некаков си интернационален вештачки Милан.
 
Прегледај го приврзокот 360111
Дури е паузата не е лошо да се прочита и научи историја.
Ова ти се фудбалските бугари, мислат дека се татари и дека Македонците се татари, а во суштина тие се Македонци. Кога тогаш ќе се вратат во јатото кај својот род и нема да има некаков си интернационален вештачки Милан.
Во 1908 дел од играчите се одвојуваат од Милан покажувајќи дека можеш да успееш во животот тргнувајќи од ништо. :smirce:
 
Во 1908 дел од играчите се одвојуваат од Милан покажувајќи дека можеш да успееш во животот тргнувајќи од ништо. :smirce:
tocno, da stanat naj ligaviot i odvraten klub sto moze da bide na palnetata zemja
 
Во 1908 дел од играчите се одвојуваат од Милан покажувајќи дека можеш да успееш во животот тргнувајќи од ништо. :smirce:
Па види и датумот го погодиле, на 8ми март 1908 се одвоиле, сигурно намерно го избрале затоа што се чувствуваат како жени. Затоа и до ден денес ни сте комшивки, а не комшии, без разлика на полот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom